1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Себореичен дерматит на лице

Дискусија во 'Лице' започната од MissDaisy, 9 јули 2015.

  1. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Драги феминки,

    Ја отварам оваа тема со цел да споделиме искуство за оваа состојба на кожата на лицето - себореичен дерматит.
    Голема улога во создавање на себореичен дерматит има преголемото лачење на себум како и една габа сапрофит која е дел од нормалната човекова флора на кожата. Сапрофитот се храни со липиди (масти) односно со себумот. Додека се храни од себумот таа испушта токсини кои и штетат на кожата. Кај луѓето со себореичен дерматит одбраната од овие токсини е намалена или ја нема.
    Исто така се појавува како резултат на хормонален дисбаланс, неправилна исхрана, конзумурање на голема количина алкохол, големи количини на кафе (тие имаат вазадилаторно дејство - проширување на крвните садови а со тоа и поголем проток и размена на материи во крвта. Стресот е исто така голем причинител.
    На лицето се манифестира со црвенило, перутање кај пределот на носот, веѓите, челото, образите, брадата, пецкање, чешање.
    Јас имам блага форма на себореичен дерматит на лицето. Дерматологот ми препиша користење на Келуал ДЦ крема наутро и навечер, внимавање на исхраната, внесување витамин Ц, капки Фемисан А и намалување на стресот. Ве молам за ваше искуство, како се справувате со себоречен дерматит?
     
  2. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Зар никој нема ваков проблем? :?:
     
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    јас имам ваков проблем на цело лице , врат , кај градиве и почна дури на грбов , сонцето ми е природен лек , инаку за на зима сум ужасно црвена , ме чеша , ме пецка и користам ДЕРМОВАТ маст , и мн сум задоволна , со здравје да си ја носиме :(
     
  4. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Мене па сонцето воопшто не ми е лек. Морам максимално да се штитам од него. Тоа е, оваа состојба е неизлечлива, за жал, ама може да се држи под контрола со соодветни креми. :) Читам дека твојава крема е од типот на кориткостероидни креми, и дека е за псоријаза, што не е исто со себореичен дерматит. Себореичен дерматит е перутање на кожата на лицето. Како што се појаваува перут на кожата на главата, така може да се појави на кожата на лицето, и обично го зафаќа делот кај ноздрите на носот, делот помеѓу веѓите, образите, брадата. Обично дерматитот бара масна кожа за да се развива, односно жлезди што лачат прекумерно себум. Коритостероидините креми не се добри за себореичниот дерматитот бидејќи ја истенчуваат кожата, што дополнтелно може да предизвика иритација.
     
    Последна измена: 13 август 2015
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Душо имав постојано перутрње на лицето , моето лице ми беше мн мрсно и наеднаш ппочна да се суши , дермоват точно дека е за псоријаза , но од кремите само дермоват ми помогна , користев белогент , декотал , од леа крем за себореја , канстен и мн други , ти што користиш ?
     
  6. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Навечер користам Kelual DS крема за себореичен дерматит на Ducray е кремата, а наутро Bioderma Sebium Hydra.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    некој дали има ваква кожна болест?
     
  8. Bruneta

    Bruneta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Jas imam na glava uzasno mi smetaa ne se gleda ama jas znam tuka e imav i na lice, i kaj uvoto, no edna apotekarka mi napravi mast na lice poveke nemam no na glava e tuka so godini mislam deka od kosata e potesko da se lekuva :worried:
     
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.940
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    И јас имам ваков проблем и ужасно ме нервира. :@ Бев на дерматолог ми даде гел за лице d.s gel nettoyant и крема d.s emulsion. Скоро една недела ги користам и како што гледам нема уште ефект и дали и ќе има воопшто.
    Сеуште имам црвенило околу веѓите и носот и многу перутење, кога ставам ноќно време ужасно ме пече ми се иде кожата да си ја откорнам :devil: и многу ужасно изгледа и пудра да ставанм пак се гледа, ми е срам така да одам низ град. :(
    Толку многу акни што имам низ лицево уште тоа ми фалеше и скоро цел месец го имам тоа и никако да помине.
    Како се справувате вие коишто имате себореичен дерматит?
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ucenik25

    Ucenik25 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    И јас имам ист проблем се пробав но се е краткорочно!
     
