Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Себични родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Boban223305, 21 април 2023.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    И јас прееска бев себична. Наместо да и купам поскапо комплетче на ќерка ми и купив поефтино за да ми останат пари да си ја купам Sky High маскарата :inlove::inlove: :D:D
     
    На Harper, Miss666, Aнонимус_ и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Пак е претпоставка. Зарем не може некој пат мајката своите потреби да ги стави над. Штом детето побарало таков сок, значи му било и купувано. Може броени и биле парите. Може сака кафе да се напие со пријателка еднаш во 100 години. Може сака да почасти некого, притоа пак се броени парите. Може претходно смути пиело детето.
    Штом срамежливо и тивко му рекла, има нешто зошто бира да ги купи тие две макијата.
    Што правите вие кога излегувате освен тешки драми да си правите во глава?
    Да му е страв на човек да излезе со детето. Одма предрасуди за се нешто.
     
    На crimson, kalinaka, Dancewere и 6 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.462
    Допаѓања:
    114.800
    Пол:
    Женски
    Кога веќе се засекира што не му купи ти. Од кај знаеш зашто не му купила. Да не ги купеше цигарите кои може не се ни за неа, немаше ни да искоментираш нели?
    @Lisicko и јас не купувам цедени сокови од надвор на дете ни за себе зашто не знам како се чистени апаратите и тн.. не скокајте одма со претпоставки.
    Темава е дефиниција на Славици наредени од страна што берат туѓо гајле преполна со mom shaming..
     
    Последна измена: 22 април 2023
    На kalinaka, DoubleK, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Очигледно има членки кои се најдоа во примерот, па си се правдаат. Демек има дома такво чоколадо. Да бе, мајката што се фаќа за цигари, а не му купува чоколадо на детето, дома продавница сигурно има. И да има 5 такви чоколади дома, купи уште една, па ќе има за цела недела и крај. Па мајката сакала да почести пријателка со кафе, затоа на нејзиното дете ќе му течат лиги за сок. Аха, значи тоа е добра мајка, таа што ја става пријателката пред своето дете? Јас порано честев пријатели, пријателки, едноставно ги сожалував оти немаа пари, не работеа и слично. Не сум циција, ама луѓето на крај со лошо враќаат на добрината оти се невоспитани и оти Македонец не е Македонец ако не искористи некого, макар за едно кафе, сок, колаче(смета дека е многу итар ако се изгребе за 80, 100 денари). Денес овие ни на социјални мрежи не ме прашуваат како сум, не да ме почестат со кафе, скраја да е. Да ставам пријателка пред дете? Никако. Пријателката прва ќе ти се смее зад грб кога ќе сфати дека си била мутава, си ја честела кафе, а детето ти дремело со празни раце. Сите пријатели се кампањски, денес ги има, утре ги нема, а детето е ваше и сте му потребни и вие нему и тоа вам. Да ми се срами и нервира детето и после 10 години да ми рече „ти текнува ли кога не ми купуваше сок, а си купуваше цигари, си пиеше кафе со пријателката, па кај ти е сега пријателката“. Какви роднини, какви пријатели, дете на прво место. И ретко кога јадам нешто сама кришум, би имала грижа на совест.

    И да, има и мајка кои имаат само два пара панталони и 3 блузи за на работа и велат „Може некој ќе мисли дека сум несредена, ама ми е гајле, јас гледам децата да ми се средени“. Секакви не има.
     
    Последна измена: 23 април 2023
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    А каква мајка би била таа што секој ден ќе му дава чоколадо на своето дете?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Од кај знаете вие, може детето имало сок во шишенце, па затоа не му купила цеден сок. :^)
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.003
    Пол:
    Женски
    Детето треба да научи дека не може да добие се што ќе посака, треба да има граници и да ги разбира зборот не. Тотално без смисла е да берете туѓо гајле зошто некој купил цигари или кафе, а не купил сок за детето или чоколадо, не ја знаете приказната и верувам дека и покрај тоа што родителите ете решиле да испијат едно кафе не се лоши родители оти одбиле сок. Може детето ако пример пие сок после нема да јаде или слично, си знае мајката зошто рекла не. Апсолутно има родители кои се себични и место јадење на дете ќе купат цигари, АМА во 80% од случаевите сигурна сум дека се работи за оправдана, несебична приказна позади тоа не.
    Не планирам да му го задоволувам секое материјално барање на детето, не сакам да го научам на такво однесување и да мисли дека ќе добие се’ во животот. И да нема да му купам чоколадо ако дома имаме 10 чоколади и може место тоа ќе си купам нешто на мене што го немам, а ми треба, ако тоа ме прави себична во очите на некој што не си гледа своја работа на каса, баш ме заболе.
     
    На Ambitious, MarijaMi90, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  8. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    17.133
    Пол:
    Женски
    Моите деца кога и да купат сок во парк не го пијат а за две сокчиња скоро 500 ден ќе дадеш.Дали следен пат треба да им купам пак а да не го испијат?Нормално би рекла дека нема да купам а од страна ќе ме гледаат како себична мајка и ќе коментираат дека сум купила кафе место сок.Затоа и такви коментари не допираат до мене.

