Дали сте вие секогаш што доцните кога станува збор за било какво излегување? или едноставно другите доцнат, а вие ги чекате? Ве нервира ли кога ви се јавуваат и кога ви кажуваат дека ќе задоцнат на пример 15 мин, а вие тип топ спремни за излегување? јас искрено секогаш, ама баш секогаш доцнам и тоа по половина час а многу мразам да чекам ВИЕ?
Порано секогаш бев точна и на време. Ама сега! Доцнењето ми е обавезно. За секаде! А да чекам мразам. Уствари мразам да чекам САМА. Во друштво се гризе некако.
Обично сум таа што ја чекаат, а не што чека.Не ми е убава навиката ама што да правам.Имам обичај да се влечкам, да седам пред компјутер, иако треба да излегувам, да се спремам и кога ќе ме викнат другарките, или ќе ми титне дечко ми, јас во брзање, уште ова, уште она Дечко ми посебно е напатен од моето доцнење и често се спречкуваме поради тоа
Скоро никогаш не доцнам, секогаш сум си точна, па затоа сите другарки по ред ги чекам по 5-10 мин Бројче си кажа дека ќе почнеш да отвараш нови теми, па и да ти кажам ја разбиваш монотонијата на форумот
Јас не дека се фалам ама во принцип секогаш сум точна,и како што кажа 2468 мразам кога некој ќе ми се јави и ќе ми каже -леле извини идам за 15 мин! ауууу живците в таван,и чекем чекам чекам и знаете на крајот каде стигнувам? Кај неа/него дома,и стоам на врата и викам-Ајде,ајде,ајде.....нешто што највеќе го мразат кај мене што сум нестрплива!
Никогаш!И сум многу строга во тој поглед!Го почтивам своето и туѓото време,како што јас можам да не каснам,така може и другиот!Дури и порано доаѓам понекогаш,едно петнаесетина минути,а редовно сум 5 мин порано.
MOJA NAJGOLEMA MANA SEKOGAS AMA BAS SEKOGAS DOCNAM I SO DECKO MI SE KOGAS SE RASPRAVAM PORADI TOA.MNOGU PATI SUM POKUSALA DA BIDAM TOCNA I NON STOP NA KRAJ MI TEKNUVA NESTO DEKA SUM ZABORAVILA DA NAPRAVAM!
Не доцнам,точна и прецизна сум ко швајцарски саат.Денес луѓето ова не го сметаат за квалитетна особина,туку повеќе како некоја чудна карактеристика.А ми се чини дека не треба да кажувам дека мразам доцнење,кој нормален сака да чека,посебно не тој што не доцни.Затоа не толерирам доцнење,мислам сега луѓе сме се` може да му се случи на секого,но на хроничните доцначи или не им доаѓам на договорено се додека не ми се јават и не ми кажат дека се таму или пак одам без нив.
Зависи. Ако треба да се најдам со некој што секогаш си доцни и јас доаѓам покасно и на време сме Инаку си доаѓам на време. Многу мразам да чекам некој, па не сакам и мене да ме чекаат. Се водам по политиката што не сакаш да ти прават на тебе, не прави на другите.
На почеток на мојата врска стално доцнев , карање карање ради тоа .. И секогаш викав е утре ќе дојдам пред тебе , сакаш да видиш? хахаха и не ми успеа неколку пати ама се напнав и доаѓав не на време , туку 15 мин порано (будала) И сега не се наоѓаме на тоа и тоа место , туку на пола пат или кај се најдеме , што ми оди во прилог За со другарки мразам кога ми доцни некој , па уште ако сме кнап во време .. ми врие А јас не доцнам , само ептен во некоја ситуација , ако сум спречена . Ама ова што ми доцни некој ај ќе поминам преку тоа , ама кога сум спремна и ми кажуваат во 5 за 12 дека не се искача .. овде веќе филм ми пука
мразам доцнење... секогаш сум на време или дури и пред време на местото на настанот и сум јас таа што чека... знам може секому да му се случи да задоцни,ама еднаш, 2 пати... а не секогаш, како некои... секогаш се карав и лутев за тоа доцнење и на крај сфатив дека им нема лек, освен и јас да си доцнам, па да сум 'на време'
Мразам да чекам, па затоа сум точна. Го почитувам туѓото време, ама и своето. Се случува да задоцнам понекогаш, од оправдани причини, ама тогаш се јавувам и кажувам дека ќе доцнам и колку. А хронични доцначи имам во моето друштво, и мразам да ги чекам - ама на крајот јас сум таа што секогаш чека. А ако се случи тие да ме почекаат мене - реакцијата им е ко да се срушил светот. И се прашувам тогаш, кога знаат како ми е мене - зошто ми се лутат ако јас задоцнам, а тие ако задоцнат јас и да врескам и да се лутам, не им е гајле?! Затоа, со тие што ми доцнат - и јас им доцнам. А си имам воведено и правило: ако ми задоцни повеќе од 10 минути, заминувам. И тоа и го практикувам, па колку сака нека се лутат. А со останатите сум секогаш точна.
Не доцнам и не сакам да ми доцнат ама сум толерантна па толерирам доцнење иако не ми чини..Ако ми се случило еднаш или два пати да доцнам и тоа најмногу до 10мин..А ми се случило да чекам со часови..Аууу!! ..Имав другарка која стварно немаше осет колку доцни..сум ја чекала и со саати...И неа ја истрпев меѓутоа после сама си ја смени навиката..Не сакам да ме чекаат и не сакам да чекам..Горе- доле 5-10 минути ајде се јадат ама да ми доцни сега некој пола саат,саат е веќе не толерирам.
Не доцнам и многу се нервирам кога ми доцнат и кога морам да чекам. Секогаш си стојам на зборот и го почитувам своето време ,а и времето на останатите