Ни тоа ни тоа. Уште не можам да пијам црно тиквешко ни па да имам дечко. Отприлика за 5 години на 13.02 вака ќе му викам на дечкото „Ој бе брат напиј се за душа, неам пари за поклон“. У секоја шала има пола вистина. Да, од кај ќе му копам пари стрикно за 14 за му купувам. Пф. Ќе му дадам ја на 16 март(лупам), поклон. Трифун го мачиле знам, а Валентин?
Св. Трифун дефинитво го славам од секогаш. Би го славела и Св. Валентин ама кога сум single подобро е само Св. Трифун.
Ако прашуваш за Валентин зошто го слават Католиците.Јас мислам дека Св. Валентин бил свештеник кој тајно венчавал,а тогаш имале забраната од кралот Клаудиј Втори да венчава војници.Исто така тој бил затворен во ќелија каде што го поминува остатокот од неговиот живот.Е сега имам слушанто и нешто дека,наводно Валентин и напишал на ќерката од некој од стражарите во затворот,бидејќи се вљубил во неа и некое љубовно писменце во случајов му иде како картичка. Па затоа можеби и се доста се употребуваат и љубовните картички на овој ден.Ако не сум во право или ако не е точно ова слободно некој нека ме исправи Не сум сигурна дали е таа приказната за Св.Валентин
Секако дека го почитувам само празникот на лозарите Св.Трифун. Треба да прославуваме празници што се духот на нашата вера,а не се што ќе ни се наметне од страна. Има кој да го прославува Св.Валентин,ама ние како православни христијани не треба ни да размислуваме за овој празник.
Tочно така, се согласувам со тебе. Св.Валентин е католички празник, а Св.Трифун е христијански празник-треба да се знае што да се почитува и слави.
Ние православците си имаме друг празник на љубовта, ама ретко кој го слави. Тргнале сите по католичкиов. Се прашувам зошто католиците не слават ден на виното исто на 14ти? Иако вака зборувам, ни јас со љубениот не славам на 30ти септември чинам беше љубов, а на 14ти февруари си излегуваме ние и уште еден пар на пица и винце во некоја пицерија. И колку и да звучи клише, љубовта треба да се слави секој ден. Не чекајте празник за да му покажете на некого колку го сакате
Дефинитивно Трифун пијаницата. Најпрво ќе тркнам до лозјето да го закројам, а потоа ќе се направам летва. Верувам дека после тоа ќе ги видам сите црвени срциња, мечиња, море се црвено ќе ми се гледа.
Па ми едниот ни другиот ,љубовта си ја славам секој ден значи за мене св. валентин не е некој посебен ден а за трифун не пијам воопшто алхохол така да не го славам