На поделено мислење сум за авторов. Пациентот и Терапија многу ми се допаднаа од него и си реков ќе си купам и други книги, сигурно ќе ми се интересни. Земав да ја читам Душокршачот кога конечно е такво времево за да ми се чита баш таква книга, излезе големо разочарување. Од почетокот не држи внимание, крајот млак, со сила ја дочитав и искрено се разочарав. Секој автор може да има и добри и полоши книги, ама толкава разлика од двете што беа предобри, до толку лоша книга не очекував. Имам уште книги од него што чекаат да ги прочитам, а ми се купени и после ова разочарување ако и тие се толку лоши, тешко дека ќе купам пак книга од авторов. Очекував многу повеќе од книгава, стварно се изненадив.
А може да ти ги препорачам Патник 23,Надвор од контрола,и серијалот Колекционер на очи;Ловец на очи и Плеј листа?Тие му се исто предобри барем според мене.