Некој пред година, две да ми речеше дека ќе отварам тема за турска серија,немаше да верувам Нејсе,серијава не е нова,од 2014 е испадната,има веќе 55 епизоди,поточно 51 од првата сезона и 4 од 2 сезона,а ја даваат на турската FOX,кај нас се разбира ја нема уште. Содржината не е ништо посебно,поточно е типична турска серија.Се работи за млада девојка Ојку која сонува да биде моден дизајнер.Притоа,заљубена е во Мете,архитект кој не ја забележува воопшто.Работите ќе се сменат кога ќе го запознае неговиот партнер,Ајаз. Она што ми се допаѓа е што ја нема вообичаената класна разлика,т.е. ја има,ама не се врти приказната околу тоа.Исто така има доста комични моменти,а ликовите се баш интересни и нови(барем јас ги немам сретнато низ сериите). Патем,има премногу романтични моменти и изненадувања,машко да ја гледа,комплетно може да црпи идеи,а баш се креативни и поинакви. Уште еден интересен факт е што главниот пар се заедно и во приватниот живот и стварно им се гледа и хемијата и љубовта. За љубителите на турски серии,романтики и што бараат нешто за релаксација,ви ја препорачувам. Кастинг: Özge Gürel ,Serkan Çayoğlu ,Dağhan Külegeç Nilperi Şahinkayа...
Утре почнува кај нас серијава, мислев дека е од 2017та, се зачудив шо е постара. Делува интересна, баш така младалачка. Ми делува ко новите Дефне и Омер да ќе се овие. Ќе и дадам шанса, ма да ретко до крај некоја турска да догледам.
Не ја загледав серијава кога почна пред некој ден,ми делуваше како да ќе биди грда,со оглед на тоа што ја споредуваа на рекламите со Вљубениот ерген,а мене таа серија ми беше глупава и не ја гледав Амаа,ај си реков ќе и дадам шанса,и денес ги изгледав три епизоди во еден здив Гледам дека сум згрешила,ми се допадна серијата и од сега ќе ја гледам. Многу слатки и природни ми се двајцата во главните улоги Ајаз и Ојку,не е како другите клише приказни за богат дечко и сиромашна девојка,не се врти се само околу тоа,баш е забавна и комична цела нивна приказна П.с најубав во цела серија сепак ми е Емре,другар и на Ојку,таксистот
Што се случува во втората сезона? Знам дека на почетокот ќе каже ДА, ама после има сцени во кои се и како во брак и како да не се!? Што и како е?