Св. Трифун или Св. Валентин?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lacrymosa, 20 јануари 2010.

?

Кој празник го празнувате?

  1. Св. Трифун

    55 глас(а)
    37,9%
  2. Св. Валентин

    26 глас(а)
    17,9%
  3. И двата

    64 глас(а)
    44,1%
  1. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    496
    А бе празник како празник, без оглед чиј е и каков е убаво е да се прослави. Сепак од секогаш сум против Св. Валентин и други празници како повод за романтична вечера или пак подарок :D Подарувам без причина и повод, секогаш таквите подароци ми се поромантични и послатки и среќа имам дечко кој се согласува со мене во тој поглед ;)
    Драги мои годинава јас ќе отстапам од моите 'принципи' и еве и јавно ќе си кажам САКАМ ШЕХРАЗАД ПЕРНИЧЕ (новитет било годинава), барем така кажаа на еден ТВ канал :lol

    п.с. Ви посакувам многу љубов, здравје, вино, внимание... Среќни празници
     
  2. Buceto

    Buceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас ке го славам и валентајн и св.Трифун.Без разлика сепак нас празник е додека Валентајн е само еден католички празник кој го празнуваат лугето во странство па и кај нас стана тоа некаква мода.Немам ништо против празникот супер е да си бидеш со личноста што ја сакаш и сите оние убави моменти да си ги споеделите на тој ден НА ВЉУБЕНИТЕ :D ...но сепак не би ни шкодело ни малце да пивнеме нешто и да му дадеме значење и на СВ.Трифун. :lol:
     
  3. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    91
    Минатата година славев Св. Валентин, ама сега не сум баш вљубена :lol: па со друштвото ќе си славиме Трифун со домашно црвено вино.А за прочка, веќе имам простено :lol:
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.479
    Допаѓања:
    44.598
    Па испадна дека ништо нема да славам ќе си бидам на работа. Е тоа е кој како си ја нареди.
     
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    свети Трифун е наш православен празник а пак свети Валентин е наметнат од католичката веро исповест
    и двата празника се весници на лубовта и двата се слават речиси под енакво како и да е среќно нека ви минат
    подарете во знак на нив нешто убаво што ќе ве исполни и самите вас поздар :D
     
  6. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    205
    jas ke si go slavam sv.trifun ke si izlezam so drustvoto i so decko mi vo nekoja kafana i taka :)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.016
    Допаѓања:
    91.295
    Сеедно,дур луѓето се среќни.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    18
    Katolicki-pravoslaven, ispravno-neispravno bla bla... ke se soglasam samo so komentarot na devojceto sto go imase navedeno primerot za Nova Godina - ja slavime po katolicki kalendar i sto ni fali? Nema potreba od tolku fama i pristrasnost pri praznuvanje na eden novoprifaten praznik koj spored mene si e bas OK. P.S. Ke gi slavam i Sv. Valentin i Sv. Trifun kombinirano :lol:
     
  9. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    390
    Св Валентин е католички празник, а ние во православието си имаме Вера,Надеж и Љубов. А Нова година ја славиме по католички календар СИТЕ, значи и муслиманите, кај кои по нивната Света книга би требало да биде 1570 година некаде (незнам точно, но знам дека многу поназад).Значи Новата година е универзално прифатен датум за цел свет, а ние православните не ја забораваме Стара Нова година (која е по Грегоријански календар)
     
  10. emzzi

    emzzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Нормално дека Св.Трифун.. :) Секој по своја желба..:)
     
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    450
    Не би ми сметало и двата да си ги прославам,празник си е празник
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.764
    Кај мене чисто технички и двата празника секогаш доаѓале в предвид. А зошто да не?! Прво вино, потоа љубов, да не знаеш од што си повеќе пијан :)

    Сепак кога некој ќе ми спомне Св. Валентин ми текнува на сите кичести плишани мечиња кои и онака после фаќаат прашина или пак никој не ги ни забележува и срцлести чоколатциња |( Комерцијала да пукнеш! Од која јас секако премногу се ежам.
    А притоа толку е убава приказната за самиот Валентин кој живеел во 3 век ако не се лажам и всушност тајно венчавал заљубени парови, бидејќи во тоа време браковите биле забранети (наводно мажите биле поуспешни во битките сингл отколку женети). И потоа го казниле Валентин и го убиле :(

    Баш тажно...кутриот Валетин починал заради една ваква прекрасна работа, а ние денес ќе пукнеме од мака што нема да знаеме што да им купиме на нашите љубени, небаре е тоа толку важно.

    Демек, my love doesn't cost a thing...yeah right :)

    Годинава сепак ќе си го славам Свети Трифун, мојата љубов кон виното е неизмерна и вечна ;)
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.470
    Нашето. ;)
    Не се раководам од помодарство, а и самата идеја за мечиња и срциња ме ужаснува до точка на :puke: .

    Можам единствено да ги примам чоколатцата, од проста причина што одат така добро со црно или црвено вино.
    Св. Трифун си е наш празник, дури би сакала да наминам покрај некое лозје, па да го поткастрам (од мала тоа ми е еден од најраните спомени), па уште таму да се залеам со убаво, домашно винце.
    Ммм :clap:
     
  14. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.023
    заљубена за св.Валентин ќе го славам Св.Трифун,па јас сум христијанка и само св.трифун е мој празник,вечера романтична со црвено чисто вино,по можност домашно,и може благичко од тие со шери колачињата,најубави ми се.... :o :o
     
  15. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    202
    Не дека нешто ептен сум љубител на Св.Валентајн, ама ете секогаш овие 2 празника ми доаѓале заедно :)


    Трендафилче, немора со мечиња и слични работи. А и доволно сме возрасни за такви работи да си купуваме, ама црвено вино, чоколатца шери, по можност од оние во форма на срце ( како што кажа ти, добро одат во комбинација со виното) и добар секс после сето тоа, секогаш пали и секогаш сум го практикувала ова. Коа ќе видиш, имаш 2 во 1 :)
     
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    488
    Ставам и Св. Трифун и Св. Валентајн и годишнина :lol: Се по ред...
    Православна христијанка сум, но ми се допаѓа тоа што Св. Валентајн полека почна да станува светски ден на љубовта. Па зошто да не го прославиме? На кого му е доста од љубов? Баш ми се симпатични оние мали гестови кои тогаш ги прават дечковците и тоа е убав повод да се искаже некому љубовта или да се започне врска - каков што беше случајот со мене :$
     
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    728
    Св.Трифун - целото семејство на едно место,сите одиме во лојзе,си палиме оган,атмосфера - 100 :)

    Св.Валентин - ден на заљубените - пошто јас не сум заљубена,нити дечко имам ... :wasntme:

    Бирам Св.Трифун - Дефинитивно ! :)
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    58.526
    Пол:
    Женски
    Ќе ги спојам во едно. Со дечко ми и другарките ќе пијам вино, а потоа со него само ќе се љубам :lol:
    Си знае тој дека не сакам глупости, подароци, мечиња со срциња, па затоа двата празника ми се совршени во едно.
     
  19. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    515
    Пол:
    Женски
    Оваа година Св. Трифун дефинитивно! Пошто сингл сум си и добро ќе ми дојде винце со другарките. 8)
     
  20. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    436
    иако ќе речам св Трифун, пак купувам подароци за дечко ми и тој за мене и на крај пак славиме св Велентин! како и повеќете од нас нели?
    иначе ние православните христијани си имаме прекрасен празник Вера Љубов и Надеж на 30 септември, баш кога ми е годишнина!
    ама нема да помине празникот без винце и без љубов (малку повеќе) секако!!!! ;)