#СегаКажувам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 17 јануари 2018.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.894
    Допаѓања:
    152.884
    #СегаКажувам и #TaniTregoj е макседонскиот пандан за #MeToo хаштагот кој го потресе светот после многубројните исповеди за сексуални вознемирувања во светот, најмногу во Америка.
    Има за цел да ја подигне свеста што се претставува сексуално вознемирување, низ претставување на реални приказни.
    Оваа динамика и отворени прашања предизвика да се крене гласот за правата на жената и во другите сфери, како и нееднаквоста во однос на пазарот на работна сила.
    Статистиките покажуваат дека секоја втора жена е сексуално вознемирувана на различен начин од својот партнер, својот работодавец, професор, колега, пријател, непознат минувач, роднина итн. Многу од вознемирувањата, за жал, не се препознаени како такви во времето кога се случиле.
    Време е да се крене гласот и да ја зборуваме својата вистина! Без осуди, без предрасуди, без срам, но и без злоупотреби. Време е да се де-нормализираат некои нешта кои често поминуваат низ толеранција и смеење, нешта кои поминуваат како нормални зошто - мажите се само мажи и што би очекувале друго? За жал не се засегнати само жените, честопати и мажите се жртви на жени кои се во надредена и авторитетна позиција према нив.
    Тука можете слободно да ги напишете вашите приказни.
    Забранета е сечија осуда и мислење за истите.



    #СегаКажувам губи на поента со раскажување на приказните за манијакот од парк и слични патологии. Манијакот од онанира јавно сите сме го виделе ко деца дур се ашкавме по парк. Тоа не е траума, аман луѓе, аман.
    Девалвирате силувања, уцени, директни напади и така натака.
    Нема потреба од се да се задоволува желбата за внимание и да се најдеш во муабетот.

    #СегаКажувам дека 3 години ме малтретира еминентен професор на земјоделски факултет по телефон.
    Пријавен, плашен, блокиран, закани, дерења, директни соочувања. Институциите креваат раменици.
    Муабетот е секогаш ист - да ми помогнел да дојдам до незаслужени титули и бенефиции и за возврат... се знаело што. НЕ, не е никогаш одговор кој го прифаќа и фрустрира, нервира, ти оди да се дереш, да го убиеш, да го претепаш, да го обесиш, зошто не ти го слуша гласот. Создава страв да не го сретнеш додека си сам. И точно знаеш каде седи и избегнуваш да се движиш во тој круг. Самото тоа што си неслушнат, непочитуван, негиран прави да се чувствуваш беспомошен, а дополнително кога институциите не реагираат.
    Јас и кој знае колку други. Верувам многу кај кои со задоволство поминува сето ова... и тој така добива сила.


    #СегаКажувам за настан во блиското семејство каде девојка доби печат за целиот свој живот. Деталите се лоши и само трауматични за некој да ги прочита и не можам да кажам што значеше сето тоа за целокупното семејство кога болката и сочувството се проширија, но неа... неа душата и е жигосана. Суд? Каков суд. И пишаа дека има психичка дијагноза, а нема. Немала никогаш, ја имаше најсветлата аура која згасна и сите го гледавме тоа. Копилето беше син на погодете што - професор на факултет, го ослободија набрзо и избега во странство. Сите искрено се надеваме дека не е жив! И најтрагичното, неговото семејство знаело што прави и се шетал со СЕКИРЧЕ ВО ПОЈАС за да плаши девојки. И не била само она... од една има и дете. А процесов траел со месеци... со месеци. И се заканувал по помалиот брат, ја гонел, ја следел и на крај завршило како завршило. Она од страв на никого не кажала, храбро трпела. Не одам во понатамошните детали кои се гадни, грозни и тажни. Ниту една жена на светов не го заслужува тоа каква год да е. Ама ова... само затоа што си убава? Оф господе...
    Родителите сакаа анонимно медиумски да го покријат ова, а него со име и презиме да го кажат јавно, но погодете што се случи...
    Денес има маж и дете, но никогаш повеќе не е истата... никогаш.
    Е тука живееме.

    #СегаКажувам дека сексуално малтретирање е секое ваше одбивање на вашиот сопруг и дечко, и неговата лутина околу тоа. А вашата типично женска реакција - да не се лути, ај нема врска, он ми е партнер и прифањето на тој булшит е дозволување на истото. Дека е тоа така сега скоро излезе во јавната анкета, како кај нас, така и на светско ниво дека ова е сексуално вознемирување. Само зошто е дечко или маж, нема право да ве малтретира психички и физички.

    Што имате да кажете вие?!

