1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

#СегаКажувам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 17 јануари 2018.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Редно време е Македончето да излезе од камено доба, и да почне јавно да зборува за малициозноста што се случува во нашето општество. Редно време е свеста да ја кренеме на повисоко ниво а осудата да ја оставиме зад нас. Колку луѓе секојдневно се малтретирани на секаков начин а молчат од срам и страв, што од мислата- Што ќе каже комшијата, што од страв да не биде етикетиран или избркан од работа.

    Луѓе еден живот имаме никој не залужува да си пигрува со него и да го омаловажува. Малтретирање не е само физички контакт. Малтретирање е и вербално и психички некој да ти прави тортура. Не треба да се молчи. Од друга страна не треба ни околина одма да носи заклучоци и да лепи етикети како некој сам си го бара, како се е монтирано, како се е со позадина за публицитет.

    За моја среќа до сега не сум имала некои посериозни напади, но имало работодавачи од спротивниот пол кои на интервју за работа ми давале несоодветни кометари па едвај сум чекала што побрзo да избегам од таму и никогаш повеќе да не стапнам. Имало полиција која не запирала без поента и не меркала од глава до пети летно време и притоа давала неумесни коментари. Имало манјаци што ровареле по улици и на сред раскрница ќе претрча и те раздрапа по интмни делови од телото да немаш време да се свртиш да не знаеш што те снашло. Памтам случка на стаза со братучетка ми пешачиме, проаѓаат со точак 2 деца кои немаа повеќе од 15 години ја задрапаа за газ братучетка ми и дим да ги нема со точаците и се смеат. Каков "родител" треба да си за таква стока од дете израснеш и воспиташ?

    Само кај нас може да се каже дека таква сериозна работа е какање и булшит, зошто нели сите тие сами си го бараат да не искачаат од дома никој ништо нема да им напраи.
     
    На Bender Rodriguez, Alisa22, Sesil и 14 други им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Сочувство до жртвите на силување или оние кои преживеале обид за такво нешто како и за оние кои биле уценувани за подобра плата или позиција, вработување.

    Но имајте во предвид дека имало и такви кои свесно и доброволно, дури и наметнувајќи се ширеле нозе, па дури откако го добиле или не го добиле посакуваното или барем не во онаа форма која ја замислувале, решиле да се осветат некому. Во светот на шоубизнисот тоа е неретко случај - пари и слава се во прашање.

    Интересно е што требаше некој од Америка такво нешто да покрене за да тоа стане тема и во Македонија.

    Но гледам дека во дел од коментарите се мешаат „баби и жаби„. Едно нешто е некој да ви се додворува или покани за секс а сосема е друго некој тоа да го користи како платежно средство, услов за напредување или дури и насилно да посегне по нечие тело и интима.
    (facepalm) Ајде едукација малку.... Ако се средношколки, тогаш педофилот нема да биде заинтересиран за нив! Педофилите се луѓе (можат да бидат и од двата пола) кои сакаат сексуално мали дечиња (отприлика од бебиња до 10-12 години) како што кажува и самото име, не тинејџери и тинејџерки.

    Секако, на професорите (и професорките) тоа не им дава за право да ги уценуваат и силуваат учениците средношколци. Но ако професорот даде комплимент без да очекува нешто за возврат, дали е тоа сексуално вознемирување? Мене колку пати во средно професорки ме погалиле по коса велејќи „уф колку си убаво момче„ - и сеа што, тоа било сексуално вознемирување?!
     
    Последна измена: 21 јануари 2018
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Да, е. Нема разлика. И двојниов аршин ти е неверојатен. Каква има врска дали шефот е згоден или мириса на лук? Демек ако доаѓа од лепотан, вознемирувањето жртвата треба да го свати како компллимент.

    Си била, и не си знаела. Сега знаеш.
     
    На Bender Rodriguez, dayla, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    11.357
    Пол:
    Женски
    Па тоа сакам да кажам и јас, нема разлика. Но, повеќето би го сфатиле како комплимент ако доаѓа од некој што им е привлечен.
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не била, туку сега откако тоа така се постави наденаш некои луѓе тоа почнаа така да го гледаат.

