1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

#СегаКажувам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 17 јануари 2018.

  1. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    А зошто би се откажала и отпишала од факултетот? Затоа што би се осетила незгодно, загрозено, вознемирено, немоќно што професорот ти направил таков муабет со сексуална конотација, нели?!
    Епа тоа е она што го зборуваме цело време. Кампањава е исто така и за сексуално вознемирување, психичко насилство, манипулација со понемоќните. И без тој физички контакт што го спомна можеш да си нечија жртва и да трпиш и потиснуваш во себе нешто такво само затоа што во глава имаш всадено мислење дека тоа е смешно, небитно, глупаво и срамно да се каже јавно.
     
    На Bender Rodriguez, Lolo5, kristina.k и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    11.321
    Пол:
    Женски
    Никој овде не брани злоставувачи, едноставно ако гледаме на тој начин тоа значи сите ние сме жртви. Ако довикнување на улица и непристоен коментар се злоставување тогаш се прашувам има ли жена која не е жртва на такво вознемирување?

    Да се разбереме дека овде не зборувам ако една личност не престанува со такви коментари и понуди, ризично е дека во еден момент тоа може да излезе од контрола и станува опасно, зборувам за личности кои добиле коментар "еј маче, јака цицка" од некој, еден единствен пат и се чувствуваат како жртви, какви што беа и повеќето од коментарите. Да, однесувањето на поединците е непристојно и слободно ќе кажам идиотско и сељчко, но повеќето од тие се само незрели идиоти па колку и години да имаат.
     
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    @RainBow @Nausicaa затоа што и да пријавам кај деканот ништо не би се превземало . Фактички тоа е некултурно замарање , недолично.
    Идеш кај деканот кажуеш тој и тој професор ми даде непристојен предлог , и тој : Те допре колешке? Те нападна? Имате ли доказ колешке ?
    И на крај ке се доживее срам и лажга !
     
    На Purelove92 и daylight им се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Точно спешалке но тоа е далеку од сексуално насилство и силување .
    И мене ми се грозни тие манијачишта во парк , но на жал не ги има само во парк .
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    офф топик:
    Не, не само за мене, туку за тебе и сите бидејќи тоа е по дефиниција!
    Не ги извртувајте зборовите. Не е исто силување и додворување, мислам дека тоа е повеќе од јасно.
     
    На ♡BuBaLe♡ и Justicija им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Не ги извртувам јас, туку сега ти. Имаше пишано како сексуалните желби и нагони е нешто природно, точно дека е, сѐ додека човек ги контролира и не злоупотребува никого за нив да ги задоволи.
    Ама силувањата, што се поради тоа што некоу болни луѓе не можат истите да ги контролираат, не се нешто природно...
     
    На LUCI 99, daylight, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    И после сите овие коментари очекувате некој јавно да кажува толку приватни трауми.

    Значи професор од факултет ако те нуди да те носи на викенд со него за после да те стави асистентка, не е покана за секс и уцена за унапредување, туку многу е дружељубив човекот, па си ги шета студентките надвор од градот...Хуманитарен човек.

    Луѓето што работат со мали деца и тинејџери (наставници, директори, педагози) во никој случај не смеат да помислат да даваат коментари дека биле убави децата или грди...Ееее во нашето школо најубави девојчиња физички се развиле.
    Зошто побогу некој би искоментирал такво нешто?
    На сред село некој старец коментира за момите од неговото село или станува збор за директор на училиште?

    Нека си коментира за своите деца, а секој ваков коментар упатен кон туѓи (женски) деца е секусално вознемирување.


    Другарка ми ми се има доверено, дека кога имала 10тина години, некој пријател на дедо и (значи стар човек) воедно и комшија, кога за момент останале сами и рекол да ја крене блузата за да види дали и пораснале градите...Ќе ја кренеш сама или јас да ти помогнам?

    Тој веќе е починат долго време, а таа и после 15 години од тој настан и тие зборови, има трауми па бега од неговата куќа...Тој перидо и било страв да останува насамо и со сопствениот татко или дедо...Се плашела од сите мажи.
    Дома не кажала, со никој не споделила.
    Читајќи ги коментариве сфаќам зошто се плашела.

    Те допре? Се обиде да те силува? Е чудо големи ти рекол да ја кренеш маичката за да ти ги види градите.
     
