1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секогаш доцните или...?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од 2468, 18 мај 2010.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Секогаш сум на време, ретко ми се случува да каснам.
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Се трудам да бидам на време, некогаш може да задоцнам 5-10 минути, во границите на нормалата. :) Ама доцнење од половина час, е тоа не толерирам. Еднаш ја чекав една другарка 20 - 25 минути, ја немаше, и ѕвонев и титкав... ни дигна ни ништо. Цап земав си заминав, па ми ѕвонеше после цели 45 минути да ме праша кај сум - дома :!:
     
  3. FuffyToooU

    FuffyToooU Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    119
    Уффф.. најголемаа маана во мојот живот, мнооогу често каснам, што веке сите се навикнале на тоа.. па престанале и да викаат по мене :emo:
     
  4. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    паа најчесто да :$
     
  5. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    80
    е темава погодена ми е... ко помала никогаш не се случуваше да доцнам.. одев десетина минути порано и секогаш јас ги чекав другите и уште ако тие си позакаснеа уште неколку минутчиња ќе поцркав од досада.. тоа ми беше навика од татко ми кој сака секогаш да сум точна до секунда.. ама ете мене ми се смачи цел живот да ги чекам другите па си реков сега тие нека ме чекаат мене... сега нема излегување, а да не закаснам најмалце 5-10 мин.. ехх јас со тие крајности незнам за средина... :D
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    секогаш доцнам. таа ми е најголемата мана. ама баш секогаш доцнам. :@
     
  7. chocolate-girl2

    chocolate-girl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    14
    Ама баш никогаш не каснам...Другите доаѓаат многу порано..xD
     
  8. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Ретко доцнам, ама кога доцнам не е ради мене :)
    Што и да правам, почнувам да се спремам на време.
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Секогаш сум точна, дури и подранувам некогаш. Ми се има случено да задоцнам но многу ретко.
    Секогаш јас чекам. Почнувам да се спремам на време за да бидам тамн готова. Со една другарка со која треба да се чекаме ем е поблиску од договореното место таму каде што треба да се сретнеме, а јас сум подалеку, и таа пак задоцнува :lol:
     
  10. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    значи мразам чекање тоа ме страшно нервира....абе кога се договориме во толку часот во толку има сите да се готови секако само ако се има некоја оправдана причина за тоа доцнење....инаку јас не доцнам може да се деси но како што кажав ако имам оправдана причина за тоа инаку секогаш сум на време и не доцнам :)
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Па не баш секогаш :D
    Порано бев по точна ама сега не баш :D
    Па ако се спремам пола час пред да излезам нема да закаснам :rofl:
     
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Многу ретко, речиси никогаш.
    И не толерирам доцначи.
    Ако јас сум имала доволно време да се подготвам и да дојдам, може и тој другиот.
    Ми се случило да чекам академски 15 минути, и ако не дојде личноста - си одам.

    Извини, ама немам време за твоето не-време.
    Исклучок е само ако сум предупредена дека ќе се доцни, ако ми пратат порака, или нормално ако навистина нешто го спречило да дојде. А онакво доцнење глупаво, не поднесувам.
    Тие што ме знаат, добро знаат дека не смеат да ми доцнат :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Никогаш. Ако јас задоцнам, тоа е затоа што целата вселена се здружила против мене за да не стигнам 10-15 минути предвреме. Дури и кога доцнам тоа се неколку минутки.
    Обично секаде стасувам порано одошто треба. Не знам зашто е така. Или пресметките на времето не ми чинат или просто сум морон од човек кој несвесно се движи така да е предвреме на местото, да извиди ситуација, што е и како е пред некој да дојде. А, озбилно тоа ќе да е. Пошто ме нервира ако некој стасал пред мене цццц.
    Фрик бе фрик. :P
     
  14. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Значи ако нешто мразам во животот тоа е доцнењето, и слободно може да го ставам под број еден на листата на работите што ги мразам! На пример јас сум многу бавна кога станува збор за спремање за на факултет или за било каде, ама затоа си станувам два часа порано и си се облекувам, си доручкувам си проверувам меилот и тн. И ако јас можам тоа да го направам и да стигнам на време на факс можат и другите. Се толерирам ама доцнење НЕ!
     
  15. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    кога како :)
    обично порано доаѓам и ме нервира да чекам -.-
     
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Не , јас сум секогаш таа што чека бидејќи не одам ни навреме ни подоцна туку порано.
    Така да и да дојдат навреме тие со кои сум договорена ,јас си чекам бидејќи сум дошла пред време .
    И тие се задоцнети иако не се задоцнети :D
     
  17. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Една од моите најголеми мани,секогаш каснам. Во последно време се обидувам да искачам порано и се,ама еве сеа пак по старо си почнав :doh:
     
  18. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Истото..
    Со многу луѓе се имам испокарано токму поради ова.. Според мене не овој начин докажуваат колку ме почитуваат (или не) ..
     
  19. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    Секгоаш јас чекам. Гледам да сум точна секогаш и ако сме се договориле во 12, во 5 до 12 сум таму, додека тој што го чекам во 12 излегува од дома. Највеќе се нервирам кога доцнам. Се случува некогаш и автобусот да ми избега, па едно 15тина минути да чекам, но пишувам порака и сл. дека ќе задоцнам. Ме нервира и кога ќе се договориме за 15 минути да излеземе од дома, а тој/таа кога ќе поминат тие 15мин. почнува да се подготвува. ]:) Можам да чекам, но ако пред тоа бидам известена дека ќе задоцни личноста.
     
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Јас припаѓам во малцинството жени што всуштност се точни како швајцарски часовник. Доцнење толерирам колку што толерира и бон-тонот, а тоа се 8 минути. После тоа си одам, па памет за другпат (особено ако е некој состанок со дечко, бај бај, се најдобро со желба нареден пат да не се лицкаш и касниш).

    Доцнењето ми е една од најнекултурните работи што некој може да ги прави. Чепкај у нос, чешај си го меѓуножјето, АМА НЕ МИ ДОЦНИ.