    Има една поучна приказна:

    Мали деца сретнале на улица проститутка и ја прашале:
    - Што си ти , што работиш?
    Таа им одговорила:
    - Работам све за пари.
    Тие збунети и дале пари, а таа ги прашала:
    - Што сакате да правиме?
    А децата бидејќи не знаеле што всушност е таа, наивно одговориле:
    - Па ајде да играме со топка.
    И почнале да играат сите со топка. Набргу се појавил некој свештеник и шокиран од глетката дека децата играат топка со жена од сомнителен морал им се развикал на сите:
    - Што правите развратници ни едни!!!
    Приказната завршува со зборовите: И така децата ја загубиа својата невиност...
    @Ambitious не го вели тоа, туку дека некои девојки не би имале ништо против доколку би бил тоа некој млад, згоден по можност и ситуиран. Треба да правиме разлика помеѓу понуда и наметнување на понудата.
     
    На Ambitious му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Дали си свесен дека пишуваш дека е океј директор, директор на средно да мерка ученички кои се малолетни и да им дофрла коментари?
    Каде тоа ние живееме?
    Училиште, кое треба да е безбедна институција, каде учат деца, ова е најгнасно однесување и треба целосно да се осуди. Целосно.
    Затоа после имаме ученици кои биле злоставувани и не пријавиле, од срам, од вакви коментари.
    Не смее да е нормално и прифатено вакво однесување, не смее. Не смее на дете да му биде незгодно во училиште зашто професор може да му дофрли нешто и да го гледа како сексуален предмет.
    Не смее.
    Не сакам моето дете утре да оди во школо и така да се осеќа, да му биде незгодно, во училиште. Грозно.
     
    На Bender Rodriguez, Rose96, Hipster и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Chris Savino е креативецот кои стои зад цртичот The Loud House и воедно е еден од оние кои летово беа разоткриени за време на #metoo движењето. Покрај другите гадости, им се заканувал на поранешните девојки кои биле од истата бранша дека намерно ќе ги саботира на професионален план.

    И тука лежи зајакот зошто оној кој е во позиција на моќ не треба да им се пушта на оние кои му се подредени. Не сите искулирано толерираат одбивање. Стравот дека шефот, професорот, менторот (сеедно што е) ќе се одмаздува за корпата воопшто не е неоснован. Точно, никој не е будала отворено да ти каже денес, кога се се снима: „Или ќе имаме секс или ќе леташ од тука“ ама се знае кои се можните реперкусии од кажувањето „Не“. Се знае многу одамна!!! И затоа се работи на кревањето на свеста дека не е во ред шеф да брка вработени, нити професор да вика студентка на приватни консултации во забутан кафич, итн.
     
    Последна измена: 21 јануари 2018
    На Bender Rodriguez, crimson, Aquamarine93 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Аха, значи ако сопругот секојдневно ја малтретира вербално својата "сакана" со пцовки, навреди, погрдни зборови и слично, тоа уствари не се смета за насилство пошто нема физички контакт или во краен случај сама си го барала?! А фактот што личноста трепери од страв секој пат кога ќе и се појави пред очи, нема право на глас во домот, живее под стрес и закани тоа никому ништо м?

    Жално. Многу ми е жал што повеќето сограѓани всушност не знаат да препознаат психичко насилство. Не се изненадив ни од резултатите од анкетата која неодамна беше спроведена. Уствари да, сите сме биле некогаш жртви на некој вид насилство ама како рековте, штом нема модрици, искината облека, стискања, сексуален контакт, не е ништо страшно и тоа е обично какање и преувеличување.

    Се изјаснив веќе во претходниот пост што мислам за македонскиов народ, а некои само го потврдуваат тоа.
     
    На faye, Lolo5, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Кога збориме за кажување „НЕ“ на човек од кој ми зависи платата, за жал, понуда = наметнување на понуда.

    Била, и тоа како била. Само што од деца сме навикнати на вакво однесување па го сметаме за нормално. Штом не е силување, ајде де, не е страшно, ништо не се случило.
     
    Последна измена: 21 јануари 2018
    На Bender Rodriguez, crimson, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Зависи како ги мерка и како им дофрла. Ако им дофрла од типот „Дојди кај мене во канцеларија сама, во спротивно ти следи укор„ или „Ајде да направиме таа 4-ка да стане петка без учење, ама нешто друго за возврат„ тогаш ТОА Е ПРОБЛЕМ. Или ако им дофрла нешто од типот на „Што се задржа толку во вецето, да не си си ја бричиш таму?„ тогаш да, ТОА Е ПРОБЛЕМ. Меѓутоа „дофрлање„ од типот на „што убави моми ни растат тука во нашево школо„ нема никаков проблем. Е сега, зависи и тоа па како е кажано.
    На планетава меѓу луѓе со хормони, желби, нагони... живеееме во воглавно сескуализирано општество но истовремено живееме очигледно и во средина каде некои луѓе се прават наудрени дека такви работи не се дел од човечката природа па потоа глумат шокирани.
    Значи треба да ги воспитуваме децата да бидат искрени и да не ги потиснуваат своите незадоволства и повреденост од туѓото однесување (уцени, присила, вреѓање, тепање, силување, измама и сл.) во страв дека нешто може лошо да им се случи. А не да глумат шокирани од нормални човечки реакции во форма на ненаметливи комплименти.
     