    На kim.k, Bender Rodriguez, HoneyBun и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Oкеј, вo прaвo си, aмa тoa штo не мoже дa се нaрече педoфил вoзрaсен чoвек штo се пуштa нa 13-14 гoдишни децa не гo прaви пoмaлце мaнијaк. Скoрo секoјa тинејџеркa би се чувствувaлa вoзнемиренo aкo и се пуштa вoзрaсен чoвек, oсoбенo aкo тoa е нa вербaлнo aгресивен нaчин и дoaѓa oд стрaнa нa лице кoе е aвтoритет. Тoa штo се вoзнемирени oд вaквo oднесувaње не ги прaви attention whores туку жртви. Мислaм декa немa пoтребa дa oбјaснувaм зoштo е неетички претпoстaвен дa се пуштa нa лицa пoд негo, некoлку членки веќе дoбрo oбјaснијa.
    Тoa дoфрлaње нa улицa, рaндoм фaќaње зa гaз вo гужвa, мaнијaчки испaди oд прoфесoри и шефoви е тoлку честo и немa женa нa кoјa штo и се немa слученo штo веќе е прифaтенo кaкo нoрмaлнo и секoјдневнo, пa секoј штo ќе се пoжaли испaѓa декa гo прaви зa внимaние, штo мнoгу кaжувa зa нaшетo oпштествo
    Дa се кaже декa си бил силувaн е премнoгу тешкo и зaтoa пoвеќетo стaтуси се зa сексуaлнo вoзнемирувaње. Јaс не сум билa силувaнa, aмa ми се имa слученo дa бидaм сексуaлнo нaпaднaтa дoдекa други гледaaт. Не изнесувaм детaли дa не ме пoзнaе некoј. Бев премнoгу мaлa зa дa знaм зa сексуaлнoст нo знaев декa нештo не е вo ред, се чувствувaв беспoмoшнa и пoвреденa. Дoлгo време ме мaчеше нaстaнoт нo не кaжaв нa никoј бидејќи чувствувaв винa зa тoa штo се случи. Тaкa дa тoтaлнo мoжaм дa рaзберaм зoштo некoј не би стaвил стaтус сo име и презиме нa тoј штo гo силувaл. :)
     
    На DraganFem, Bender Rodriguez, mira.mira и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    И со најдрзок и најбезобразен тон можеш да се дереш НЕ, кога предатор е во прашање не ти го слуша гласот.
    Како не разбирате?
    Не е некогаш наивност во прашање.
    Можда не сум најпаметната на светот, но што се однесува до машки манипуации и зборови од секогаш сум била претпазлива и не сум паѓала на глупости.
    Колку е навредливо тоа што сте го пишувале, боже господе...

    И имиња... како да пишам име кога во Македонија тие имаат повеќе сила него ли било кој друг?
    Одете само по примерот од економски. Професори за мито беа апсени, па ене ги уште предаваат, зарем мислите дека студентка ќе биде слушната?
    Еден одличен професор, но одличен само по знаење и академик беше еден од најелегантните предатори. Кај него ако учеа учеа, ама ако не, со арно прашување дали сакаш да спиеш или не, најгосподински.
    Друг професор си ја земал студентката за жена, и она е професорка во едно средно. На ист принцип, испит за да положи, од такво преминало во необавезно онадење и за онака, па и други испити по колеги, па романса и оп го разведе па брак. Но наравот не му се смени.

    Во ваквите случаи... физичкиот напад ќе го преживееш некако, ама она кое боли најмногу е неслушнатиот збор НЕ, тоа што не си способен да се одбраниш. Колку е тоа само грозно чувство.
    Моето не ескалирало, ама страв имам, имам и тоа голем страв. На почетокот со ноќи не спиев. Особено па кога немаш заштита од институции кои треба да те штитат и да преземат нешто... имаш можност да си направил 1000 филмови за можниот исход на крај и се тешиш само - ај сигурно не сум само јас, можда не ни знае веќе на кого ѕвони, туку ѕвони на збирка од телефони кои секојдневно си ги малтретира, а не ти ја ни памти фацата, ни па знае кај те запознал (пази како бедно се тешиш, као да е тоа ок, сфаќате. Ова е утеха...бедна утеха). И после ти доаѓа мислата, а што ако сепак знае и го сретнеш и се случат глупости?

