Како христијанка си го славам Св.Трифун Се верува дека ако на овој ден падне снег годината ке биде родна,ако е ведро годината ке биде сушна и неродна исто така тој е заштитник на градот котор и го слават и католици и христијани
као ко ќе си сингл шема е трифун да го одбериш ко ќе си фатиш дечко сета претходна филозофија пу пу не важи ај валентин. ни то ни то.
Мене лично не ми менува многу подарокот на 14ти , Валентин..ако се сакаме , се сакаме секој ден.Инаку доколку имаш некој на Валентин чоколада , винце , лотс оф лоооффффффф , бакнежи , прегратки.Ако не чоколадо , вино , пријатели , забава.
Ништо, ни едното ни другото не ми е важно Ионака немам со кој да славам. А за пиење вино едноставно то можи да се напрај секој викенд
Хаха, двата, со цело друштво ќе се слави повод секогаш може да се најде за славење, било или не било празник
Ма каков валентајн бе шутраци едни,што не слават американците Крстовден се шалам,неам ништо против,ама јас ќе си го славам Трифун
Малолетна сум за да се поднапијам, single сум за Валентин, па мислам дека ќе уживам во едноставноста на денот!
За мене секој ден е Валентин ако не сум скарана со дечкото, а кога ми се пие пијам, не чекам Трифун да дојде. Оваа година ќе правам комбинација, за подарок се договоривме. Ќе нема ни срциња ни мечиња, само нешто што би сакале да го имаме веќе подолго време.
Кој си има дечко валентин, кој немат Трифун...ххх Не шала на страна на Трифун му давам предност, Валентинов ми се патетики живи...
Св.Трифун му давам предност наш македонски прзник,а и во фамилија си имаме именден Трајче. Во Штип слават на Трајчевци именден незнам како е по другите градови.
Св. Трифун Ништо од Валентајнот, ем сум сингле (од вчера), ем ми е патетичен денов/празников. На бившиот освен кавга и причина за кавга не му текнуваше ништо, а не па да му текне за подарок на Валентајн или па да го прославиме хух, колку невозможно Сакам да го израдувам момчето во обичен ден, кога не е ништо, јас да го направам денот да му биде Валентајн и обратно. Друга причина, си имаме ние празник за љубов, Валентајнов ми е фалбаџиска работа, утре ни на фб не се уклучувам. Мечки, ружи, свеќници, чаши, маици, дуксери, веч видено. П.С. Купувам флаша квалитетно црвено вино и дома сама со куп свеќи и Dido на репертоар! Ќеифови ќе си терам