    Дел ќе се предадат на пакоста и ќе го прифатат како такво за да се ситуираат. Дел гласно ќе зборуваат. Жал ми е што има многу недостоинствени жени кои ова не ги навредува, туку им ласка и ги прави среќни. Такви кои можеби си викаат дека ништо не губат, а и човекот им е привлечен.
    Сем што ги осудувам мажите кои го прават ова, ги осудувам и жените кои го прифаќаат тоа, тие се тие кои го даваат зеленото светло за останатите жени кои достоинствено ја носат својата глава исправено, такви кои имаат семејство, љубов и интегритет.
     
    Последна измена: 17 јануари 2018
    На MarchelineAmaru, Bender Rodriguez, Victorian и 45 други им се допаѓа ова.
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    #сегакажувам и коментарите кои следат на тие постови само едно кажуваат: тешка мизерија сме. Тешка сељачана од народ кој порадо би верувал дека приказната е измислена и дека жртвата е крива отколку да го помрдне задникот и да преземе нешто. На форумов читаат и мајки на момчиња, па внимавајте во што ќе ги израснете. Внимавајте какви сопрузи бирате, каков пример им давате.
    За жал и јас имам приказна за #сегакажувам. За среќа кажав и тогаш кога требаше. За поголемо жалење е што на типот тоа му беше повторено дело, а органите на власта му дозволија да помине со "извини" и паричен надоместок.
    И колку вреди сега да кажуваш?!
     
    На MarchelineAmaru, Victorian, blackwave и 22 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.112
    Пол:
    Женски
    Според мене се губи поентата и со рекла-казала приказна. Нели треба да биде наша вистина? И вакви ли приказни се пишуваат под овој хаштаг?
     
    На MacenceEna, carangigia, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.894
    Допаѓања:
    152.884
    Ова не е рекла казала.
    Прееска зборував со братучетката, она самата рече, сакам да знаат, не сакам да знаат дека сум јас, сакам некој да пише за мене. Реално, мислиш дека имам право да пишувам нешто вакво ако не прашав за истото? Тешко веројатно ќе ти е дека е прашано, но во случајов прашав, зошто се работи за туѓо, а не мое достоинство и живот. Иако тука не стои ни моето име.
    Отвори го хаштагот и ќе видиш многу такви приказни во туѓо име. Иако во многуте такви, препознавам дека многумина пишуваат за себе, како да зборуваат за друг, зошто така е полесно.
    И ги разбирам. Кога приказната е голема, траумата огромна, не е сеедно да го ставиш своето име и презиме зад тоа.
    Ако сметаш дека е така, зошто тогаш ја отворивме темава?

    И ова е осуда. Секој го бира својот начин. Јас кажав во свое и во туѓо име, личност кој сака и бара да се збори, зошто медиумите не сакаа да ја пренесат нејзината приказна зошто кретенот беше професорски син. Некој ќе пише за друг, а е за себе... зарем ќе осудиме зошто е некаква си рекла казала, а си збори за себе зошто така му е полесно?
     
    Последна измена: 17 јануари 2018
    На Srcka $, CrazyGirl15, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.112
    Пол:
    Женски
    Јас лично мислам дека кога веќе дошло времето да се каже, треба да се собере храброст да се каже лично.
    Затоа е #metoo и на мене дека ми се случило, не на комшиката.
    Се зборува од лично искуство. Јас барем така го сфаќам.
     
    На Црна Ружа, PaLaVa, Macito007 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.894
    Допаѓања:
    152.884
    Кога не ти се случило за среќа, не можеш да разбереш.
    Како треба, сите знаеме, а како можат, они си знаат.
    Многу мислења кои ги прочитав гласат - сте имале избор, што не сте пријавиле, вие сте дозволиле, си заслужила и слични гадости кои не ми се сфатливи. Кога општството ни е стигматизирано, да, кој како сака може да зборува се додека е вистината.
    И во миту ќе видиш многу такви приказни, разгледај го добро хаштагот.
    Како ти, јас, петко и станко го сфаќаат, не е предмет на муабет.
    Извини, мислењево ти е осуда. Немаме право на став за формата која некој ќе ја избере. Можеби уште е во траума, а сака да каже и кога некој ќе го каже во туѓо име ќе се ослободи.
    Немаше потреба да ме стимулираш да отвориме издвоена тема.
    Може и да се заклучи темава те да се избрише, врати ми го мислењето во сдк и тоа е тоа.
    Форумов очигледно е место каде што за нормални работи не смееш да имаш став и се некој е навреден и засегнат, за ненормални сите молчат и ќе ги изберат запршките и лесните муабети, од друга страна очи си копаат зошто не се пишувало во други теми и така на така... а е измислен иницијативава да оживее баш на него, да добие поддршка и замав.
    Да пишев во Македонски Јавни фаци нешто, во рок од 2 часа како што постои темава, свесна си колку мислења и сеир ќе имаше? И сето тоа е супер, живи сме, луѓе сме, сакаме да зборуваме, ама...