    Последна измена: 21 јануари 2018
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Ти не разбираш дека директор, професор, било какво друго вработено лице не треба и не смее да дава коментари за физички изглед. Самиот коментар, убава девојка, носи нешто со себе на кое не му е место во училиште.
     
    На Bender Rodriguez, Alisa22, Rose96 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Точно дека силување и сексуално воземирување не е исто. Работата е што и тој човек што само сексуално вознемирувал некоја девојка/жена има потенцијал на силувач, значи е некој кој може да стори таков чин ако му се укаже прилика.

    И да, додворување, непристојни понуди, непотребни комплименти од страна на шеф, директор, професор, Е сексуално вознемирување. И чим може без срам така да се однесува, истиот тој човек има потенцијал сексуално и да нападне некоја жртва.
    Така да не е само да велите дека тие што го кажуваат ова само „какаат".
     
    На Bender Rodriguez, Lolo5, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Замислив , и да ке се отпишам од тој фах . Пак ке кажам голем дел од овде не знаете што е сек. насилство /обид/напад.

    Со ова твое мислење као да ми даваш значење на тоа дека испага дека јас ги подржувам тие мушкарци |(
    Не можам да поверувам што прашања мене ми поставуваш
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Хммм вака кажано, се согласувам до некаде... Да, замислете директорката/директорот да каже „пфф ама си грда девојка„ или „кај се погодиа сите стоки да раснат во нашево училиште„. А и како се чувствуваат оние кои не добиваат коментари за убавината? Можеби безбедно а можеби запоставено, љубоморно и сл. Но па од друга страна мислам дека тоа нешто што го носи со себе коментарот за убава девојка (и да не заборавиме на момчињата) си е работа на тој што го кажал/-a.

    Има тука многу теми кои се допираат и треба да се дискутираат...

    Дали е за таквите коментари место во - нагаласувам, средно училиште и факутлет, е дискутабилно. Како директорот да им изрази допаѓање, симпатија и сл.? Не заборавајте дека не се сите директори/професори женети 55 годишници. Има и тазе дипломирани, магистрирани... или нив треба да ги интересираат исклучиво врснички, можеби разведени жени над 40 години? :D

    Повеќе пати имаме слушнато за професори кои се ожениле (ние имавме таков) со своите ученички некое време откако истите матурирале, па основале семејства и тн. Сигурно не ги запросиле на матурска, претпоставувам дека тоа почнало порано со дофрлање(во притсојни рамки!), намигнување, искачање... и сеа замислете некој да им кажал „Еј абе знаеш ти уствари не си вљубена туку си сексуално вознемирувана!„

    Имаше низ амер. медиуми случај пред некој година во САД, младата професорка (околу 25 годишна) имала врска со некој ученик (16-17) и неславно завршило затоа што ги пријавила ученичката која си го имала меракот на дечкото и била едноставно љубоморна.

    Од друга страна пак тука се отвора простор за нерамноправност, таа му е миленичка на професорот/професроката (ако е лезбејка) па не мора да се труди толку за 5-ка.
     
    Последна измена: 21 јануари 2018
    На Lolo5 и Justicija им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Ама зошто ти да се отпишеш? Ти ништо не си направила, не си згрешила зошто ти да се отпишуваш?
    Леле луѓе...
    Ако дошло до тоа да се отпишеш поради тоа што се чувствуваш загрозено на факултет треба да имаме институции кои ќе реагираат, а не ти да се отпишуваш.
    Со тебе не дискутирам повеќе. Таков тролачки тон не е соодветен на ваква сериозна тема.
     
    На Bender Rodriguez, Luciferovog zlo♧, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Каков тролачки тон??? Соочете се со реалноста бе луѓе, не ги гледајте тесноградо работите од америакнизирана филмувана перспектива само.
     