    Имав ситуација кога детето страшно ми се повреди и трчам во крв отечен го носам низ ургентен.Се најде една паметна ничим изазвана да ми рече кај беше ти кога детето ти се повреди не знаеше да го пазиш?Нека се моли на Господ што бев сама со детето во раце иначе ќе и ги искубев сите влакна на главата.
     
    На mal.ecka, kalinaka, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Не, не треба све што ќе побара детето да му земеш.
    Ама барем за некои ситуации пример биди му.
    А не, јас ќе пушам пред него цела кутија ама оно ако утре пропуши немој мама пари да трошиш и да се труеш. Или друштвото ќе биде криво, никако јас.
     
    На sj *O* и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.003
    Пол:
    Женски
    Ама темата не е за пушење пред детето иако повеќето ја сведоа на тоа, темата е за ставање на некои свои потреби пред тие на детето без разлика какви, оти вие како родител сте процениле дека тоа е правилно во моментот наспроти осудување од страна и етикирање од небитни особи дека сте себичен родител. Без разлика дали сте купиле кафе, цигари, шминка, облека за вас, а сте го одбиле детето за играчка или чоколадо не ве прави себични.
    Да цигарите де штетни и не е убаво детето да гледа таков пример, ама и кажувањето да на секое негово барање исто така не е сјаен пример за добро родителство.
     
    На Ugly Duckling, felisitas, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Си се зезнала, не ја бива за ништо :D
     
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Детето знае дека мајката пуши.
    И океј ама ако сакам детето да ми израсне во саглам човек, прво јас ќе бидам саглам човек за истите работи.
    Ако сакам оно да има контрола да не јаде цело чоколадо на ден, прво јас ќе си ја контролирам психата да не пушам цела кутија на ден.
    Или нема воопшто да ме гледа дека купувам цигари.
    Едит
    Патем цигари не се потреба.
    Едно е облека и шминка за себе, цигари е друго. А гледам тука сите ги изедначија.
     
    Последна измена: 23 април 2023
    На Tanjamm и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Ааа мене ми се погоди ;)
     
    На anastasijaki и mssuniquee им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Критиката не е за тебе или за некој член, општо зборувам. Чоколадите и да ги има 10 дома, ќе си ги јаде постепено, сигурно нема да изеде 10 денеска.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Изговори. Што би било кад би било. Наместо Не, ќе рекле имаш 10 дома, имаш во ранец и која е логиката во ранец да му стои сок кој не сака да го пие? Дај му тоа што сака. Треба да си го знаеш детето, па и да го научиш на бонтон. Еве јас внук ми го носам, ама не чепка сам по производи, не бара, туку прашувам кое сокче го сака, си бира, кој чипс, си бира и готово или прашува имаш ли пари за тоа и тоа уште пред да влеземе. Зборувам за дете од 4 години. Земаме тоа што јаде, пари секако имам плус, ако му текне за чоколадо, сигурно нема да кревам врева по продавници или да викам Не за 50 денари. Другиот внук исто ако случајно скршил чаша, се кае, се нервира и прашува дали е скапо да се купи нова, а за цигарите уште сега знаат дека не чинат и дека не треба да се трошат пари за цигари.
     
    Последна измена: 23 април 2023
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    @1209 Темата е себични родители или зависноста на родителите пред потребите на детето. Така стои во постот на модераторот на прва страна.

    Значи не станува збор за основите потреби на родителите, што е нормално да постојат.
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.003
    Пол:
    Женски
    Ама првиот пост воопшто не прикажува според мене себичен родител оти не знаеме прво цигарите за кого биле, второ не знаеме зошто рекла не на чоколадо, може детето има здравствен проблем( колешката моја ради кандида на црева не даваше никако благо, а детето бараше во продавница) може не сака да го храни со чоколади, од кај знаеме, како можеме да процениме од еден шопинг на каса дека мајката била себична и купила цигари, а не чоколадо или другата мајка купила кафе, а не сок, па уште и срамежливо рекла не, ја проценија од “не мама” каков карактер има. Смешки.

    Инаку и моите беа пушачи и тоа беше единствена работа за која даваа пари за себе, на нас скоро ништо не ни беше скратено, ама мајка ми за себе почна да купува дури сега кога не зависиме од неа, со години само за нас гледаше, па ако една единствена кутија цигари и ствараа задоволство и ако тоа и е потребата нека купи, на крај памет нема да ми текне да речам дека е себичен родител.
    Патем не пушиме ни јас ни брат ми, сепак не биле лош пример.
     
    На drugarka, Ugly Duckling, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.462
    Допаѓања:
    114.800
    Пол:
    Женски
    А ако не биле цигарите за не туку за комшивката што и рекла: Ај ако одиш до маркет земи ми цигари ќе ти дадам пари?
    Не бе не, само да се коментирало.
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Супер, една од ретките си. Мене подобар т.е исти ефект ми даваат голден роуз од 100че на тоа рамниште е со нив.
     
  20. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.081
    Темава е смешки. На петко и рајко му е поважно детето отколку на родителот. Себични биле родителите, па треба некогаш и такви да се. И тие имаат живот. Услуга му направила што не му купила чоколадо.
     
    На kalinaka, Alexandrite и nena2010 им се допаѓа ова.