Седмо небо е американска сериска драма,за протестантска свештеничка фамилија што живее во Гленок,Калифорнија. Дејството на серијата се врти околу фамилијата Кемден и сите згоди и незгоди што им се случуваат,а ги има премногу со оглед на тоа што се многудетно семејство. Серијата промовира семејни вредности,почит,љубов и грижа што им е потребна и на децата и на возрасните и на старите. Иако постара серија( започнала со снимање 1996,а последната епизода е емитувана во мај 2007 година) сметам дека ја заслужува темава. Ја имате гледано/ја гледате?
јас ја гледав и мн беше интересна, мислам дека играше само во недела. пак да почнат да ја емитуваат оваа серија повторно би ја гледала со задоволство
Ја гледав порано, кога се емитуваше на Сител. Навистина интересна серија, знам дека се емитуваше обично во неделите. Редовно ја следев тогаш, и ми има оставено позитивен впечаток. Интересно е сега, кога ќе загледам на интернет слики од актерите, колку се имаат променето од тогаш, сепак поминало многу време.
Не испуштав епизода! Си го земав далечинското до мене и не давав на никој да ми смени. Сестра ми пак, знаеше колку се нервирам кога некој ми прекинува и нонстоп ми се маткаше пред телевизорот. Пак ќе пуштам да си ја гледам. Ех да имаше уште вакви добри серии. А не само турски и индиски..
Ја гледав и многу ја сакав кога бев мала ја гледав на македонските канали. Ама не сум ја изгледала цела.