@1209 Да, те разбирам што сакаш да кажеш. Од првиот пост не можеме ни да судиме, ни да анализираме кој знае колку. Но, ете темата потоа е отворена за во таква насока, да речеме, хипотетичка ситуација кога родител ја става својата зависност пред потребите на детето. Нормално не е за основните потреби на родителот. Секој треба да е дома и најаден и облечен и дотеран и се. Како децата, така и родителите. Тоа според мене не се ни дискутира Дискусијата е кога поради зависноста, родителот стане себичен и тоа веќе влијае и на него и на децата.
Јас до ден денес памтам кога од мајка ми не добив ич пари за трошење за еднодневна екскурзија во 4то одд оти "што ќе ми биле" ама за цигари за неа немаше проблем. Ама у реду
Не ја сфаќате темава. Не е само чоколадо во прашање. Има куп ситуации. Но, за сите истото важи. Не е себичност понекогаш родителот да му рече не на детето за нешто. Себичност е родителот да ја стави зависноста пред потребите на детето. Значи, родителот треба и на себе да си рече не. Оти зависностите им штетат и на зависниците и на тие до и околу нив.
Баш така. Знам примери каде мајката не работи, ама си пувка цигарче по цел ден, а децата со скинати чорапи. Ќе се сожали бабата и трча купува чорапи. Нема пари за на лекар за детето, ќе плати дедото, а за цигарче има. Ќе се оди во Струга на екскурзија, за цигарче има, а во Струга имало Албанци, не требало да се оди. Денес децата се момчиња, си заработуваат добро, а мама им бара пари за цигари. Тоа е неодговорноста што во нашево општество се смета за нормална, а за скинатите чорапи можеме да најдеме изговор од типот "мајката не е себична, само брзала, не видела или сите здрави чорапи биле во машина за перење".
Јас предлагам на пушачи да им се забрани да прават деца, тие што веќе имаат деца да им се одземат. Ќе купувале цигари, децата со трауми ќе шетаат. ц ц ц
Тие што не пушат цигари гледам станеви, куќи им купија на децата со заштедените пари. Може ако анализа направиме ќе се види дека само децата на непушачите одат на екскурзии и јадат чоколади. Додека сте на каса, им гледате во ќеса на непушачите да видите дали си купиле нешто за себе што не е неопходно? Не се само цигарите "луксуз".
Ако имаш, ќе трошиш на што сакаш, никој не губи, просто. Ако немаш добри приходи, а имаш деца, и претпрочиташ месечно да даваш 100+ евра на цигари и при тоа постојано се жалиш како за ништо немаш пари, не можеш детето на англиски да го запишеш, не можеш на спорт да го носиш, итн; тогаш си себичен родител, просто.
Site zavisnosti sozdavaat sebichnost: droga,alkohol,cigari,slatki,hrana, kocka,zavisnosti od vezbanje ,workoholik,od kompjuterski igri,fb I socijalni mrezi... Ako e zavisnosti toa stetno deluva I sozdava sebichnost I kon decata,partnerot I semejstvoto.Site imame po nekoja zavisnosti no nekoi se kontrolirame (iako I greshime ponekogash),a drugi ne se kontrolirame. Ima li idealen roditel?Jas ne sum,nitu nekoj poznavam.
Темава е на исто рамниште со таа како се облекуваат лесните девојки. Тролови си играат мајтап со цел форум
Замисли секој ден треба да се пазари. И на секое пазарење да се купи чоколадо за детето. Тоа се 30 чоколади во месецот. Дијабет, дали се слушаме. Се фатиле за цигарите, а ваму би дале крв да тече во шеќерот низ вените на сопствените деца. Не знаев дека во маркет треба да купуваме што другите очекуваат да купиме, а не тоа што нас ни треба и го сакаме.
Не е за родители, пушачите се општо себични луѓе. Еве каменувајте ме и запалете уште една цигара. Пушат во затворени простории, немаат почит дали некому му смета, не економични се и најчесто крпат низ животот. Ќе се разболат па се на товар на другите околу нив. После 40тата им почнуваат проблемите. Ќе ти кажат за некој Столе што до 70 пушел и ништо не му било, ама еден е Столе у 200. Кај нас има 0 кампањи за пушење затоа што сме дувло отпад во светот и на нас печалат и фармацевстка и тутунска индустрија. Цената е превисока на било каква плата да си, тоа многу кажува. Не очекувајте многу разум затоа што веќе самиот порок се коси со разумно размислување. Премногу е нормализирано, за жал.
Дијабетесот е најчесто наследен. Кој што сака нека си прави, ама пари и здравје не горам. @winnie02 фино си кажа. Ние во Македонија што плати имаме, за преживување, одбиј трошок за цигари, тоа што ќе остане е само мизерување. И секогаш се повикуваат на некој Стојче што умрел на 90 години, а пушел, а тој е еден во стотици пушачи. Нема да каменуваме пушачи секако, ама со 120 денари, ќе купиш овошје, детето ќе јаде здраво. Моите пушеа, така што знам колку не се себични пушачите. Во животниот век спалија пари за една гарсоњера со сигурност, можеби и повеќе. Минатиот пат татко ми ме извади од кожа, заборавил да си купи едни лекови од 120 денари, не од немање пари, од неодговорност, а цигарата за чудо не ја заборава. И џабе ќе се расправаш, а не смее да пуши по препорака на лекар и си тера.
Еве пушач сум па не сум себична. Не пушам во затворено. Дома се пуши на тераса. На детето ку му купам чоколада во граници на нормалното.
Дома не сме пушачи. Ама секое одење купуваме лични задоволства и јас и маж ми (Кафе,КокаКола, Нутела...итн) Дете секогаш оди со нас и го прашуваме што сакаш да ти купиме. Иако има дома смоки, чоколадо пак зимаме уште едно... Себичноста на родител е жална (а и ваљда потекнува од некаде) посебно ако станува збор за дете
Јас трауми' имам од мајка ми која не ми дозволуваше да јадам од чоколадите кои ми беа донесени за роденден додека не се изеде тортата од роденденот, ми викаше не може чоколада да отвориш, додека има торта, кога ќе се изеде тортата, ќе дојдат на ред чоколадите.. Се надевам дека некој што не слушал после секој роденден како се караме, не не оговарал негде вака јавно..
А шо е толку трагично ова? Може ко дете не ти е логично ама сега ти возрасна зар уше мислиш дека мајка ти те истрауматизирала? Нели е логично торта парче па чоколади кај е крајот.. Аманте бре луѓе испомешавте баби и жаби…
Сарказам е Ама интересно ми е дека тогаш се карав со неа и се лутев зашто не ми ги дава кога се мои..