    Супер Девојка, се случило и поминало, поентата кој е? За да научи некој нешто и да знае дека не е сам. Зошто во Македонија сите мислат дека се сами во вакво нешто бидејќи е конзервативно општество во кое долго владее мислењето - сама си го барала. Тука е вредноста.
    Со СегаКажувам и она што ми се случува е веќе 3 години секакви начини. Да, органите не реагираат. Никако. Ништо не направил де. Чекаат нешто да се случи, а и кога ќе се случи, демек нешто ќе направат?
    Од СегаКажувам гледаме што се случува и може да покрене процес на освестување, од сите мислења фактот е дека факултетите се дувла, а професорите заштитени мечки, а тоа треба да престане еднаш засекогаш.
     
    На LUCI 99, mimiiiii, kikkki и 5 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.112
    Пол:
    Женски
    Океј, извини ако ти стапнав на нерв. Само кажав мислење дека ако сакаме нешто да направиме треба јавно да збориме. Ти предложив да го преместам постот за и тука да зборуваме, иако сме анонимни сепак е јавно.
    Имам и јас приказна (за жал), фала ти што претпостави дека немам. Но друг во мое име сепак не би сакала да зборува, зашто ми се случило мене, затоа мислам дека конечно кога веќе се направил хаштаг треба да собереме храброст. Ако не, да читаме додека не дојде и нашето време. Мислам дека поголема моќ имаме така.
     
    На Victorian, Dust, Jas! и 8 други им се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    @Lilit не можеш да покренеш процес со народ што вели "сама си го барала". Толку ни е свеста. Јас не бев сама, таа пред мене не била сама, но дали сме сигурни дека и следната жртвата нема да е сама? Манијак и насилник ти е во крвта, тоа треба да се лечи, да се третира, да се тргне од улица. Не е грип кој минува за 3 дена.
    И сите да раскажеме што имаме со име и презиме џабе е додека не се преземе мерка. Додека психијатар ти вели " напиј се дијазепам и легни, утре ќе си посмирена" и не ти дава лекарско зашто нему секој втор ден му идале девојки на кои дечковците им лепеле шамари и тоа не било страшно, #сегакажувам ќе биде само еден обичен хаштаг.
     
    На MarchelineAmaru и realGirl им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.512
    Пол:
    Женски
    Баш ќе пишев денес во СДК нешто поврзано со ова, браво за темата Лилит :)

    Од мене огромна и бескомпромисна поддршка за кампањата. Ова и #ИЈасИмам на Моџо се нешто најдобро што му се случило на македонскиот фб/твитер простор во последно време.
    Сите видови на приказни што ги видов се валидни и важни, објавувањето на секоја од нив (по колку било време откако се случил настанот и без разлика на начинот – анонимно на социјална мрежа) е своевидна храброст и подигање на свеста за едно големо општествено прашање.

    Секако, кампањава покажа дека има многу храбри, свесни, емпатични и цивилизирани личности околу нас, но од друга страна пак излезе на виделина и заостанатоста, безобразлукот и површното мрчаторство како дел од менталитетот во државава.
    Нема да ги коментирам потсмевот, навредите и оние „си го барала“ коментари над секое пештерско ниво на одвратност... само ќе се осврнам на оние што ја утнале поентата и велат дека повеќето случаи се минорни и attention seeking, па ќе им направат штета на жртвите на вистинско сексуално вознемирување (а очигледно според овие тоа е исклучиво самиот чин на (обид за) силување).

    Значи, хаштагов и кампањава е за секаков вид сексизам и вознемирување, од недолично однесување во сексуална конотација па сѐ до (обиди за) сексуален напад и насилство.
    Затоа што, не е нормално ниту професор во една од најпознатите скопски гимназии, на секоја генерација во секој клас ко најнормален дел од запознавање да им ја кажува на 15 годишните ученици својата трејдмарк мрсна пресмешка дека е стрелец од напред, а девица од позади, да им се обраќа на сите девојчиња со „малечко“ и да ги прашува што ќе прават во вц и да не им треба друштво за до таму. (true story со дотичен што лично ми има предавано)
    Се изначитав за секакви манијаци и стварно е жално што посебно називот професор го носат луѓе на кои еве баш при ваква кампања и тематика на некогашни ученици и ученички ни текнува на нивното „просветно дело“ и „авторитет“, потоа и доктори, газди во секакви институции итн.
    Поентата е дека сето тоа, почнувајќи од нај„безопасните“ стадиуми треба да се денормализира во едно здраво, цивилизирано општество.
     
