Не знам зошто толку црно бело гледаш на работите...и за бездомни животни се потресувам ама свесна сум дека некои може и да наштетат и да убијат. Две работи може да се истовремено точни.
Тоа да, дефинитивно И јас утреден, ако пушам уште дур иам дете, фала Богу прво ќе гледам да е најадено, облечено, среќно, здраво, па ќе се трујам. Ама дека на секое ,,сакам'' ќе биде ,,на'' мало морген. Така ако го научам, после ќе биде размазено до даска. Некад треба да чујат и НЕ. Тој збор многу значи. Ако некад кажам не за чоколадо, чипс, смоки, не значи дека сум себична идиотка од мајка која не се секира за своето дете, па ќе си купам ја цигари. Тоа го прават ептен несовесни. Ама муабетиве горе, лечете се, вака прајте, онака, се мизерни ептен. Очигледно некои членки мрзат цигари, па сеа имаат простор да плукаат по пушачи, не знам шо сме им згрешиле. Ако нивните ги ставале цигарите пред нив, not my fault, иди дома збори им така или у врат стај им ги цигарите. За своето дете, МАЛТЕНЕ секој си знае најдобро. Ако дента изело више едно чоколадо, и те како ќе добие не, па макар цел маркет да ме гледа као да ќе ме убие. Не сфаќате некои шо значи завист, и колку влијае кај некого. Јас во средно, единствените пари за јадење сум ги давала за цигари, пошо душата ти вика МОРАШ ЦИГАРА, не ти вика мораш да јадеш. И сеа некогаш, ми се дешава да останам со 200 денари пример, прво зиам цигари за 110, после јадам. Ама себеси си штетам. Ја не сум себична за другите пример. Себеси би се скратила од храна да иам цигари, друг не би пошо не ми дава душата. Ама не се сите исти, може кај други преовладува зависта пред совеста и емпатијата, пошо душата бара, некои се тресат без цигари, не сфаќате дека е завист, не е као грицкање семки
Не ја знаеме целосната приказна за да кажиме, вистина. Бидејќи дете ко дете знае да бара се и сешто иако веќе има дома, ако веќе јадело итд. Но исто така сосема реално е родител зависен од цигари кој гледа да си обезбеди за него да има цигари на сметка на тоа детето што сака или што му треба. И ако тоа е случајот, да, себично е в крај.
Имам неколку внуци и сите се различни едно од друго. Моево дете е мало уште не сме стасале до продавници меѓутоа еве неколку случки со внуците. * Внуката некаде на 5-6 години. Јас тргната со неа во продавница и со броени пари буквално само за крем бананка за неа да имам. Земам што ми беше потребно за дома, а во меѓувреме таа си става во количка смоки, сокче, чоколадо, украсно моливче, чоколадно млеко итн. Ситуација или да се расправам со неа, да врати се наместо од кај што зела и да потенцирам пред нејзините родители како детето се однесува плус детето со плачки во продавница, а јас во конфликт со родителите. Или да оставам се мое, да ги платам нејзините луксузи, па после дали имам или немам пари за моите потреби небитно. Ја избрав првата опција. Сигурно некој и за мене помислил можеше да му купи тоа и тоа на детето, ама во таа ситуација баш и не можев. И не купував цигари меѓу другото, не сум пушач, туку други потребни работи. * Друга внука исто 5-6 години, од дома научена дека со други не смее ништо да бара во продавница. Буквално да се молиме да си одбери чоколадо кое го сака да и го купам, по лична желба и без ограничување на буџет. Не оправдувам цигарите да се стават пред желбите на детето, ама пак и не може сите желби на децата да се исполнуваат. Плус секој родител си знае зошто и како постапил во моментот.
Sto ve gledam iznenadeni od loso roditelstvo a 90% se sebicni roditeli. Nikogas ne gledam koj sto kupuva i zasto a i ne mi e gajle no ako e tema na diskusija, kako prvo los roditel ja pravi toa sto pusi cigari i deteto doma go true i mu dava los primer. Sto se odnesuva za cokoladoto, isto nezdrava hrana e, jas kako roditel bi gledal minimalno da mu davam takvi cheat meals na deteto no vo slucajov skoro pa siguren sum deka ne i bilo toa namerata tuku da si ja zadovoli svojata potreba.
Глупости не е една ствар деца што бараат. Искуството со внуци е дека се што ќе видат сакаат и да не сакаат махинално е сакам ова она а дома имаат тон, и напоени се и најадени. и нема ништо лошо шо земала цигари не ја прави лош родител у никој случај, малце им кокодакаат децата/ детето бар цигарче нека запали нека здивне. Се има исклучок нели but не ја знаеме целата прича али не глеам ништо лошо.
Себичност е кога поради цигари му се ускратува на детето. Не може порок да биде пред потребите на едно дете. Во случајов можеби од други причини не купила чоколатце но има секакви случаи. Иако јас би го купила. Никој не станал размазен поради чоколатце. Со ќерка ми учеше девојче кое не можеше да отиде на еднодневна ексурзија во Охрид поради финансии но мајка и редовно со цигарата пред школо ја чекаше секој ден. Епа една еднодневна екскурзија чинеше колку 6 кутии цигари. Ние собравме пари и девојечто отиде,но приоритети мора да постојат во животот. Постојат себични родители кои си го гледаат кејфот свој.
И? Тоа како оправдување е зошто не знаеме како е и е огромна зависност? И за себе не можеш да кажеш додека не дојдеш до тоа. Вака сите може да се тапкаме по рамо дека ние не би биле такви и не би биле себични. И моите сигурно така си викале.
