И двата празници ќе ги славам бидејќи и сум по пиењето ( не премногу ) и сум заљубена ..некоја комбинација ќе направиме
Трифун нормално. Ова второто не е празник, и да е католички е. Ова што ќе го кажам е веќе клише ама љубовта се слави цела година, мене не ми треба некој си посебен ден. Кај сите владее некоја си еуфорија да сакаат да направат нешто посебно за партнерот тој ден и притоа се чувствува некој притисок а се губи спонтаноста. Зошто бе тоа не се направи на некој обичен ден со повод дека ви текнало на дечкото/девојката. Јас на мојот пред некој ден му реков, да не очекува ништо посебно на тој ден а тој ми рече замисли и јас ќе ти го кажев истото Подарок ќе си добие 3 дена подоцна за роденденот
Св Трифун нормално. Ужасно ми смета копирање на нешто што не е наше. Што е следно... ќе го празнуваме ли и денот на вештерките??? На 30 септември православните христијани го празнуваат празникот на Св. маченички Вера, Нада, Љубов и нивната мајка Софија. Зошто тоа да не биде наш празник на љубовта. Значи честит св.Валентин на сите католици и честит св. Трифун на сите православци.
Пааа може да се направи комбинација-св .трифун плус св.валентин-т.е. вино плус љубов да се спои,и се добива идеална комбинација
Отсекогаш сум го славела св.Трифун (најубаво ми иде пиењето на тој ден) Додела последниве 3 години и Валентајн ми е уз пат.Не дека сакам, ама ептен глупо ќе биде дечко ми секогаш ми купува подарок и не би било убаво од моја страна да си останам со празни раце
Св. Трифун и Св. Валентин заедно. Зошто да не? И љубовта и виното опиваат...пааа кога веќе почнуваме со опивање да се опиеме од двете по малку и да ги одбележиме празниците!!
Ни едното ,ни другото. Не ми треба посебен ден за да искажам љубов или па да се начукам Добро,може ако беше викенд,ќе пивнев не викам не ама Валентин не би го прославила во никој случај.
Мислам дека ни за едниот, ни за другиот празник не е потребен посебен повод или ден, но имајќи предвид како за денешната младина излегувањето во најголем процент значи „начукување“, би одбрал Валентин, за да „скршам“ монотонија.
Ни едниот ни другиот празник. Ќе го ставам на страна тоа што се христијански, и муслимани го слават, но не ми се допаѓа начинот на кој се одвиваат нештата тој ден. Премногу кич, клише плишани мечиња, лигави работи кои едноставно не се за мене. Сум за водење љубов, добро вино, кревет со рози, но никакво преувеличување на работите и чувствување обврска да се купи подарок.
Св. Трифун ! Ако мислите дека љубовта треба да се слави само еден ден и тогаш ајде поклони и слични лигавења демек колку се сакаме е тотално погрешно
Се согласувам потполно дека ни за едното ни за другото не е потребен повод, не треба да постои само еден ден кога ќе се покажува љубовта на пример... Тоа ми е многу погрешно. Инаку, сум за симболично одбележување на овие празници, пиење убаво вино, купување нешто на партнерот, но никако не сум за преувеличување и лигавење.
Се согласувам со предходните постови. Не се покажува љубов само еден ден во годината. Целата таа еуфорија за Валентајн ми е бесмислена. Што е со останатите 355дена во годината? Тогаш не се сакаме ? Нема потреба да дојде Валентај за да идеме со дечко ми на романтична вечера или нешто слично... Дефинитивно попрво би го одбележила св.Трифун како христијански празник