Контроверзно е, не велам не, но така како што изгледаше...Само какво беше детенцето, ти доаѓа иако не си му родител, да му го купиш..
А што некој кога ќе стане родител не смее веќе да си купи нешто за себе, па макар и цигари да се? Цели приказни направивте од обична случка на каса, веднаш знаете дали е себична мајката и дали му скратува нешто на детето. Може не ни купувала за нејзе. Да не можеш ни да испазариш на раат од луѓе.
Овде изглеа некоја замисла се има да родители кои даваат пари за цигари децата дома ги чуваат во кафез, им дуваат со димот во фаца и им даваат по еден оброг на ден и вака чат пат до в маркет … чоколадо побара ма нема шанси со очи нема видено ни пробано
ама прашуваш глупости еве јас те прашувам, зашто не му купи ти, ако сметаш дека мајката е себична, неодговорна, ваква, таква. зашто?
Не мора да се дискутира конкретно за случајот погоре. Оти да, не знаеме ништо и може да нагаѓаме само, дали детето јадело претходно чоколадо, дали дома имаат чоколади, дали не смее да јаде чоколади, дали цигарите не биле за неа итн. Ова е само еден добар пример за дискусија во подруга насока. Не е муабетот за порше. Макар што, кога ќе порасне, ќе му купам и тоа ако треба. Не за на некој од страна да му докажувам нешто, туку од ќеф за мое дете. Јас мое дете ако понесам со мене во продавница, знам дека ќе бара нешто да му купам и ќе му купам. Зошто да не? Ако имам доволно пари во мене, нема да го оставам да плаче за чоколадо. Уште немам дете, на внук сум му купувала така, секогаш бил радосен, макар и на лижавче од 5 денари. И за него сум најдобрата тетка на светот и прекрасно е чувството кога ми се заблагодарува и ме гушка за нешто што за мене е ситница а за него е повеќе од тоа.
Јас не пушам, но сум дете на двајца пушачи, па може лично да кажам дека одредени постапки немаат никакво оправдување. Тоа едноставно ми е немање на цврст карактер. Имало периоди да се немало за нешто, ниту како деца сме барале, но за цигари магично секогаш се имало. Мајка ми знае да се контролира, татко ми не. Мајка ми самата ќе каже дека тоа е лоша навика, зависност што нема оправдување. Татко ми има одбрамбен механизам и одма се контра на таа тема Ако ништо, барем јас и сестра ми од целата приказна никогаш не станавме пушачи, што за мене е доволно веќе сега кога сме возрасни луѓе
Затоа некои членки вака бурно изреагираа, се гледа одма кој е болен (страсен пушач). Ќе задават некој, страшна работа. Па лечете се бе. Не е лесно можда, ама кога знаете дека е штетно, барајте чаре. Ама силна волја треба, знаеме дека е тешко да застанеш и да се спротивставиш на зависникот во тебе.
Твоето дете на секое пазарувањево продавница ако ти бара постојано, секој пат ќе купуваш? Јас не сакам. Сакам да го научам дека треба да си ги заработи тие пари. Може не било умно тој ден. Земи награди го со чоколадо. Еве јас не сум пушач. Реагирам затоа што ти или било кој овде ништо не знаете за мене, ниту пак за таа мајка за да кажете за некого дека е себичен и со тоа не мисли на потребите на своето дете. Јас на внуците купувам скапи работи и уште да ми побара лижавче од 5 денари на каса, нема да купам. Не може се што ќе се види да се купи. Јас одлучувам што и колку. Тоа не ме прави лош родител/тетка/стрина. Туку личност што поставува граница.
Во многу ситуации се согласувам со тебе но тука не, во очите на детето си најдобрата тетка пошто му купуваш слаткиши и што и да посака во маркет ама што си во очите на снаата? И за син ми свекрва ми е најдобра баба на цел свет пошто кога доаѓа на гости носи вреќа со играчки а кога заминува плаче по уште да му купувам а немам ни место веќе дома, буквално го полива со сокови, чоколатца и чипсови па дете не сака да руча… епа нема да руча… знае дека се лутиме ама џабе еден внук имала
Себичен родител е оној кој што создал дете, а го остави да се снаоѓа како знае и умее од мало, без да му помогне и да го насочува во текот на животот.
Да да. Имаме разбирање за зависности и вакви "болести" све дур не ви се погоди пијан шофер да ве вози. Тогаш ќе ви прпа а? Ако имате разбирање, имате. Пушење мразам од дното на душата.
Добро, реагирате затоа што веднаш пишав дека е себичен родител. Не мислев баш дека себичен родител е ако понекогаш нешто не му купи, неколку пати што се бројат, мислев на тоа дека е себичен ако во повеќето случаи, да не речам секогаш, го занемарува и не му купува ништо. Можеби не мора баш секогаш да се купува се' што детето ќе посака, ама треба да имаме слух за него, да не го игнорираме, да му исполниме некоја мала детска желба.
Ако некој некого не му купи или било што, може да постојат многу сценарија, каде е презадоволено или казнето во моментот пошто не бил мирен или па претходно му купиле нешто. Јас би ви рекол да си гледате својот двор и да не обрнувате внимание мн мн на околу и осудувате. Шо че беше ова луѓе се ги интересира... Ко еден мој другар, мајка му работи во катастар и оти имам ептен имот, ја интересирало што е како е кај мене, пошто сме двајца газди. Како прво би можел да ја тужам за нарушување и споделување на лични податоци на околу ама сфатив дека менталитетот кај нас е за нигде.
Сите се такви кога сакаат да им купиш нешто. Инаку, не знам како го правдате ова, зависност било. Ако немаат леб да јадат, а родителите си купуваат цигари океј е зашто е зависност? Дете сум на такви родители и да, може ќе сме јаделе било што, или ќе немало за нешто, ама за цигари имало. Секогаш. И ќе кажете дека тоа не е себичност? Болест е? Не, туку некој не сака да се одлучи да ја прекине зависноста. И покрај потребите на своето дете. Посебично, здравје. Не зборам за случајот погоре, не е позната целата приказна.