Поглупа тема немав прочитано… Дали мајката на детето му купила чоколада или не , дали мајката била себична , дали детето има траума од тоа шо мајката не му купила чоколада , дали мајката е себична ако пуши, дали детето има шо да јаде ако мајката купува цигари, дали мајката шо не пуши повеќе го сака своето дете од таа шо пуши … Дали сте сериозни ??Дали? Пушач сум и не сум себична , моето дете има се и имам и јас за цигари , дали е тоа нешто чудно ?? Мн сме сиромашни тоа е проблемот не се цигарите хх
Тогаш истиов муабет можеме за се да го правиме - себична мајка си прави нокти место на детето чоколадо да му купи, промер. Не е важно дали се цигари, вино, кафе, козметички третмани или што и да е, секој со своите пороци. Ај ако не да не живееме повеќе од ко ќе родиме, или скришно да купуваме тритс за нас оти вака некој на форум ќе не збора. И јас на децата не им купувам се што ќе побараат, ќе им купам нешто што сметам дека е ок… ама секој ден чоколадо не купувам, па фала богу од мојата “себичност” барем нема да се товат со шеќери секој ден. Банана да ми побараат во секој момент ќе купам, јаготки пример, ама во маркет НЕМА да им ги исполнам сите желби оти ќе треба со еден најлон глупости да излезам. И да, ако имаме дома тоа што бараат нема да им купам, оти имаме дома и тоа е тоа. Па вие можете по форуми до утре да оговарате, штом не сте им дома, немате ни право и е искрено доста малограѓански. И место како жени да речете секоја жена има право на сите обврски да си удоволи и себе (што и да е), вие низ нос ќе и извадите и триста етикети ќе и залепите. Не знам, јас искрено не гледам на такви работи, и не им се пулам во корпите на луѓето. Секој за себе.
Одговарам прво на скроз почетното мислење пошто допрва ќе ве читам. Мајката и детето влегоја да купат нешто. Дете можи да побара 1000 работи во продавница. И не можи да му се удоволат сите, за негово добро. Ама пак се двата во продавница, и мајката ќе купи то шо требало. То шо и цигари биле на листата, ќе се купат. Детето можи има чоколади дома, можи нема. Можи периодов не смеј да јади. Хел, можда и цигарите не се за мајката и се со броени пари. Можи мајката вежба "не" за одредени производи. Стварно не знајме како е кај некој дома за прокоментираме дека цигарите сега се приоритет наспроти чоколадо. А себични родители постојат. Ставајќи се себе, и доста често зависностите пред семејството (чист пример семејства каде родител е зависник или алкохоличар), ама и во многу други ситуации. И тоа е себично и не фер кон детето. Ако магично се има за цигари во сиромаштија ама не за детето да, то би било себично. Едит. Улогата на тетка и на мајка се различни. Како тетка имам едни цели, да усреќам детенце, денот да му го напрам во то време шо го имаме заедно оти и мене ќеф ми е ама и него очигледно и немам подлабоки одговорности. Како мајка морам да поставам и одредени граници пошто ако на секое "а" има "на", со тек на време ќе има други проблеми.
Toa се сложувам - 100%. Да немаш за леб за децата, а да купуваш порок со последни пари е себично ептен. Не дека нема такви случаи. Ама на случајни минувачи, не ни знаеме каква им е ситуацијата, и не можеме да судиме. Пример мене да ми побара ќерката чоколадно млеко, ќе и речам НЕ, некој ќе ме види може и ќе ме осуди. А стомакот не и го трпи, има повраќано неколку пати после чоколадно млеко. Тој во маркетот или кај и да е, што ќе ме види нема да знае и ќе рече, себична мајка детето и побара чоколадно млеко, оваа не и купи, а за себе си купи кафе (пример).
Woe, себични родители темава. Што е дефиниција за себичлок? Тоа што купила цигари не чоколадо? 1. Јас си ги заработувам моите пари. Имам деца ама сигурно дека ако цигарите ми се единствено задоволство кое си го пружам и ако носам 100 ден ќе купам цигари. Не сум пушач ама разбирам потолно. Да немам дома леб да јадеме а да купам цигари можда сум себичен родител. Ама вакам хм 2. Децата ( бар кај мене ) бараат се нешто. Ако им дозволувам се не ги претворам во себични и разгалени? 3. Темава е бул шет што не ги ни читам сите мислења, сигурно ќе ме изнервира некои. Себични родители. Примери гледам само купила цигари место чоколадо и сл на вој. Зошто сметате дека ако имате деца светот запрел и се се врти околу нив. Зошто да не купам нешто за себе наместо на децата? Секој родител мисли на децата, ама дека во тој момент кога купила цигари е одма себичен родител. Стварно се чудам.
