Бев сведок во парк, кога мајка нарача две макијата од тие мобилните комбенца што продаваат во парк и девојчето побара цеден сок, а мајката срамежливо и тивко и рече: "не мама" и девојчето си ја наведна главата и не побара пак. Срцево ми се скина. Искрено јас пре би купила цеден сок за детето, отколку кафе за мене и не знам друг кој. Башка во парк цедениот сок кошта исто пари како и кафето 80 ден.
Нормално дека на дете не треба да му се купува сè што ќе побара. Ама, родителот да ја бира својата штетна навика пред желбите и потребите на детето, е себично. Подобро никој да не купи ништо. Па, парите да останат за нешто паметно.
И јас потврдувам за вклучи исклучи. 10 години пушев одеднаш ги оставив. Зошто сметав дека непотребно се трујам. 3 години не сум пробала цигара и не ни планирам.
Имам многу пати пишано низ темиве, исто така и мм, тогашен дечко, ги остави цигарите наеднаш затоа што мене многу ми пречеа. Во март направи 12 години како не пуши. Треба само силна желба и волја.
Искрено никогаш не би можела да ставам мои потреби пред потребата на детето па и за чоколадо да станува збор.. За мене да купам кафе а сок за дете не? На моите деца се им е удоволено од страна на мм, ај јас знам и за некои граници но од него добиваат се дури и повеќе. Добро или лошо тоа е
Абе добро браво за маж ти, не викам дека нема такви, ете нека биде пример. Ама дека за секој е толку лесно, не е, во самиот пост пишав дека некои луѓе имаат и предиспозиции што не е воопшто за игнорирање. Затоа да се очекува од сите наеднаш само да прекинат е нереално. Инаку, се согласувам со постовите на две членки горе. Себичност многу почесто се гледа преку тоа колку родителот е тука за емоционалните потреби, а не преку пример дали купил уште едно чоколадо.
Епа себичност е своите потреби да се приоритетни, да избереме кафе за нас а не сок за детето. Ајде чоколадото може ќе речеме нездрава храна е, шеќери ова она, ама цеден сок? Едит: да, цеден сок е да речеме малку поскап, ама ако немам пари и за кафе и за сок, ќе земам само сок. Тоа е сиромаштија, ако треба да бирам, ако не можам двете да ги купам. И притоа приоритет ми е детето. А ако изберам да купам само за себе, тоа веќе е себично.
Хм. Првиот пост со кој е отворена темата е многу нецелосен. Пред се муабетов е слушнат на каса. На пример, може дома има 6 такви чоколади, па нема потреба за уште една? Едит. Или јадел веќе многу благо за денес, нема потреба за повеќе? Не мора од одма вака да се осудува дека е себична. А дека има себични родители има. На пример јас имам во близина луѓе на кои им е жал да си ги пратат децата на спорт или да учат јазик иако децата сакаат. Не им се даваат пари. А и двајцата одат на фитнес, теретана, искачаат секој викенд по клубови, таткото си тера свои ќејфови, мајката свои. Работат и имаат солидни придонеси, едноставно не сакаат. Мене тоа ми е себично.
Sebicni roditeli ima i ke ima,zavisi kako si go razbiraat zivotot,da ne navlegvam vo detali znam se jasno kako e,i nikogas nema toa da go pravam,zatoa e ona NE PRAVI NA DRUGITE STO NE SAKAS TEBE DA TI GO NAPRAVAT,vazi za sekakvi situacii i za se,i za roditeli,i za deca,i za ljubvni vrski,i za brak....i ostanato
Настрана чоколадото. Ама нема да сфатам родители што им е тешко со години да откажат цигари јер пСиХа ама очекуваат дете од 3 години за 5 минути да научи да не пипа во штекер. Возрасни магариња не знаат да си ја оправат својата психа прво. Не се лоши родители ваквите ама малце така лицемерни, да. А тек детето нивно да почне да пуши. Шамари, кратење џепарац. Само на нив нема кој да им акне една де. А ова забраниве се повеќе контрола врз послаб него ли што стварно се загрижени за плуќата на детето
Моево е 2 год. Да знаете колку киндер има изедено,ќе ме направите лош родител. Веќе ориз,леќа,зеленчук ,компири се на црна листа ,поради киндер чоколадата. Секое тенџере манџа,оди на кучето.А знаете како ? Дојди тета да ти купи киндер,убав он еве ти киндер да си каснеш. Говнојадачи на секој чекор,они ќе бидат совршени родители,нас не не бива за родителство. Море мрш .
Не сакам да се мешам во вакви работи. И не обрнувам внимание што и како им се купува во продавница на децата. Секое мислење ми е веќе мешање во нивниот начин на одгледување на децата. Сакам да верувам дека секој родител му мисли најдобро на своето дете. Верувам во карма, па како тие денес со детето, така и детето утре со нив кога ќе остарат.
Значи мама ќе пие кафе со некој во парк, а детето видело сок, пари нема и нека му течат лиги. И сиромаштија било. Секако, но во комбинација со себичност и глупавост. Ако немаш пари, што мајка шеташ дете по маркети, паркови, каде ќе види многу работи и само лиги ќе му течат? Греота. Пазари си сама што ти треба и чао. И кафана била побитна од курс за дете? На немој. Јас на работа се шокирав кога колешка во години ми кажа дека таа, мажот и две деца живеат во стан од 50 квадрати. Две собчиња се тоа бе луѓе. Заработуваат, не да не, ама цигари, секој втор ден кафе, секој викенд кафани и нормално дека не стекнале скоро ништо. Јас никако тоа не го правдам.
Не мислев дека потребите на мајката се приоритетни. Сигурно дека не се. Помислив дека станува збор за друг вид приоритет, бидејќи ми е незамисливо мајка да избере да купи за себе си, а не за детето.
Во случајот неможеме да знаеме дали е во прашање себичност. Децата знаат да бараат нешта кои не им се потребни и секој родител во одреден момент мора да ги одбие. Можеби дома имаат чоколади или пак барало и други нешта кои му дозволиле да ги земе. Од друга страна, пушачите имаат потреба од цигари и мора да ги купат. Има луѓе кои од се ќе се откажат, единствено цигари си допуштаат. Мало дете неможе прекумерно да јаде благо, не е ни здраво ни корисно. Не ни е позната ситуацијата, немаме право да осудуваме.
Да речи некој мајка ми наместо мене чоколадо да ми купи, си купи цигари, зато сум ваква каква шо сум, ќе сфатам. Или да е прашање дали сум себична ако не му купам нешто. Ама муабети од по улица и свој леб јадам туѓо гајле берам, ич нема поента.
Јас сум себична, скришно си купив гумени бонбони, не кажав на никој, особено не на децата, и скришно ги изедов во кујната, оти знаев дека ако кажам, немаше ни Б од бонбона да видам, и немаше да ми држи муабетот во иднина да не јадат по цело пакетче бонбони наеднаш оти забите ќе ги расипат. Ова без мајтап, не лажам. Некој од страна да ме видеше ќе ме скапеше оговарање на форумов, ама сама си се кажав И во овие 7-8 години, многу пати имам скришно јадено благи работи или грицки