Не си... оти при коцка можеш да загубиш и стан, и да го втераш семејството во тешки долгови. Знам како е, имам блиски. Заглавени со лихвари, закани по живот, неколку брзи кредити неисплатени со камати, украден и испродаден накит дома. Дефинитивно не е исто како кутија цигари Пак ќе речам, не велам дека цигарите се супер, ама баби и жаби се мешаат.
Се дополнив. Не делува опојно, не ствара халуцинации. Нели за тоа е дрогата лоша. А ова не. Можеш да гледаш дете и да се коцкаш, why not.
Па не можеш да гледаш дете и ако трошиш све за цигари. Значи до зависноста е, не само дали халуцинираш или си пијан.
Ти очигледно си имаш некој проблем со цигарите, шо е океј, ама не мешај баби и жаби жити сѐ. Дрога, коцка, халуцинации чуда. И ние шо пушиме сме луѓе, као и ти. Некој ако се решил да се труе, или да со го планира буџетот според таа потрошувачка, нема зашо да паѓате у несвест освен ако вие не трпите за леб. А гледам не трпите. Разјаснивме дека има пушачи и пушачи. Луѓе шо не пушат, децата им гладуваат. Секој со своето
Да де, станот ќе го изгубиш за кутија цигари и накитот ќе си го продајш, и брзи кредити ќе креваш секои две недели Може, ако купуваш за цел комшилук цигари. Абе лудница.... Реков и поназад, ако немаш за леб за детето, глупо е да купуваш цигари... ама се закачивте за една жена на каса што купила цигари во маркет, ко пијан за бандера, и цел психички профил и изготвивте. А овие што се шопахолици, што фрлаат илјадници денари месечно на дрангулии ОК се? Мислам да разграничиме кој е родител, а кој не, за овие што не се според стандардите, групно да се фрлат во Вардар.
Не Туку ако те боли глава нонстоп кашлаш и си нонстоп поспан и за никаде од никотин. И све уморен сум сине, остај ме. Ме боли глава сине остај ме. И ова секој ебен ден да го правиш збориме. Не за нормален умор од работа. Не сум пробала ама од пасивно пушење не можев да се опоравам месец. Прекинав работа во кафич ради тоа. Не се трпеше. Ко зомби бев. У таква состојба за себе не можев да се грижам, не па за друг.
Види, и дедовци и татко ми пушеле, ниту нонстоп кашлале, ниту уморни биле, ниту глава ги борела, ниту апчиња пиеле, ниту без чоколадо сум останала, ниту без гарсоњера. Овие непушачкиов дел од фамилија посебични биле. И шта чемо сад? Сменете си го насловот на темата колку се пушачите нелуѓе и терајте
Океј Ја имав комшика ваква како што кажав. Ама инат инат беше да смени нешто. Да не кажувам како заврши целата работа, морбидно е.
@Feminka22 гледам јас те снема, си реков што ли мисли, овие ќе тепаат пушачи vo темата. Туку навистина мене ама ич не ми е ок да не купи чоколадо на дете, а да си купи цигари. И правдање дијабетес бе. Се случувало да изедам две чоколади во денот, да изедам и 5-6 баклави друг ден и немам дијабетес. А навистина рак на бели дробови, ризик од срцев удар, мозочен удар и слично, никаде не спомнаа. @Munchmallow20 и точно е дека пушач не ми е гајле за друг. Имам пишувано на слава ми дојдоа пушачи, кога си запалија сите, пушница, утре си отидов на работа со крвави очи од чад, ме печеа цел ден. И дај кажете како ви стигаат пари ама ваш за се, а плус и цигари пушите. И да купиш стан, а си пушач, не се тешете, парите изгорени по цигари се исто како да си изгрел автомобил, станче, плац, неколку луксузни патувања итн. Значи без тешење, пак сте минус, плус не сте со тоа што сте фрлиле пари за цигари. Менаџирањето на парите е многу битно во животот, да не се лажеме. Заработување и менаџирање. Сега ќе се тешат не купил тоа и тоа, некој што не ни работел. Тоа е сосема друго.
Имаме тема за цигари и колку се штетни и сл. @Tanjamm Не дозволувај, бе чупе. Кај нас ни гости ни никој дома не смее да запали цигара. Кажи дека не се пуши дома, и тоа е тоа.
