Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Седмодневна диета со грав - 3 до 5кг

Дискусија во 'Диети' започната од TheEkaterina, 17 декември 2013.

  1. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Гравот е богат со протеини, со витамини Б, Ц, Е и ПП, потоа со минерали: калциум, фосфор, бакар, цинк, железо, како и со аминокиселини: триптофан, лизин, аргинин, тирозин и метионин.

    Гравот ја спречува благата авитаминоза, карактеристична за поладниот дел од годината. Помага подобро да функционираат јетрата и жолчното кесе и претставува вистински „чистач“ на организмот. Гравот исто така го зајакнува кардиоваскуларниот систем и го подобрува изгледот на кожата.

    Се препорачува по завршувањето на диетата уште неколку дена да се јаде грав како главно јадење и да се намали конзумирањето на леб и благо. За време на диетата треба да се пијат многу течности, најдобро вода, и целосно да се исклучат шеќерот и солта. Секоја вечер, пред спиење, треба да се испие 1 чаша јогурт со ниска масленост или кефир!

    Со диетата со грав може лесно и едноставно да се изгубат 3 - 5 килограми за 7 дена. Резултатите ќе почнат да се забележуваат уште по првите 3 дена.

    Треба доследно да се придржувате до пропишаната храна. Гравот се вари густ, со многу малку масло, и пожелно без запршка, со зачини по вкус.



    Ден 1

    Појадок: 1 чаша немасен јогурт, 1 парче интегрален леб и 50 g тврд кашкавал
    Ужина: 100 g овошје (кое било)
    Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, топла лимонада или чај без шеќер
    Вечера: исто како и ручекот

    Ден 2

    Појадок: 100 g младо сирење, кафе или чај без шеќер
    Ужина: 100 g овошје (кое било)
    Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 g свеж сок од јаболка или чај без шеќер
    Вечера: исто како и за ручек + 100 g која било варена или печена риба

    Ден 3

    Појадок: 1 чаша немасен јогурт или кефир, 1 парче интегрален леб и 50 g тврд кашкавал
    Ужина: 100 g овошје (кое било)
    Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 g свеж сок од јаболка или чај без шеќер
    Вечера: исто како и за ручек + 1 чаша сок од домати

    Ден 4

    Појадок: 100 g младо сирење, кафе или чај без шеќер
    Ужина: 100 g овошје (кое било)
    Ручек: 100 g варен грав, салата од моркови и јаболка со 1 лажичка мед
    Вечера: 100 g варени или печени пилешки гради, 50 g варен ориз, кафе или чај без шеќер

    Ден 5

    Појадок: 100 g младо сирење или 100 ml јогурт, кафе или чај без шеќер
    Ужина: 100 g овошје (кое било)
    Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 g свеж сок од јаболка или чај без шеќер
    Вечера: исто како и за ручек + 2 варени или печени компири и 1 чаша сок од домати

    Ден 6

    Појадок: 50 g тврд кашкавал, 1 парче интегрален леб
    Ужина: 1 чаша кефир или немасен јогурт
    Ручек: 100 g младо сирење, салата од мешан зеленчук, лимонада или чај без шеќер
    Вечера: 200 g варен грав, 150 g овошје по избор

    Ден 7

    Појадок: 100 g младо сирење или 100 ml јогурт, кафе или чај без шеќер
    Ужина: 100 g овошје (кое било)
    Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 gr свеж сок од јаболка или чај без шеќер
    Вечера: супа од зеленчук, 100 g варен грав, 1 чаша топла лимонада
     
  2. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Имаш ли искуство со оваа диета?
     
  3. crazy1.C

    crazy1.C Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    7 дена грав па и не ми изгледа баш најдобро
     
  4. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Зошто да не 7 дена грав? Јас само што ја прочитав диетава си помислив на оние што постат доооолго време.. и тие секој ден јадат едно те исто... во оваа диета е застапено се.. од млечни производи, овошје, зеленчук, леб, риба само главното јадење треба да ти е грав кој ти е ограничен со грамажа и не ми изгледа толку лошо. Денес варев грав од утре ќе ја почнам ме интересираат резултатите чисто онака...
     
  5. crazy1.C

    crazy1.C Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Оки па пиши резултати
     
  6. sarafimova

    sarafimova Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Zdravo. Ne sum na soodveten forum, no sakam da prasam dokolku znae nekoj da mi odgovori.. Utrovo izedov 1 portokal, 1 kiva, 1 jabolko, pola citron i pola japonsko jabolko. Dali e toa mnogu golema kolicina za naednas, dali taka moze da se zdebelam?
     
  7. crazy1.C

    crazy1.C Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    од овошје не се дебелиш немај гајле јади колку сакаш, башка и е многу здраво
     
  8. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Има некој да кажи резултати од диетава, од овие празниците се поправив.Сакам да ја држам!