Доцнам само кога треба да се сретнам со луѓе кои би ме толерирале доколку дојдам 5-10 минути подоцна. Не е тоа намерно туку полабаво го планирам времето. Но кога одам негде и битен е тајмингот или сум до минута точна, или пак порано неколку минути. Добро го планирам времето, знам колку време ми треба да се средам и да стигнам до локацијата. Мразам доцнење, некако ми е неодговорно а кога некој чекам, чекам само 15 минути и си одам. Ако јас сум се потрудила да стигнам на време таков пристап очекувам, а не некој дома да се слика пред огледало а јас како будала да чекам. Моето друштво и блиски знаат каква сум по тоа прашање и скоро секогаш се точни (оправдани се само 15минути доцнење поради гужва во сообраќај, домашни проблеми и сл.).
Секогаш доцнам...и секогаш ме чекаат и постојано ме опоменуваат за тоа,...ама тоа е никогаш неможам на време да се спремам, барем 5 минути порано, и да чекам подготвена да дојде времето кога треба да излезам...секогаш во последните минути трчам по цела куќа, хаос правам на сите страни, се расфрлано..потоа одвај успевам да средам се.. Инаку кога се работи за нешто поофицијално знам да бидам точна. Ретки се, скоро и да ги нема моментите кога јас стигувам прва и треба да чекам некој...сепак ми се има случено неколку пати и многу се лутам така, мразам да чекам некој Но тоа ми беше лекција и сега се обидувам колку можам поточна да бидам (ма да не ми оди баш)
Јас никогаш до сега не сум задоцнила. Највеќе од се мразам да чекам, па затоа и не оставам да ме чекаат.
Некогаш на времето секогаш бев или пред време или точно на време ,,,но со текот на времето се променив и се прилагодив со оние со кои се сретнувам(кој касни и јас каснам, а кој не ни јас) па може да кажам дека сум Флексибилна но би било и убаво да се каже дека ретко доцнам Спојлер исклучокот е за оние кои мнн мнн ме извисиле па да им вратам малку за да се осетат за следен пат
Никогаш не доцнам, и не сфаќам луѓе што константно доцнат и се гледаат во огледало 20 минути, а знаат дека доцнат веќе пола саат
Секогаш јас сум таа што чека! па како за инает се ми се погодени другарки другари што каснат,кој 5 мин.кој 15..колку пати сме разговарале на оваа тема и некој повторно си тера по свое! Стварно не разбирам коа некој ќе ми рече па не можев да стасам па гужва имаше низ град па не знам си што! Затоа има решение,ќе почнеш да си се спремаш ако треба саат време порано и готово!
скоро секогаш а ретко му доцнам на дечкоми само изгледа дека едвај чекам да го видам понекогаш доцнам и намерно :geek:
Не. Јас сум моронот што го почитува договореното време. АКО СЕ ДОГОВАРАТЕ ВО 11 КАЖИ МИ ВО 11, А НЕ ДОГОВОРОТ Е ВО 10:30, НЕКОЈ КАСНИ ПОЛА СААТ!(некад и више) Решив да каснам и јас, ако веќе зборот не важи.
Скоро секогаш сум на време, освен ако автобусот касни многу. И да, се нервирам кога ги чекам другите.