Седумдневната диета

Дискусија во 'Диети' започната од indian, 2 септември 2012.

  1. indian

    indian Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    5
    Понеделник: Јадете колку што можете овошје и пијте овошен сок. Забрането овошје е само бананата.

    Вторник: Консумирајте колку што сакате зеленчуци и зеленчукова супа.

    Среда: Во текот на овој дена комбинирајте ги храните, кои сте ги јаделе претходните два дена (овошје, сокови, зеленчук, зеленчукова супа).

    Четврток: Изедете пет банани и испијте 5 чаши млеко. Некои верзии на оваа диета препорачуваат да јадете 8 банани во комбинација со 4 чаши млеко.
    Следните три дена од диетата вклучуваат еднакво мени.

    Петок: Изедете 4 парчиња месо на скара (85g пилешко, 85g говедско и 85g риба). Месото комбинирајте го со неограничено количество зелени зеленчуци.

    Сабота: Изедете 4 парчиња месо на скара (85g пилешко, 85g говедско и 85g риба). Месото комбинирајте го со неограничено количество зелени зеленчуци.

    Недела: Изедете 4 парчиња месо на скара (85g пилешко, 85g говедско и 85g риба). Месото комбинирајте го со неограничено количество зелени зеленчуци.


    Ја има некој користено?
    Каков ефект има?
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Ја држев средината на јуни.
    Дури петиот ден, го симнав првото килце. А второто, шестиот ден. Вкупно 2.
    Но, јас ја зафркнав работата, испив повеќе алкохол шестиот ден. И седмиот ден кога се измерив, покажа + едно килце.
    Седмиот ден, јадев по пропис. И осмиот ден кога се измерив, ми покажа + едно килце. Значи сум ги вратила и двете.

    А значи ништо не прекршив, освен алкохолот. И покрај тоа што бев на роденден кај другарка, и на скара кај роднини. И пак ги вратив тие кила.
    Денот со бананите ми беше омилен. А тоа со месото, едвај издржав. :puke:
    Јас не би ја држела пак. Фактички со тие 2 кила, јас сум ги изгубила течностите, и после неколку дена ги вратив.
    Секој организам различно. Можеби на некој друг му помогнала. :)
     
  3. ljubovvv

    ljubovvv Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0

    Ја држев кон крајот на јуни, и се измачив тие седум дена цело време мислев на храна и не е баш пријатна.. е сега на вториот ден кога се измерив имав едно кило помалце, и мислев до седмитот дека којзнае што ќе се случи :) али останав на тоа едно килце изгубено- до седмиот ден. Али едно, едно.. не е лошо ваљда.
    И има уште една работа што многу ми се свиѓа тоа е дека не го вратив тоа килце "крваво" загубено се до денес :) И искрено да ти кажам мислев едно време да ја држам пак, али многу е ригорозна стварно е тешка за држење, и се предомислив! :)
     
  4. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    јас држев слична од кои првите 4 се исти , последните 3 различни

    се пиев и јадев точни 7 дена само изедов едно парче торта плус и ОСЛАБЕВ 3 кг и ми беше мн лесно и убаво
    http://bilaras.hubpages.com/hub/Lose-10 ... week-Day-5

    да напомнам без вежбање со 30 мин пешачење секој ден, поззз