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @Justicija,
    ама зошто ти, жртвата, да си таа која ќе мора да напушти се и да почне од почеток на друго место а тој, агресорот, да си остане таму, во удобна фотеља и да ужива во привилегии и почит. Сем тоа, има ретки катедри кои ги има само на едно место и толку. Зарем треба да се откажеш од сонот дека ќе работиш нешто што од дете си го сакала?

    Епа затоа се кампањиве, конечно да им се даде глас на жртвите, да ни ги отворат очите дека однесувањето кое го прифаќаме за нормално, воопшто не е нормално и да се крене свеста дека постојат повеќе видови на сексуално насилство и вознемирување.

    Инаку, јас баш и не те разбирам што кажуваш. Ако можам да те сумирам до сега: Силување= лошо, девојки кои се жалат дека биле жртви на сексуално вознемирување= се фалат и се уфилмани.
     
    На Bender Rodriguez, crimson, JollyGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Значи испаѓа не треба да ги третираме силувачите како болни луѓе зошто нив тоа им е во природата? Нека силува бе, му се присакало, нели природно е тоа...(facepalm)
    Човекот за разлика од другите животни преку свеста е способен и да ги контролира сексуалните емоции и нагони.
     
    На crimson, JollyGirl, smooch и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ете, ова е жалното... што и жени не ја разбираат суштината на кампањата.
    Мешате баби и жаби. Прво, не е целта на самата кампања некој да се уапси и затвори, и тоа заради оние „минорните“ случаи. Пак ќе кажам, целта е да се подигне свеста што сè не е нормално од сексизам и непристојност во сексуална конотација, да се стигматизира и да се предочи како нешто што треба да се искорени.

    @Justicija, сигурно нема да го пријавиш во полиција некој што на интернет оти те видел женско те навредува и се сили со такви вулгарни фрази, меѓутоа и тоа НЕ Е НОРМАЛНО, туку е шовинистичко дно.
    Мастурбирањето на манијаци низ град е па уште помалку нормално, напротив и тоа како е сериозен проблем, една моја другарка баш имаше споделено за тоа како на 15 години ѝ се случило и неколку дена била истрауматизирана.

    Жртвите на сексуален напад - силување или макар и обид за истото, разбирливо дека многу ретко би собрале храброст за таква траума да зборуваат дури и вака анонимно и по долго време. Затоа повеќе се зборува за вакви „помалку сериозни“ случаи како што милувате вие да ги наречете, за да се воочи дека сељачизам и примитивизам во ова сфера не смее да се третира како нешто вообичаено и дел од балкански менталитет.

    Што изнапиша бе друже... :| Педофилија за тебе е само кон деца до 12 години? :o
    Постои и нешто што се вика професионална етика, па го опфаќа односот професор-студент и на факултет, па потоа и работодавец-вработена.

    И престанете да мешате случаи кога девојки/жени на полнолетна возраст навистина по своја волја се впуштале во вакви релации, па уште и сакале да добијат нешто од тоа. Тие случаи не се во доменот на суштината на кампањата и ако некоја по исклучок ја користи истата со стварно исфилувани приказни - на нејзина совест е.

    Wow... let me guess: дистракција од единственото битно прашање кај нас - распродажбата на државата? :party:
    Којзнае зошто па јас ич не сум изненадена што токму од тебе го читам ова, претпоставувам дека ни најмалку не би била ниту од тоа што ти е целта да нè „просветлиш“ :wasntme: Те молам префрли си се во соодветна категорија, доволно имате за дискутирање таму. Срамота и е ова да се поврзува и плука од политички цели!
     
    На kim.k, DraganFem, oblace1 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Само да ве потсетам дека сè додека има вакви реакции нема да излезе ниту една жртва на силување.

    Кога велам вакви реакции мислам на какањето на @theunforgiven и игнорантноста на @daylight, а со нив и сите оние кои сметаат дека се работи за преувеличување на нормална работа.

    Знаете ли дека со споделување на оние безопасните случаи ќе се продолжи со споделување на понебезопасните и можеби оние кои претрпеле животозагрозувачки трауми ќе одлучат да не го кријат тоа повеќе.
    Ама не, ние мора да седнеме на форум и да делиме правда, да ги браниме злоставувачите, да поттикнуваме повлекување и молчење...

    ,,Тие што биле силувани ја имаат целата моја поддршка, ама другиве никако. Со среќа на силуваните, се надевам дека ќе соберат храброст сами да излезат без никој друг да чекори заедно со нив."
    Размислете зошто се вика хаштагот #MeToo.
     
    На kim.k, kristina.k, Luciferovog zlo♧ и 8 други им се допаѓа ова.