ма не сум нормална каснам секогаш и посто сите ме научија ми закажуваат по пола саат порано за да стигнам на време а и они да не се утепуваат од чекање хахаххаха не е за фалење ама тоа е
Апсолутно секогаш и секаде доцнам, по 15 тина минути минимум... Пробав да се поправам, ама залудно - појако е од мене...Многу пати и сум си го окркала убаво и пак ништо - не ми доаѓа паметот...На факултет доцнев на сите можни предавања и вежби, а во трета година дури еден потпис ми фалеше во индексот...Еве сега на работа доцнам редовно...Од фебруарската плата ми беа скратени 10 посто и пак џабе - па по исто На приватен план уште повеќе доцнам(тешко на тој што е со мене договорен да се чека негде )...На работа некако компензирам со тоа што никогаш не правам проблеми ако треба прекувремено да се остане( денес саат и нешто останав), па затоа утре ќе си подзадоцнам малку
Прерано почнувам да се спремам, каде и да одам и секогаш сум спремна најмалку пола сат пред да излезам од дома, така да никогаш не каснам и имам време детално да се прегледам пред огледало се си вежбам за тоа време, сите потези, па дури и како да се смеам ете вака
јас сум личност која никогаш не касни...ептен освен ако се деси нешто па не сум успеала да стигнам, значи во незнам какви комплицирани случаи се десило да закаснам....иначе исто така мразам кога некој касни
Доцнам, но не секогаш. Ме иритира кога чекам, и често пати сум пред заминување кога дотичната/дотичниот наеднаш ќе се појави. Имало моменти кога ме чекале и по 2 часа, дури и кај мене пред врата додека спијам, и моменти кога сум чекала јас по час, час и половина. Зависно од личноста со која се гледам, дали сум се успала, дали ме мрзело да се спремам и така натаму.. Многу работи влегуваат во игра.
Во принцип сум точна и очекувам и другите да бидат точни. Како што јас им го почитувам времето, така сакам и тие да го почитуваат моето. За жал, во друштвото имаме една особа која од се' уште неразјаснети причини секогаш доцни, без оглед за каков состанок се работи (за на кафе, за на факултет, за на пат ... ). Ми се случувало да чекам и по 45 минути за излегување.
Се сложувам со Blumarine и мислам дека тоа е најнормално, она што најмногу ме нервира е да чекам некого кој заради неодговорност и невоспоставена навика си дозволува да мисли дека тоа е сосем правилно и не е толку страшно Алооооооооооо ако немаш воспоставено принципи и навики од општо значење време е да научиш, нема цел живот да те чекаат за на кафе, тука ќе бидат работните обврски па понатаму и семејните... Секако чест на исклучоци кои доцнат заради оправдани причини или заради одмазда
Едно време многу доцнев и така почнав да се трудам да бидам на време и точна ама изгледа премногу сум се трудела па така сега дури и прилично подранувам,значи се само на време НЕ
Точна сум, секогаш стигнувам на време. Не сакам да ме чекаат, а богами и да чекам. Најмногу од се ме нервира чекање. Ако сум можела јас да стигнам на време зошто да не може и друг, кога веќе претходно се е договорено.. а уште повеќе ме нервира јавување 10 мин пред договореното -"еј јас ќе доцнам 15-20 мин", ахам во ред јас ќе те чекам ко пуфка, а ти само спремај си се полека, полека....
Мојата најлоша маана доцнам секогаш и секаде. Доцнев во основно и средно, продолжив да си доцнам и на факултет, доцнам кога имам договорено со дечко ми , со другарки , значи буквално секаде
Да не се урочам ама секогаш сум точна или пред време, најмногу до 5мин покасно. За жал поголемиот дел од друштвото има навика да касни, што искрено страшно ме нервира. Сметам дека тоа е непочитување на времето на другиот. Не ми смета ако некој се јави и ми рече ќе каснам 10тина минути, сфаќам дека излегуваат непредвидени работи, ама не можам да сфатам некој што постојано касни само затоа што нема навика да почне да се спрема порано