Св. Трифун Искрено пренафурано ми е сето во врска со Св Валентајн... и ако веќе ние православните, сакаме да го славиме денот на вљубените тука е 30-ти септември Вера Нада и Љубов.... Наздравје за сите што го слават Св Трифун
Ни едно ни друго. Љубовта не се покажува само еден ден и тоа преку плишани мечиња. А за вино, вино можеш било кој ден да се напиеш за било кој повод
И двете. Св. Трифун како наш, православен, христијански празник, а Валентин онака да се порадувам на некоја чоколада од мама и тато. *форевералоунсмајли* Па како и да е, и Св. Валентин бил маченик. Спојлер Ја славел љубовта и бракот на територија каде што тоа не било дозволено од императорот, кој мажите ги земал само за војување. Венчавал во строга тајност и кога бил откриен бил и убиен. Денот на неговата смрт се слави како денот на љубовта скоро во целиот свет.
Св.Валентин е католички, јас сум Христијанка за мене денот на зањубените е Љубов,Вера и Нада а Св.Трифум уште помалку не го слава, не сум љубител на алкохолот
Св. Валентин никогаш не сум славела, иако од католички празник полека прераснува во светски ден на љубовта. А како голем љубител на вино, Св. Трифун не го испуштам
Трифун, затоа што не дискриминира Ај прославувај Валентајн сингл нече мочи. Виното е секогаш добро друштво, а до непочитувачите на црвени мечки и клишеа, кои подаруваат љубов без повод, поздрав... Спојлер
Св.Трифун го почитувам затоа што е православен христијански празник.А не го славам ни едниот,ни другиот.Прва работа не пијам затоа што сум сеуште мала за алхохол,а за Валентин ќе кажам само дека еден ден во годината не се дарува љубов,јас љубов дарувам 365 дена.
СВ.Трифун (православен)е и убаво е да се испие чаша добро вино,а подароци многу сакам за СВ.Валентин оваа година на мојот сопруг му нарачав еден пар чевли во кој се вљубив на прв поглед
Јас ги славам и Св.Трифун и Св. Валентин, само не знам оваа година што да му подарам на дечко ми.. Претходниот пат му купив ламба со срце, а пред тоа рамка со наша слика.. И сега се мислам, да купам едно убаво плико и внатре да ставам празен лист и кога ќе ме праша зашто е празен листот ќе му кажам дека е така затоа што не постојат зборови со кои можам да ги опишам чувствата кон него и чувството на среќа кое ми го пружи.. Што мислите вие? Јас мислам дека сепак ќе биде подарок од срце.
Повеќе го сакам св.Валентин (се надевам на подароче) Маж ми си го слави Св.Трифун (иако јас му го одржавам лозјето)
И двата празника се посебни на свој начин, али повеќе го почитувам јас Св. Трифун сепак православен празник е. Инаку бидејќи на мене ми е куќна слава денот после Трифун, јас дома сум цел ден со гости, на некој начин си славам и Трифун со винцето А љубов секој ден се подарува, така да за мене Св. Валентин и нема некое големо значење...
Ги почитувам двата, сепак христијани сме тие што сме. Е сега за нас православните е Св. Трифун, за католиците пак Св. Валентин. Св. Трифун од причина што е православен, и затоа што пијаниците можат да се сплотат повеќе од било кога на овој ден и заедно да се опијат до максимум и да биде што биде макар и да не се познаваат, смешки А и поради уште една причина ми е драг празник. Св. Валентин пак, денот на вљубените. На овој ден заљубените можат да се радуваат и тоа како, поклончиња ова-она, а оние кои се сингл и слично така да го прослават Св. Трифун и на сметка на вториов Не им придавам баш значење на овие два празници, ама сепак ќе добијам подарок нели, па треба и да купам нешто ете така, за да се дарува, интересно е. Не сметам дека е потребно потресување околу ова, интересно е и вака и така, јас двата ќе ги прославам на некој начин
Јас ќе си пијам винце со љубовта Не го славам св.Валентин, ете лани со дечко ми се договоривме да не го славиме и да не купуваме ништо. Се собравме со друштво и преубаво си поминавме. А поклончиња и такви работи ми се подраги кога се дадени на некој обичен ден. Така да, по се изгледа годинава пак св. Трифун ќе си го славам