  11. Heart of Steel

    Heart of Steel Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски

    Имам комбинирана (накај масна) кожа, несклона кон акни и патам од истиот проблем.
    Единствено што ми помогна е Avene Calcificate Repair Cream.

    [​IMG]

    Кремата не се нанесува на целото лице, туку само на критичните делови. Истата не содржи кортикостероиди, што значи дека е безбедна за секојдневна употреба. Цената е околу 600 ден, ја има во сите поснабдени аптеки.

    За жал за повеќето кои патат од овој проблем изборот на козметика за нега на лице претставува кошмар. Затоа ќе ги споделам производите кои досега ги имам испробано.

    Производи на Avene:

    1. Avène Cleanance Gel за чистење
    [​IMG]
    Овој производ ми предизвика дополнително перутење и црвенило дури и во некритичните делови на лицето. Можеби причината лежи во тоа што истиот е наменет за масна кожа склона кон акни.

    2. Avène Lotion Peaux Intolerantes (L.P.I.)

    [​IMG]
    Лосионот за чистење на нетолерантна кожа, ми одговара. Го користам наутро и навечер пред нанесување на крема. При првите 2-3 нанесувања ми се јавуваше црвенило кое исчезнуваше за некои 15тина минути, со редовна употреба црвенилото престана да се појавува. Нема никакво влијание на дерматитот.

    3. Avène Crème peaux intolérantes
    [​IMG]


    Прочитав дека на многу луѓе кои се соочуваат со сличен проблем им одговара оваа крема за дневна нега, па решив да ја пробам. Искрено, од истата дополнително ми се измасти лицето и приметив појава на акни (инаку мојата кожа е несклона кон акни).

    4. Avène Hydrance OPTIMALE Legere

    [​IMG]

    Моментално ја користам оваа крема, не ми влијае негативно на дерматитот и не ми ја масти кожата дополнително.

    5. Avène Термалната Изворска Вода
    [​IMG]

    Не смета на дерматитот т.е не предизвикува влошување на состојбата. Има повеќе намени. Може да се користи за отстранување на шминка, за третирање на изгореници од сонце, после бричење...бебешка хигиена.

    Производи на Alverde

    Немојте да се залажувате со вакви евтини производи, кои во својот состав содржат голема количина на алкохол. Нашата кожа е осетлива и бара посебна нега.

    [​IMG]
    Го купив гелов за миење на лице заедно со кремата од истата линија. Откако се измив со гелот и нанесов од кремата целото лице ми стана црвено и ме пецкаше. Ми требаше цела недела за да го вратам лицето во нормала.

    Производи на Eucerin

    [​IMG]
    Кога ја купив кремава направив почетничка грешка. Постои разлика помеѓу нечиста кожа и кожа склона кон себореичен дерматит...Логично, кремата не ми одговараше.

    Dr. Woods

    [​IMG]

    Овој производ е достапен на iherb. Немаше влијание на дерматитот (повеќето производи ми ја влошуваат состојбата), ми ги исчисти црнките.

    SUKIN

    [​IMG]

    Користев повеќе производи од оваа компанија. Генерално производите се ок, не ми ја влошија состојбата. Истите се наменети за дневна нега на лицето, не за третирање на дерматитот - значи доволно е да не ви ја влошат состојбата.

    Себореочниот дерматит не може да се излечи, истиот само може да се држи под контрола.
    Постојат производи кои се наменети за третирање на дерматитот - од нив треба да очекувате да го вратат лицето во нормала (привремено) и производи за дневна нега на лице - од нив треба да очекувате да не ви ја влошат состојбата т.е да не предизвикаат дополнително перутење на кожата, црвенило, иритации. Кога станува збор за производи за третирање на дерматитот избегнувајте ги оние кои содржат кортикостероиди.

    Што се однесува до исхраната имам приметено дека ми сметаат млечните производи.

    Да сумирам - моментално користам производи на Avene. Незаменливата крема Avene Calcificate - која е смрт за дерматитот, а за дневна нега Avene лосионот за чистење на нетолерантна кожа + кремата Avene Hydrance Optimale Legere + Термалната вода на Avene.

