Св. Трифун или Св. Валентин?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lacrymosa, 20 јануари 2010.

?

Кој празник го празнувате?

  1. Св. Трифун

    61 глас(а)
    39,1%
  2. Св. Валентин

    27 глас(а)
    17,3%
  3. И двата

    68 глас(а)
    43,6%
  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.651
    Допаѓања:
    42.078
    Пол:
    Машки
    Порано знаевме да се собереме друштво, сингл, парови, небитно, сите на куп и да си го прославиме Св. Трифун уз винце и храна кај другарот. Како традиција ни беше да не вика кај него. Имаше желба за готвење и секогаш сакаше да спреми нешто посебно за овој ден.
    Влегуваш кај него во стан, те пречекува некоја пријатна миризба уште од врата, ги пуштил тоа пригушените светла за амбиент, некое тивко музиче си свирка во позадина од тие неговите рок љубавни песнички, масата веќе наредена... Од нас, кој земал винце, кој пиво, кој жестоко, некој земал некои кифличести кифлички, лиснати коцкички и други задоволства. Некој задолжен за чипс, мипс. Печени кикирики, топли, обавезно. Сите се собираат на маса. Се става по желба кој што пие. Розе/бело за понежниот пол, може и бунар, црвено за боемите, ракија, препеченица за нај хардкор екипата, пиво за тие што викаат: "не ми се пие некако вечерва, атер за домаќинот ќе испијам едно срчено". И сок за тој едниот што ни е црна овца.

    Муабетче се прави лабаво, се грицка од кикириките, ордеверот, од кифличeстите работи, замезуваат салата хардкор екипата. Се чека вечерата со нетрпение... Ете го другарот од таму ја носи. Некогаш некое месо со печен компир, еднаш риба печена правеше, пици, скара, стек...
    Ќе се касне, пивне, ќе се видиме, ќе се развеселиме. После секој ќе фати својот пат, дали диско, дали дома, дали на кхм, некои активности.

    Сега како се што отиде во к*рац последниве години, така и традицијава се прекина. А убаво беше. :)
     
    На Ugly Duckling и Indiegurl им се допаѓа ова.
  2. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    15.446
    Св. Трифун
     
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Св. Трифун дека е наш празник.
     
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    16.796
    Ни едниот, ни другиот. Не пијам месец дена, за другово да не зборам. Прочка следната недела ќе ми биде поеуфорична од ова денес, со лимоните и портокалите.
     
    На pinklipstick и Amellie13 им се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.786
    Допаѓања:
    8.637
    Пол:
    Машки
    Св. Трифун. Валентајн не е наш празник.