    @Cka која е политичката позадна? Сакам да знам, зошто темава е отворена под моето мислење, ме интересира многу. Јас лично, не ја знам, не сакам да се бламирам за џабе ако е нешто без поента во прашање.
     
    На DraganFem, Bender Rodriguez, crimson и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    11.321
    Пол:
    Женски
    Прво зборувавме за шеф-вработен, но и во овој случај, тоа е покана за викенд, скриените намери секако се секс за повисока позиција освен во случаите кога има взаимна привлечност зошто нели има и такви примери. Но, како што пишав, ако добиеш таква понуда можеш да прифатиш, а можеш и не. Вознемирувањето за мене е нешто подлабоко од тоа.

    За вториот болд, ситуацијата е доста по сериозна. Самото тоа јас да ти помогнам, укажува на возможен физички напад, па и тоа што се случува на девојче од 10 години.
     
    На cresa-jagoda, Justicija, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Се согласувам Joy. Таман работа фаќање за газ во полн автобус (и било каков) дека е нормално. Но она што сакав да го кажам е дека некои работи треба да се разграничат. Многу работи се фрлаат во ист кош. Скраја да е дека жртвите биле желни за внимание, но тук таму постојат луѓе кои глумат жртви за да дојдат до тоа внимание. Но како што некоја феминка кажа претходно, тоа си е на нивна совест.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Јас пишувам за примери што ги прочитав од жртви, а не се надоврзав вие што сте коментирале за шефови и газди. (посебно тебе ни те прочитав, ни се надоврзав).

    Немам коментар.
    Ги браниш тие што нудат секс на жени за унапредување.
    Ич не е вознемирување ако те бара со него за викенд за да те клецне таму.
    Ако тие прашале ништо лошо не направиле... Твое е дали ќе прифатиш или не.
    (facepalm)
    Запознати сте со уцена нешто?

    И не бе, тој стариот со насмевка и мил тон и рекол на другарка ми да се соблече... Дојди чичо да видиме дали ти пораснале градите... Дојди да ми ти помогнам да се соблечеш.
    (не употребил сила, туку и предложил).

    Ама ете за жал не ја силувал, па не смее да се пожали... И не се ни жаи од вакви ко тебе.
     
    На HoneyBun, theowndemon, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Добро, по стриктна психијатриска дефиниција можеби е тоа, но age of consent во општествена, практична и законска смисла кажува друго, а и здравиот разум богами. Затоа и реков дека постои нешто што се вика етика, која е најбитна и најчувствителна во образованието, посебно кога се работи со ученици пред полнолетство (основно и средно). А, недолично однесување и пуштање од страна на професор на ученички од 15-18 години е нешто што не може да биде подалеку од таа професионална етика.
    Секако дека ни е повеќе од јасно бе Дејлајт, и нам тука и на сите жени што ја сфаќаат суштината на кампањава - и тие што ја отпочнаа и сите оние што споделиле приказни или ја поддржаа гласно.
    Го приметив од многу скептични луѓе (посебно мажи) овој аргумент, демек некаква загриженост дека social justice борбата иде до таму што феминизмот ќе го изедначи секакво додворување на сексуално вознемирување и злоставување. Значи НЕ, навистина не знам од кои примери на феминаци ги вадат овие заклучоци луѓево.

    Се знае што е додворување и флерт, на кое ниво и култура треба да биде. Ако не е обострано прифатен, а и по одбивањето продолжува од едната страна и тоа во сексуален контекст - НЕ Е океј. Кога ова се случува на работно место, тоа се вика мобинг и Е сериозно, а уште повеќе ако се случува во образовна установа.
    Ете толку е едноставно :)

    Лилитке, нема никаква политичка позадина и нема ништо за што да се обрукаш. Меѓу самите оние што ја почнаа кампањата е моја професорка што јас особено ја почитувам (онаа што амебата Љупче Златев ја „исмеа“ за приказната што ја пишала). Доволно сум запознаена со нејзината објективност и идеали поврзани со феминизам, оној вистинскиот... и многу ми се провидни и страотно иритантни луѓе што и во ова гледаат политика онака како што им одговара со својата доволно позната заземена страна.
     
    На Lolo5, DraganFem, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    11.321
    Пол:
    Женски
    Далеко од тоа дека ги бранам, од ситуација до ситуација има огромна разлика, и не значи дека ако некој ти понуди, по твоето одбивање физички ќе те нападне како што прочитав од некој во горните постови. Не сфаќам како нечија понуда може да те вознемири толку многу дури и да те истрауматизира.