    На Црна Ружа, Bender Rodriguez, Victorian и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.894
    Допаѓања:
    152.884
    Извини за претпоставката, верувам дека било така со оглед на статистиките кои излегоа баш деновиве. И искрено се надевам дека не ескалирало. Исто така го разбирам и сечиј страв да кажува за тоа.
    Некој сака, некој не сака да зборуваат во неговото име. Различни сме сите...
    И јас не сакам во мое име никој да зборува, ама верувај дека има такви кои сакаат.
    Низ низата постови ко што кажав, препознав вистински приказни кои се кријеа зад - другарка ми... зошто сакаат да кажат, а не можат.
    Не би пишувала во туѓо име ако лицето не сака да каже, во случајов сакаше, ама не сака да зборува она.
     
    Последна измена: 17 јануари 2018
    На Jas!, cresa-jagoda, DraganFem и 2 други им се допаѓа ова.
  11. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден ја прочитав статијата на фемина за хаштагот.
    Убава иницијатива, само има многу "паметни" што на се сеир знаат да фаќаат, да се прават интересни а всушност за жалење се. Баш затоа не би пишала на фејзбук.

    И јас имам приказна за #СегаКажувам, ја кажав претходно и во полицијата, центар за социјална работа и до суд стигна работата и ништо. Манијакот на слобода, без ништо помина - наводно затоа што си го признал делото. Џабе беше моето #СегаКажувам иако ми требаше многу храброст за да проговорам кога институциите не си ја вршат својата работа.
     
    Последна измена: 20 јануари 2018
    На Victorian, LUCI 99, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Кампањава е добра ама не е за кај нас.

    Прво, сите пишале приказни а не пишале име и презиме на напаѓачот. Главното е КОЈ го сторил тоа? Нема еден професор...КОЈ професор?

    Второ , може да се искористи да се нападне некој тајно. Пример мене ми правел некој Доктор нервози, и ке ја искористам кампањава под лажно име да измислам приказна за него.

    Секоја чест на Тозија (и на уште неколку) што јавно споделија и свое име и име на напаѓачот. Тоа е вистинска кампања според мене.
     
    На Alisa22, Ava.84, Jas! и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Браво за темата.
    Мене фала му на Бога досега не ми се случило ништо вакво и можам само да замислам како им е на тие што знаејќи во какво општество живееме собрале храброст да ја раскажат својата приказна. Можам и да замислам како им е и сега кога со сите тие примитивни коментари им се остварува најлошиот кошмар - тие испаѓаат виновни оти си го „барале“ и сл.
    Ама најмногу лично јас се разочарав од објавите на мој близок другар во кои иронично го користеше тагот. Не го очекував тоа барем од него.
     
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    31.072
    Пол:
    Женски
    Тешко е да се спомене име. Друго е да постои веќе дело за кое се одвивал судски процес, за кое постојат докази и каде победила правдата. Често пати таквите гниди се претпазливи и внимателно наоѓаат време и место за своите гадости. Колку и да ти наштетил некој ако немаш докази џабе ти е се, ќе те тужи за клеветење и кај што си повреден душевно и емоционално таму одозгора и материјално ќе те соголат. Баш тие толку споменувани директори, професори и останати фаци на видни позиции, имаат пуштено на сите страни коренчиња и ќе си го извлечат задникот дури и во ситуациите кога многу нешта се против нив. Жално ама вистинито во каква држава живееме.
     
    На Lolo5, PaLaVa, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Машки
    #СегаКажувам Ако некој ве малтетира, најдете некој што знае како да малтетира и да му ебе матер на тој што ве малтетира! Верувајте дека за мали пари има луѓе што прават страшни работи а коа станува збор за малтетирање на невина личност , има добри луѓе од тие лошите што можат да завршат работа и за без пари. .
     
    На kim.k, Gosh, stetoskop и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.932
    Допаѓања:
    224.111
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да ве чуди и да очекувате дека некој со име и презиме ќе излезе. Тие луѓе сега имаат фамилии, знаејќи нашиот народ колку е осветољубив како да пише тој и тој и да очекува утре детето да оди во школо и да не му се случи ништо !? Разумно прават. Ако сакале да тужат ќе тужеле тогаш.
     