Различни се. Ама ако сакам да му удоволам на внук, ќе сакам и на мое родено дете. Не викам дека секогаш ќе му купувам, ама нема и секогаш да го одбивам и оставам да плаче. Ако вие некои велите дека не ви е гајле ако некој ве гледа како себични, и на нас не ни е гајле ако некој не гледа како премногу попусливи. А не сме, само така си мислите. Како и вие што не сте себични, туку само така ве гледаат одстрана.
Дека постојат себични родители постојат, немаат леб да јадат ама последниот денар за цигари или алкохол ќе го дадат. Имам пример во комшии женава пие, пуши едвај имаат да сврзат крај со крај за децата кога и бараат нема ама за цигари има. Сите и викаат како можеш така неа ич не и чуе. Ама да осудуваме некој кој не го познаваме рандом е безвезе.
Na vas sto vi e bullshit temava ocigledno na sovest vi udira, ne znam sto e bullshit fakt e deka postojat sebicni roditeli koi gi stavaat svoite potrebi pred onie na deteto i toa e apsolutno za sekakva kritika. Posebno vo vakva situacija kade za porok se ignorira zelbata na deteto.
Bullshit e затоа што воведот не е конкретен и мислат темава е за оговарање некого во маркет што сме го виделе. Требаше да дополни во воведот модератор за што е темава и зошто ваков наслов.
Па јас повеќе би ги нарекла неодговорни родители,него себични.Мислам дека тука нема простор за разговор,родител што го запоставува детето и наместо да му купи овошје и зеленчук купува цигари не е себичен него е ненормален а најмалку па родител.Да е нормална државата би им го одземала детето.
Никој не класифицирам бидејќи секој знае како е најдобро да го воспитува своето дете. Нема тука попустливи или не. Но, исто така не е тема на муабет и е да не претрам ама слободно ќе речам глупо да се спомне дека некој купил цигари наместо чоколадо на детето. Исто и обратно да е.Да коментирам леле на детево му купи чоколадо не си купи цигари. Јас денес купив парфем дали сум себична дека не купив чоколадо? За мене парфем или било што за некој се цигари.
Абе на ќерка ми е желба ајфон од 50000, и се треска од земја од што не и купувам. На јутјуб видела некој имал. И сеа себична ли сум? Во маркет се треска бај д веј за се. Луѓе ме гледаат и сиг ко тебе некои коментираат што мајка е не и купува. Што треба јас една количка само за неа за да утре не се прочитам тука во темава? Дај не ме заебавајте. За се има граници. Себични се тие што ги родиле и ги фрлиле на улица да питачи и да се снаоѓа како знае и умее според мене. Не е себичен ако и овозможам се што и е потребно, ама замисли не сум и купила баш тогаш кога сака чоколадо.
@RainBow Може ли да го смениш насловот или да го дополниш воведот на темава? Некако многу лево и десно оди дискусијата.
Се додека родител му овозможи на детето - кров над главата, топлина, облека, храна, да е детето сито, облечено, испрано, образовано, наиграно, прошетано, не гледам како е себичен оти си одвоил и за себе пари за нешто. Желбите на децата се бескрајни, моите да ги оставиш, само чоколадо ќе јадат и за доручек и за ручек и за вечера. Па нема да купувам, и нема да е за жалење ако место чоколадо јадело дома салата, ориз и копани, пример. Јас гледам последно време домашно благо да им правам, кекс и слично, и сега себичлук е ако не купам чоколадо в продавница? Не купувам чипси, им пукам дома пуканки.... себична сум ако речам не за чипс в продавница? Не ве разбирам... од едно НЕ на каса што сте слушнале, го преплакавте детето, го направивте измачено, гладно, несакано. Драма квинс!
Со муабетов тука што се води, насловот повеќе би одговарал запоставени деца. Ако НЕКОГАШ родител си стави свои потреби пред потреби на детето, односно прво тие ги исполни, па после на детето.. тоа не го прави себичен. Па таман работа сите кеифови одма да им ги правиме на децата пред се друго, па да добиеме размазени деца. Друго е ако детето е СЕКОГАШ запоставено и не му се исполнува ништо, а родителот само за себе си гледа. Секој си ги знае своите деца, па и своите можности и неможе да замерувате на една мајка што не купила чоколадо баш во тој момент кога детето сакало. Може тоа дете само што јадело чоколадо, може дома има такво чоколадо, може не смее такво чоколадо или едноставно мајката си има граници кога да му дозволи да јаде чоколадо. И јас сум викала не за многу работи баш вака на сред каса. Денес чоколадо, утре којзнае што ќе бара. Од чоколадо се почнува, што друго би барало дете мало во продавница Мора да научи дека неможе да добие секогаш се што сака.
Па себична си него шо, парфем ке купуваш ајде не се заебавај од кај имаш пари за парфем за себе, не треба да имаш свои потреби одма си лоша мајка со запоставено дете, смешка