    И сега сите запнавме со понуда од шеф/професор, всушност мојот првичен коментар беше за некој кои се вознемирени од коментари од типот "добро месо" "јака цицка" и сл. од рандом личности. Да не се повтарам, во претходните коментари си искажав мое мислење, тоа е тоа.
     
  15. Blessed ♥

    Blessed ♥ Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    428
    И како после сите коментари некој да истапи и да каже свое болно искуство кога знае дека ќе биде предмет на анализа бе луѓе. Кажуваш искуство кое е доволно болно за тебе и згора на тоа куп луѓе почнуваат да анализираат дали е тоа вистина или не. Сериозно? Форумов е ајде анонимен, а оние што пишуваат на фејсбук? Да, ќе бидат бележани дека тоа и се случило а само една рака луѓе ќе рече храбра е што кажала.

    Жени од жени најмногу си патиме :@
     
    На kim.k, Lolo5, HoneyBun и 7 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Всушност, треба да бидеме вознемирени. И не, ваквите коментари не се нормални и не треба тукутака да се прифаќаат како ништо да не било.
     
    На Bender Rodriguez, HoneyBun, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    11.321
    Пол:
    Женски
    Но, зошто? Зошто да допира коментар од некоја рандом личност? Ете, мене ми е сеедно, но нели сите сме различни.
     
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Манијакот може да мисли сенешто и без да знаеш, без да ти каже било што. Според мене е вознемирување, ама не и малтретирање.
    Еве, со поминување во кафиќ, ако не сите, неколку мажи ке погледнат. Исто и шефот, и тој може да погледне, дали суптилно или манијачки, исто, може да си помисли нешто, дури може и да каже.

    Не е нормално, ситуацијата е глупа и работната атмосфера непријатна, ама хаштагови и приказни нема да го решат проблемот. Во принцип, оние жени кои се почувствувале малтретирани или биле жртви на насилство, а се доволно силни да поминат низ тој процес, веќе превземале нешто.

    И без оваа кампања, жртвите не се осудувани. Всушност оние кои сметаат дека "самата си го бара" и покрај оваа кампања го имаат истото мислење. Нашиот систем не работи, затоа правдата не е истерана до крај. А стојам позади тоа дека оние кои сакаат да се спотивстават наоѓаат начин.

    На тема професор и студент, сеуште сум во дилема како доаѓа до тоа. Реков и јас бев студент, и јас влегував во канцеларии на професори и асистенти, и не сум жртва на сексуално вознемирување и малтретирање.
    Доколку некој професор се обиде на било кој начин да добие секс од студентка, има решение и за тоа. Штом жртвата се почувствува загрозено, едноставно нека ја напушти канцеларијата, нареден пат нека оди со некого, некој друг нека земе оценка за неа итн. Институциите не си ја вршат работата, затоа и сме тука каде што сме на тема насилство.

    На тема професор и ученик, е тука веќе правиме муабет за педофилија, и реков, треба сериозно да се сфати работата и да се реагира.

    Во државава не е осудувањето проблем, туку преувеличувањето на одредени ситуации, кои не може да бидат спречени, а секако и нефункционирањето на институциите во заштита на жртвите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Ме повика да се задскриеме кај скалите за да ми кажел нешто. Јас наивна отидов. Почна да ме пипка... Бев застрашена и избегав“
    „На мои 17 години инструкторот се однесуваше карјно несоодветно. Најчесто ми правеше муабети за тоа колку сакал гради, недолично се потпираше на возачкото седиште

    Еве едно јавно искажано искуство , и кажувам дека ова е сексуално вознимирување !!!
    Жал ми е за личноста што го доживеала ова :(

    Ова страшно искуство е сосема различно од тие фалења кој се им понудил непристојен предлог (кој со само едно НЕ , завршило све , на жал во овој случај не завршило после изговореното Не, и имало допирања на интимни делови :( )
     
    На Lolo5, daylight, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    2.123

    Во денешниов Свет, кај што све живо е испревртено, сметаат такви фрази/коментари ??? Во овој Свет-НЕСВЕТ??? Па денеска на никој и ништо не можеш крајот да му го најдеш, денеска сите се по интернет со влогови блогови прават глупости на видео-платформите, разголени или не... Се' е испревртено!