Сепак Свети Трифун е православен празник, и тој ке си го празнувам, Св. Валентин е католички. А и повеќе ми одговара да си седнам да се напијам винце одколку да купувам црвени мечиња(малку сум стара за тоа) како и да е кој празник да го празнувате најбитно е убаво да си помините
Јас си сакам и двата во една комбинација да си ги прославам ама дечко ми што нема еден осет за романтики на Валентајн тоа е друга ствар... Многу веројатно е дека ќе го прославиме Трифунчо, малку да се згрееме со винце... Мада јас сепак, ќе му однесам скормно поклонче...
Мој празник е Св. Трифун. Православен празник. Но, католичкиот празник Св. Валентин има големо влијание во светот. Стана универзален. Па затоа и него го славам. Подароче, винце, денот обележан. А инаку нашиот ден на вљубенитe, на вербата и надежта е на 30ти септември, но многу малку му се дава значење, зошто така не знам.. многу и дури не знаат дека баш тој ден е празникот наш на љубовта.
Комбинација од љубов и вино - добитна. Само не треба да се чека до 14 Февруари, може и побрза реализација.
Според мене секој празнува тоа што сака. Од една страна Св.Трифун е православен празник, а Св.Валентин католички, така да нормално е ние христијаните да го празнуваме нашиот, но од друга страна, Денот на Вљубените го славиме поради неговото значење, бидејќи немаме конкретен празник. И нормално секој ден треба да ни биде Љубовден . Во списание пред неколку години имаше прекрасен натпис што мислам дека добро би дошол за прославување на денот: "Опиени од Љубов и од добра капка!"
Каков Валентин бре, Трифун си е Трифун Не, се сложувам со погоре кажаната мисла - Опиени од љубов и од добра капка, ама Трифун си е наша традиција. Од друга страна, па, се сложувам и дека Валентин го славиме како ден на вљубените, иако не е наша традиција. Ама јас многу многу не се потресувам. Ако сака дечко ми да ме изненади, ќе ме изненади било кој ден, ако сака да ме сака - ќе ме сака секој ден И така, јас го бирам Трифун опиена од добра капка црвено вино
Имаме конкретен православен празник на љубовта. Вера, Надеж и Љубов. Но сепак, скоро сите ние, на 14 фебруари го посветуваме целиот ден на љубовта. Жално е тоа што православниот ден, можеби се спомнува не некоја утринска програма и толку. Ништо посебно. Во секој случај сколоп од љубов и вино... има нешто подбро ?
Св. Трифун дефинитивно... Како што кажа Nati.P ако сака дечкото да ме изненади ќе ме изненади било кој ден а не на католички празник...Сепак сме православни
И двата со дечко ми ќе си купиме некое поклонче он на мене јас на него или некое изнадување , а после тоа ноќта со пријателите со го славиме св.Трифун со вино нормално.
Св.Валентин може да биде секој ден. Св.Трифун е само еден ден во годината! И двајцата ќе си пивнеме по некоја чашка винце, во пријатна атмосфера. А за подароци и изненадување, некој друг ден...
И двата. Св. Трифун го славам зашто е православен празник, а со дечко ми го славиме Св. Валентин! И двата си ги сакам јас!