Можам пошто јас сум таква Другите ги ставам пред себе. Буквално и последната цигара сум ја давала на другар/ка што не можеле да си купат. Не викам дека не постојат такви себични створења Ама сакав да кажам дека не сите пушачи сме такви Ако мене моите цигари ми се побитни, ич нема да правам дете ако треба да вагам пари за цигари или за дете
Баш така. Штета што луѓето сме си повеќето себични, па ни за децата не се мисли најпрво. Или дали треба да се имаат.
Зависност можам да сфатам да се случи, но не можам да сфатам зошто ретко се оди кон тоа да се искорени истата. Па побогу, мозокот е единственото нешто кое можеме да си го контролираме.
Можеби ќе звучам како да преувеличувам ама мене некои вакви однесувања ми се непочитување кон дете, кое е мала особа, но сепак е особа. Не знам конкретно што рекла мајката во овој случај, ама од сопствено искуство од кога сум била мала и нешто што многу често гледам што го прават моите тетки на моите братучетки пример, кога онака безвезе ќе зборат дека нешто е многу скапо, дека немаат пари за нешто од 50 денари (кога тоа не вистина) наместо да му ја објаснат реалната причина, пример дека има многу чоколади како што спомнавте или едноставно мислат дека нешто е непотребно во моментот. Не велам дека прават нешто посебно лошо, едноставно ме иритира, пошто е зборење колку само да откачат. Мајката од примерот да му зборела на детето како нешто од 40 денари е многу скапо и потоа купила цигари би било многу, многу глупаво од нејзина страна. Моите родители ко мала секогаш кога ќе изразев некоја желба, сметаа дека е глупо, непотребно фрлање пари, демек не вреди за парите и затоа киндер јајце у живот ми немаат купено со тие глупави муабети дека немаат пари, а поскапа чоколада ќе ми купат, ама затоа што тие процениле дека така треба. Некогаш и треба да ги слушаме желбите на детето кои би го направиле радосно. Но, оваа веќе општо зборам за некои сценарија, сметам дека погорното нема многу контекст.
Ич не сакам такви игнорантни родители кои им кажуваат отсечно "не" на децата. Нека му објасни човечки и со убаво зошто не може да добие нешто. Инаку, не е до цигарите толку. И мене ме израсна пушач, па не дека ми ускратувала чоколади и слично. Но, секако е лоша навика, ете јас не станав пушач, ме воспитаа дека е зависност и дека прави само штета.
Па јас син ми од мал го учев дека едно нешто смее да си одбери за да купиме. Не можи се што ке види и се што ќе посака. И ако меѓу другото сум купила ете не цигари пиво нека е, себична сум? Значи ако детето купило едно големо чоколадо и ме прашува дали може и гумени бомбони, и јас речам не, а купувам нешто друго за себе себична сум. Ако може родител да раководи со буџетот, да ги исполни потребите на детето и да си дозволи луксуз (затоа што реално цигарите денес се луксуз, покрај тоа што се штетни и тн) тоа не го прави лош родител. Ако родителот крати од основното на детето за цигари тогаш е лош родител. Лош родител не е секој оној кој е пушач и добар тој кој не е Според мене лошо е и да дозволиш детето да зема се што може и што не може и да се храни со глупости, така е полесно, ама за да го научиш на здрава исхрана треба повеќе време и нерви
Ние кога пазаруваме со децата им дозволуваме да купат одредени работи меѓу кои и глупости.Ама ако они избрале гумени,чипс и уште 3,4 слатки а на каса побараат уште животинско нормално ќе кажам не,следниот пат ќе купиме,зошто сега купивме тоа тоа и тоа.Цигари секако ќе си купам.А на каса на некој ако му делувам како себична,па негов проблем.Да ги лишам од овошје и зеленчук па да сум себична и неодговорна,а за чоколадо ич.И најмалку ја знаеме и другава страна.Ако си купила цигари а детето скроз ништо не добило тогаш е себична.
Еве ја пример сакам да пушам дур не дое време дете да имам. После здравје, ќе ги оставам Млада сум, не ми пречат иако знам колку се штетни, имам жив пример дома. Ама мозок. И моиве мо збореле, ми рекле ќе бараме чаре само ти кажи ама јас не сакам. Убаво ми е. Навика, си ги занимавам рацете. и јас почнав од шала да пушам, ама еве летово 7 години како пушам што не се малце И тежок е патот верувајте ми на откажување, не за психичкиот, туку физичкиот момент
Значи џабе пишуваш, нема да те разберат бидејќи луѓево мислат тоа е така на уклучи-исклучи. Толку многу фактори влијаат некој да има склоност кон зависности - меѓу кои и биолошки предиспозиции, ама константно се игнорира тоа. Треба да се потсетиме дека со фрлање камења никој никогаш не се извлекол. Да се разбереме - во ситуации кога детето е запоставено заради цигари, алкохол, дрога, мора да се одземе од тие родители. Нема место за размислување ако е загрозено. Ама дека секој што пуши не мисли на децата, не е точно. Личен пример, еве и јас стварно мразам цигари, а имам родител страстен пушач. Никогаш, ама баш никогаш не ми било нешто скратено, ниту пак се пушело внатре дома, ниту пак сум се почувствувала загрозено.
Мм пушеше 20 год.и ги остави одеднаш. Баш вклучи-исклучи. Јас не сум пушач и не верував дека е возможно така. Прочита една книга “како оставити пушење “ на Allen Carr и толкку беше,10 год нема цигара запалено.