    На Gosh, cresa-jagoda, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.703
    Допаѓања:
    322.367
    Неможеш да излезеш со име и презиме на сторителот,од проста причина што се моќни и мојот збор како на анонимус v.s.неговиот збор како еминентен стручњак во некоја област е БЕЗГЛАСЕН.
    Од старт ли да се осудиме да не најде некој иако форумот/ФБ е анонимен?
    Поминало време,си проголтал некоја непријатна случка и доволно е да ја раскажеш за да аудиториумот ја прими и да му биде пример како наивноста (можеби) лошо поминува во животот и како секогаш треба да сме три чекори пред 'злоставувачите'.

    Воедно, некогаш одамна и мене ми се има случено нешто како обид да се изнуди безобразлук од мене.Асистент на факултет.Имав 18 години и мислев дека се што лета се се јаде.
     
    На Victorian, ku4ence, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.362
    Чисто Холивудско какање е ова.

    Потполно ги разбирам траумите и сето тоа не го негирам, арно ама... Се прави некаква фама и од мравка прават слон, со чест на исклучоци. Не знам која е целта? Да се исповедува личноста, да сподели дека доживеала како некој ја манијачи, на пример? И? Што? Ќе го најдат манијакот, ќе го казнат, or something? Или, пак, ова е направено чисто заради олеснување на жртвата?
     
    На daylight, Rebecca_R и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    ^ Не си ја разбрал поентата на кампањава.
    Не е целта да се "пофалиш" на интернет со ваква приказна. Целта е да се подигне свеста кај народот, да се споделат лошите искуства за да се охрабрат оние кои биле жртви на вакво вознемирување и да им се даде до знаење дека не е ништо страшно ако го споделат тоа што го доживеале со некој близок, полиција, психолог, соодветна институција, за да може да се реагира и да се уловат сторителите. И да, на крај краева некој/а споделува исклучиво да си олесни душа од таквата траума што ја преќутува цел живот. Има нешто лошо во тоа? Па луѓе цело секојдневие, цел живот го споделуваат на социјални мрежи, од кога тоа боде очи што некој сака да сподели некоја поозбилна работа која итоа како треба да ја слушне цела јавност?! Не ве сфаќам.

    Секоја чест на сите што јавно проговорија. Колку и да изгледа лесно, не е едноставно да собереш храброст и да раскажеш детали од таква една животна траума. Особено на фејсбук со име и презиме.
    НО кампањава не е за нашево затуцано и уназадено општество. Одма почнаа со јадење трици, одма почнаа да го злоупотребуваат хаштагот и да пишуваат глупи примитивни форици, особено машки искомплексирани ропаци, ми се згади кога ги читав. Прост народ сме и факт е дека вакви open-minded ствари тешко проаѓаат кај нас.
     
    На Bender Rodriguez, Victorian, sorbet и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    19.220
    Пол:
    Женски
    Ајде и мое мислење (можеби нема сите да се согласите , но легитимно право е секој има право на свое мислење).


    Знаете ги читав тие фб статуси на т.н жртви , покрај тоа што го прочитав испага дека сите сме сексуално вознемирувани.
    Маструбирањето на некој манијак во парк е вознимирувачки но мое мислење е додека не ти се обрати лично Ти немаш ништо со тој манијак !
    Некој професор кажал некој мрсен виц и тоа било сексуално вознимирување :wasntme: Зарем ?
    А ако го слушнеш комшијата како пцуе тоа не е сексуално вознимирување?

    Љутфи и Таксистот
    Му рекол дојди на предно седиште , ниту го допрел а тој кажува дека сексуално бил вознемиреен ? Зарем ?

    Ирена Цветковик со професорот што си правела муабети и он и рекол дека ке ја вработа како демонстранка на фах , ама да оделе надвор од Ск .....
    Си мислела дека ке и помогне но откако не и помогнал решила да му врати и да го издаде за непристојниот предлог:wasntme: Во статусот не пишува дека ја допрел или ја присилил ТУКУ прашал .

    Под сексуално вознимирување подразбирам личност да те нападне физички , тебе и твоите интимни делови а ти му кажуваш НЕ !
    Машко е да си праша ,НО ЖЕНАТА ГО ИМА ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР , ДАЛИ САКА ИЛИ НЕ САКА .
    Ова ми изгледа како фалење , нема сексуален напад , нема допир , нема кинење на облека, нема перверзни зборови , овие само се брукаат и ништо друго .
     
    На LUCI 99, ku4ence, daylight и 4 други им се допаѓа ова.