Само што ја прочитав Душокршачот... Немам зборови, премногу ми се допадна Сега наредна ми е Пациентот или Пакетот
Само што ја завршив Пациентот. Искрено, не знам дали се навикнав на неговиов стил па веќе уште на почеток знам какви заплети можат да се случат и не може да ме изненади веќе. Добра и заплеткна книга дефинитивно. Само овој Фицек може да стави некои полесни имиња на ликовиве, буквално ми иде на лист да си запишувaм кој што е во книгата оти ептен збунува. Доста збунувачка книга, со премногу дејствија и на крајот пак некако не се разреши се убаво.. Очекував повеќе од авторов, дефинитивно може многу подобро! И оваа книга не ја надмина Терапија, сепак она ми останува омилена. Можеби бидејќи беше првата книга што ја прочитав од Фицек па од прва до последна страница бев ваква . Оцена за книгава- 6/10. Океј беше ама не би и се навратила повторно, не ме запрепасти. @kristina.k да те означам, ти ме праша за мислење, па да си останам на зборот.
@tinka-mace фала, ќе ја оставам за понатаму иако ја порачав пред некој ден Ќе читам на англиски некоја од другите прво.
Првата книга која ја прочитав од него е Душокршачот. Ме фасцинира, се запрепастив од напнатоста која ја нудеше книгата, но после оваа книга долго не можев да се соберам и да земам др книга, што претходно не било случај. Прочитани ми се и пакетот и пациентот но Душокршчот некако ми е број еден дали дека прва ја прочитав.
Јас малце касно палам, ама ако има некој што ја прочитал Терапија и сака да ми одговори на едно-две прашања би ви била многу благодарна . Spoiler На крајот кога Изабел се качува во хелихоптерот, докторот и кажува дека Виктор вистината ја дознал преку Ана. Дали вистина постоела некоја Ана или? Затоа што ако Ана е Виктор (како низ целата приказна), тогаш ми нема логика цели 4 години да не бил свесен дека ќерка му е жива. И што е со онаа Ана која била студентка и била отруена? Мајндфак ми направи ептен .
Ги имам сите книги од овој писател но читам поделени мислења. Јас ја имам прочитано само Пакетот и не ми се допадна многу, сум читала и подобри трилери. Во план сум да ја почнам Терапија, читав позитивни критки
Истото го мислам и јас. Можеби дека ја читав премногу уморна во 3 сабајле, па не го ни сфатив крајот. ги изгубив кој е кој. Исто за ликовите ми беше збунувачки...
Мене од Фицек само „Терапија“ ми се допадна. Не знам дали на среќа ја погодив книгата, ама ми беше одлична, со добро обработени ликови и доста умешен тек на настаните. „Душокршачот“ ми беше разочарување, „Колекционер на очи“ почнав да ја читам и не ја завршив, ја оставив. Од поновите негови книги има нешто интересно? Видов најава за некоја нова книга и интересно звучи, но што знам. Има нешто во неговото пишување што ме уморува, ама онака навистина ми станува заморно и ги баталувам книгите. Не ја исклучувам можноста дека ќе најдам некоја книга што повеќе ќе ми се допадне. Би дала шанса на уште некоја од овие што излегоа во меѓувреме, па ако не си одговараме - тоа е.
Има прекрасни книги.Омилени книги ми се Душокршачот и На пат кон дома. Ги имам прочитано и Терапија и Пациентот,а сега сакам да ја читам и Месечарот. Ако ја има некој прочитано може ли да ми објасни на кратко за што се работи и дали е интересна? Благодарам однапред.
Одлични книги кои држат во неизвесност до последен момент. Следна на ред ми е На пат кон дома. Цело време додека ги читам книгиве си мислам колку би било добро да се снимат филмови според нив
Прв пат го читав со Душокршачот и не ми се допадна, како за толку популарен автор, фален, читан, очекував повеќе. Засега ова што го прочитав со 2 би го оценила. Ќе видам како ќе биде со некоја друга книга.
Не ми беше ни мене нешто книгава... Премногу се посветил на пумпање неизвесност и некоја suspense напната атмосфера, а за сметка на тоа ликовите никако не се развиваа, воопшто не се продлабочија. И мислам дека прв пат сретнувам некој кој не е воодушевен од „Душокршачот.“ Во меѓувреме ја прочитав и „Месечарот“. За една мала нијанса подобра од оваа претходнава, ама пак ништо толку спектакуларно за да посакам да читам уште книги од Фицек. Ко без емоции ми е, сувопарен текст. Како да читам некоја дисертација, а не фикција.
Баш. На крај ни "шокантниот" пресврт на настаните не ми беше воодушевување заради што не ме привлече никако самава приказна, нешто фалеше.
Дадов уште една шанса на неговите дела и овојпат ја избрав ,,Терапија''. Ова веќе е подобро, држи внимание, неизвесност, на крајот и оваа беше со многу збиени пресврти одеднаш ама добра беше, ме освои со оваа книга. Продолжувам со читање и на другите.
Јас моментално оваа ја читам, ама на Германски и дејствијата се комплицирани. Не разбирам што се случува дали од двајца мажи е следена таа или?И кој е тука психопатот? Ништо не ми е јасно.
Das Kalendarmädchen е еден од новитетите што ги носи Сакам Книги на саемот оваа година. Оригиналната германска корица ми е навистина впечатлива — тешко дека ќе ја добиеме истата тука, ама концептот е стварно одличен! Терапија, Пакетот, Надвор од контрола, Патник 23... ми беа врв, Месечарот ми беше послаба... Во моментов ја читам Страв од летање на 7А. Еден од омилените писатели на психотрилери
Ја сум "луда" по овој Фицек. Какви книги пишува..Не спијам со денови после секоја негова книга. Сега ги одбројувам деновите додека да дојде.А последна ми беше "Надвор од контрола".И ми беше една од најубавите книги покрај Пациентот, Патник 23 и Душокршачот.