    Ќе ве замолам и вие да споделите што користите за дневна нега на кожата. Дали сте приметиле некои состојки кои ви одговараат или некои кои ви ја влошуваат состојбата?
     
    Последна измена: 24 септември 2018
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Колку е само неактивна темава, ама да си прашам. Некој што користи Kelual крема да ми каже од каде ја зема? Ја нема скоро никаде. :doh:
     
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    10.459
    Пол:
    Машки
    Од каде си ја земала претходно? Дали ти помогна?

    Јас користам sensibio ds+ од Биодерма и имам доста подобрување на лицето, ама со првут мака мачам во периоди кога сум под стрес.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Не ја користам јас, моја блиска особа ја користи, ама сега ја нема ниту во таа аптека од каде што ја замаше па затоа прашувам. На Интернет гледам пишува дека во Зегин ја има, ама па ја немаше кога прашав. Инаку, според тоа што ми има кажувано, ефикасна е. И други креми има користено, но оваа била најдобра. Ја бараме сега во аптеки надвор од Мкд.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    А за првут на глава?
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    За првут има шампон од истава марка. Тој барем е подостапен во аптекиве.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    10.459
    Пол:
    Машки
    Во кои аптеки? Последниве денови барав во аптеки но, го немаше. Во еурофарм пак, ми рекоа дека продуктите од Келуал не се увезувале во Македонија веќе една година.. :^)
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Знам дека го имаше во една аптека шампонот, ама локална. Мислам дека и во Зегин го имаше...

    Јас кремата од Србија ја порачав, преку Нет. Два пати поскапа од што беше овде, сосе трошоците за испорака, ама тоа е. Ако не го најдеш шампонот, пробај и ти порачај.
     
    Последна измена: 18 септември 2020
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AciAci

    AciAci Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Здраво, и јас сум со иста „дијагноза“ :) затоа го отворив профилов да споделам „искуство“ :) инаку машко сум и многу ми ствара проблем во пределот околу устата при бричење. Бев на кожен лекар пред неколку месеци и ми даде еден куп работи што за пиење што за мачкање. Ми рече дека лекувањето трае 3 (три) месеци и демек ке се среди, али еве после некое време повторно ми се врати. Три месеци се „лекував“ и со антибиотици пиев Flagyl, и Minocin, и ставав некој шампон Ketokonazol, и навечер да мачкам една крема што ми ја направија во една аптека од следните состојки (белогент, ројазол и некој си „магистрален лек“) ми рекоа дека кремата е со кориткостероиди. И со оваа терапија бев 3 месеци али ништо не излезе, додека користев се беше ок али еве после еден месец пак се врати.

    Сакам следно да пробам со некоја крема што ја прави некој во Чаир, Скендер Хоџа

    Исто така и мој другар има ваков проблем и се третира со некоја крема Uriage со цинк, и е доста задоволен.
     
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    10.459
    Пол:
    Машки
    На почетокот, кога го открив проблемот и бев на дерматолог, користев ројазол за кожните промени. Инаку во главно промените ми се локализирани во пределот на носот и околу носот, понекогаш(при стрес) ми се јавуваат и во пределот на веѓите(во почениот дел) и секако на скалпот во вид на првут со променлив интензитет. Со текот на времето ми се јави и меѓу градите, ама таа промена ми е да речам "помирна".

    Со ројазолот гледав многу мал ефект, кој беше прилично краткотраен. Пред околу една година, почнав да користам sensibio ds+ крем од биодерма и можам да кажам дека МНОГУ ми помогна. Црвенилото речиси и да го нема, понекогаш знае да се интензивира црвенилото при стрес, ама не како претходно, сум немал чешање веќе една година и во пределот на веѓите ретко ми се јавува. Уште сум во потрага по шампон, кетоконазолот го користам од време на време кога ми се јавува првут, ама пак ќе речам ефектот не му е баш соодветен. Погоре, членка го спомна шампонот kelual ds, ама зегин и еурофарм не го увезувале веќе една година, а треба да го побарам node ds шампонот од биодерма за истата намена.
     
    На AciAci му/ѝ се допаѓа ова.