Пред некој ден бевме во Џамбо. Не им купив играчка, ама си купив саксија за цвеќе. Себичен родител сум?
Многу… сТрамота голема А тоа шо може им пука собата од играчки, не е битно. Чоек, на секое ,,сакам” да им се купува сѐ, кој хаос ќе биде. Ама си имаат нешо лично против цигари, и сеа им се погоди темата да пљукаат глупости. Значи тон глупости испочитав не ми се веруе до дроги, до коцки, до умирачки. Хиперболизација и драматизација ко шо знае жена да напраи, не може друг
Ти глеј си за тебе, нема што некој да се објаснува во парк пред сите што и како. Рекла НЕ и сигурно имало причина за тоа.
Како бивши пушач, повеќе енергија и живост имав кога штекав по 40 цигари на ден. Ни глава ме болело, ни болест закачувала, ни поспана сум била. Сега и глава ме боли и уморна сум 24-7, и целата сум парчосана и дотраена. Инаку кога пушев, не давав дома да ми се пуши, не идев по места каде се пуши. Никогаш кај никого не сум пушела по дома иако и тие самите биле пушачи. Така што не гледам децата како се афектирани. Еве сега не пушам и уште не возам Бентли. Трошам на други глупости. А верувам дека и ти купуваш непотребни работи и не возиш Бентли.
Ама ете си ги ставив своите желби пред желбите на децата. И саксијата е поскапа од кутија цигари Оти керамичка си зедов, хах. Ама количе не купив. Да не ме виде некој од форумов, не ме кодошете дека реков НЕ за количе, а си купив саксија... сама си се накодошив, немајка сум жими се, признавам. Ќе лечат сега трауми децава цел живот, на душа ќе ги носам.
Во маркет не им купувам се.Обично од дома се договораме по што одиме и колку е дозволено да се потроши.Проблем не направиле никогаш,ниту се трескале од земја.Ама ако одам во парк и си правам себе си кејф за кафе,тогаш и ним им следува мало задоволство(сокче,пуканки,шекерна волна).Не можам да замислам јас на клупа да пијам нешто а ним сум им рекла нема за вас.Голем к*р ако дома пиеле сок или изеле веке нешто благо.Па и јас сум пиела кафе од сабајле па еве сега пак во парк пијам.Тоа не е поставување граница туку баш баш себичност.
Во принцип, да... и ние ако излеземе сите ќе си се почастиме... ама реално, не знаеме во тој случај што го коментираат што било работата. Затоа викам да не се коментира за случајни минувачи. Може му купила пуканки потаму, може има мака или алергија на сок од портокал, пример. Не е убаво да се коментира за други луѓе што не ги знаеме.
Е постојат 1001 можеби Ама постојат и такви ко овде шо се изјасниа дека пре им е битно нивното кафе или цигари, него ли сокот на детето(пиело ете дома шо мора пак).
Јас видов една, нокти си праеше, детето 7 годишно ја чекаше пред ....ноктарницата (ваљда е тоа правилен термин). Ужас .... И после иде рекламата со оној, каков и да си, твоето дете ќе те сака. Рекламата е со таткото. Мајките ги нема во реклами, они во реален живот се расправаат со деца по 20 саати во денот и рандом посматрачи ќе ги олајаваат по форуми.
Teнка е линијата помеѓу што е прифатливо а што не е. Ете кажав претходно, не им купив играчка ама си купив саксија. Имаат дома еден куп (како и за она што рекоа дека може има чоколада дома)... До кој степен треба човек да си купи нешто или не без да осеќа грижа на совест, или вина? Дали треба ако си купиме нешто, обавезно и на децата да им купиме, да не испаднеме себични? Дали ако си купам блуза, треба и на ќерка ми фустанче да и купам од Вајкики пример оти би било себично јас да си купам неа не? Ако сум им купила се што им треба од облека, ама ете ако одам да си купам блуза, а таа ми рече сакам фустанче, јас да и речам не. Себична сум? Нека не е само за чоколадо, или играчка, цигари или алкохол или сл. Сите овие се слични примери и ни се дешаваат на сите. Кога е во ред, а кога не е во ред да се прави тоа? Дали смееме да си купиме нешто за себе, без да треба да купуваме за децата за да би било фер? Која е линијата меѓу себичност и несебичност? Децата ќе бараат секаде нешто да им се купи, и во продавница, и во бутик, и по тезгите... тоа е.