Dedo mi se ugusi od slajmovi posle tolku godini pusenje, koga ja snimi plukjata katran cela, i na nas ne ni bese lesno da gledame kako pati. Pusenjeto ne e najgolemo zlo na svetov no sepak e zlo koe gi unistuva i tie sto pusat a i tie okolu nego.
Јас еднаш на гости бев и таму се пушеше. И нели оти у туѓ дом не ми е работа да им кажувам што како, станав да си одам и кажав зошто си одам. Не знаеш која фама дигнаа таму. Како сум смеела да си одам така, ко дете сум се понашала, све ми пречело мене итн. И седнав јбг, што ќе правам.
Дедо ми цел век пушел качак, на 66 години доби рак на бели дробови и се измачи страшно. Од болки сакаше да се обеси или да скокне во бунар, па затоа домашните го затрупаа бунарот. Проба со секакви лекови, некои скапо ги плаќаат од Грција, ги чекавме по автопати и не помогна. Се измачи. Ова е чиста вистина и ако сте млади, ако сте во можност, оставете ги цигарите, дури не е доцна.
Ама мене на слава ми беше незгодно да опоменувам луѓе, а како што велиш да отидеш во друга соба, па веднаш ќе има муабети и утре очите ми беа црвени како да те тепал некој, жар, крвави. Носев очила за вид, со диоптер, плус фотогреј и кога на пауза отидоа да си купам за јадење, дури бирав овошје, продавачката ме загледа од блиску и со сожалување си се потргна, сигурно мислела „јадна жена, дали мажот ја тепал, не беше ваква“, а тоа од цигари ми беше.
Има пушачи и пушачи. Луѓе по 2 кутии што маваат дневно, и луѓе по дестина цигари што пушат, и луѓе една кутија цела недела што ја пушат. Исто ко шо има алкохоличари што маваат кило ракија денот, и луѓе што си пијат по една чашка со ручекот, и луѓе што пијат еднаш месечно со друштво. Има коцкари што заглавуваат и зацрнуваат цели фамилии, има луѓе што пишат по 50 денари в кладилница еднаш неделно. Има луѓе секој ден што фрлаат пари во кафани, по илјадници денари, и луѓе што пијат кафе во кафич еднаш неделно. Има жени што даваат илјадници денари месечно на третмани, шминки, облека, има такви и што ќе си купат нешто од време на време. Како сите ги пикате во исти кош, не разбирам. И цела дискусија за неразграничени работи.
Јас не знам шо не ви е јасно, нејзино дете-нејзина работа. Значи она одлучува. Реков и првиот пат, може имаат дома више чоколадо, шта жеља зна шта је немогуче?? Дете ко дете, дај па дак, сакам ова сакам она. Може има причини. Не знам шо ви е на одредени со глупиве муабети ко божем монструми се. Ако неќам да му купам, нема. Мои пари, мое дете, моја работа. Да не ќе ме пријави некој у ЦСР случајно? Може претходниот ден се напукал цела Милка, и следниот ден нема благо. И не сфаќате разлика меѓу САКАМ и МОРАМ. И зборите овде за откажување цигари ради факинг чоколадо. Мене вака у живо утреден ако уште пушам, да ми се умеша некој зашо на детето не му зиам чоколадо, касата со фаца ќе ја брише. Многу си дозволувате бе да зборите за туѓи пари, туѓо родителство. Па стварање овде проекции, задолжување, не знам шо. Нѐ смешавте со оние од пред Соборна изгледа. Дур не запалите цигара, нема да сфатите доста работи
Не е себичност да не купиш чоколадо на детето или што и да побара. Дете ко дете, претерува и се треска од земја ако не му купиш тоа што замислило, па така пред некој ден си дадов 700мкд за недозреана лубеница зошто син ми се трескаше да му ја купам, а немам можност да го кренам во раце, да го изнесам надвор. Ете ја не сум себичен родител, му купив овошје по избор, ама сум идиот што му дозволив трескањето да ме натера да попуштам. Следниот пат и за чоко банана од 5мкд нема да попуштам, па да научи како треба да се однесува. А разни Бобановци нека ме оговарат по форуми зошо не купувам на дете.