Пушачи не се секогаш лоши родители. Муабетот е дека нема смисла да очекувам дете да научи нешто за неколку дена и месеци и да ме послуша а јас возрасна да не можам да откажам цигари со години. Ако мене ми е тешко да се откажам, и него му е тешко да ме послуша. А оно е дете.
Не зборувам за играчки ни за облека.Шо знам мене ете ми е жал да си купам кафе(кое и дома го имам) а нејзе сокче да не и купам.Уствари нели за тоа и почна темата цигари наспрема чоколада .
Ама темата е општа, не знам оти само на цигари е фокусот. Не се сите пушачи, испаѓа само пушачите се себични. Да, не е убаво дете да гледа во кафич или парк да пиеш нешто, а тоа да не добие ништо. Се сложувам 100%. Ако не сок, ќе добие може сладолед, не е важно. Глупаво е да излезеш да си се частиш а детето да гледа. Не е себично, уште полошо е од себично. Е сега оти некоја таму не му купила цеден сок да ни биде тема со 11 испишани страници, а не знаат ни дали можеби по 5 мин, 200 метри потаму, мајка му му купила шеќерна волна, или пуканки, или смоки, или поинаков сок. Може си се испочастиле и преубаво си поминале. Може и не, не знаеме. Не е убаво да коментираме за специфичен случај за Х особа која не ја познаваме. Ама во маркет, или продавница е сосема друга приказна. Не јадиш таму, купуваш и дома го носиш тоа што го пазариш. Значи ако имаш дома чоколада, нема да му купиш оти побарало, ќе си јаде дома посекако од тоа што го има. Може во корпата веќе имало бонбони, смоки, бисквити, може му купила мајката 3-4 работи на детето, ама рекла не за чоколадото. Е си купила цигари, тоа е, нека е здрава и жива, не значи дека е страдно детето за нешто.
И кога нешто некому не му се доаѓа на форум, почнуваат со фраза „ти глеј си за тебе“, а цел форум е збор од туѓи лични искуства и реално ако народов си гледа за себе, не би постоел форумот. Во секоја тема е исто, ќе си се најде некој во нешто, ќе го пецне и ќе смисли 300 изговори за да ти докаже дека тоа нешто е ок, кул, добро, ма колку и да е лошо како навика. Овде имаше нели една објаснуваше за проституцијата како била подобра од тоа да работиш за минималец. И не сфаќајте лично, за многу од вас не ни знаев дека пушите. Само изразуваме мислење, ниту тепаме, ниту туѓи пари ќе броиме, ништо од тоа. Јас па не памтам да сум рекла некому „ти глеј си за тебе“, затоа што реално коментар од форум и онака ништо не ти менува.
Хахахах, ноктарницата.... Јас па кога беше малиот бебе, го однесов со мене на депилација. Оваа тегне ленти, јас ја думкам количката, изигравам кловн да не се расплачи, пеам песни Ваљда мавав фалш секој пат ко ќе ми потегнеше женава лента.
Ма каков салон бре, 2 на 2 метри дуќан не е салон. Ужас ви викам И вие шо не купувате се сега веднаш, намалете со фалби, ќе си пиши некој во тефтерче па ќе треба да се објаснувате негде Ние стално се купуваме. Редовно на 6 месеци фрлам наполитанки, грисини со поминат рок. Тоа е
Секако дека ти ќе си натрапникот затоа што си 1 на 7 пушачи и 2 бивши. Во толку развиена земја сме, тоа е. Да расте дете покрај пепељари е се ама не оправдливо. Има десет илјади начини справување со депресија меѓу кои спорт, музика, хоби, чистење, работа ама не кај нас се оправдува пушење дека “на мака е”.