Мразам кога чекам некој. Тоа е причина поради која и јас не сакам да ме чекаат. Речиси секогаш сум точна. Добро, понекогаш се случува да задоцнам, ама тоа е во многу ретки случаи и си има своја приказна. Еве, завчера чекав една другарка, рече ќе помине откај мене и ќе одиме да се сретнеме со другите другарки. Абе, верувајте 10минути ја чекав. Можеби 10 минути не е многу кога ќе размислите, ама јас облечена, средена излегов од дома и како бајага ја чекав цели 1о минути. Е, затоа не сакам да ме чекаат и мене.
Секогаш сум точна на време, дури и порано стигам на договореното место затоа што многу мразам кога ме чекаат. Не сакам ни кога јас ги чекам, ама најчесто е така. Затоа, кога сум договорена со некој што постојано касни, каснам и јас по неколку минути, па така се сите среќни и задоволни.
Хаха Јас или сум спремна 15-20 минути пред договореното или сум закаснета 15-20 минути. Важно на време не сум никогаш
Мразам доцнење. Се трудам секогаш да бидам на време, освен ако оној автобусон 57 се расипе. Или има премногу бабиња и дедовци, па се менува и брзина, тогаш каснам. Ама пишувам веднаш порака кога ќе согледам дека ќе закаснам. Ама реткост е!
Секогаш, секаде и со секој доцнам! Речиси никогаш немам стигнато на време, зборам доцнење од 5 до 10 минути. Често ми се лутат, ама навистина не можам порано да излезам. Се спремам 20 минути порано и наместо да искочам, седам не правејќи ништо за во последниот момент да трчам и пак да задоцнам. Ми се има случено да задоцнам и 45 минути ,ама се извинував цела вечер, така да простено ми беше, со тешко срце. Знам дека треба да сменам прописи ама пуста навика, па ме трпат.
Зависи за кого се работи.Можда не е во ред ама тие што мене ми каснат и јас нив им каснам(од мерак) .Некогаш, ова почесто,порано доаѓам и си причекувам малку
Не доцнам, не сакам да ми доцнат, се случува на секому-ДА но често каснење на една особа ми е знак на непочитување, па уште со глупи изговори за закаснувањето. Го ценам бе, моето време, како и твоето. Затоа закаснувачите имаат голем - кај мене. ПОголем од овој горе.
Ако сум договорена само со 1 личност обично не доцнам, но ако се чекаме друштво, е тогаш со сигурност ме нема едно 20 минути после договореното време али се најавувам, и фала богу дека не ме чекаат туку после јас одам каде што се веќе седнати. Инаку не ми пречи да почекам ако некој доцни али се разбира некое нормално време 5-10 минути.
Па ,порано бев мн,мн точна.До секунда. Ама последниве години,тоа се смени и сеа при последните доаѓам.Инаку тоа е зашо МРАЗАМ да чекам,се нервирам коа некој ми касни макар 5 мин да се! Ептен мразам каснење!
Јас каснам обавезно -по 5-10мин. Се обидувам да се надмине Инаку да чекам и не ми е некој проблем... мислам ако казнат 15 мин највеќе...ајде, ама пола саат каснење-не толерирам и плус сите сме такви во друштвото ,така ако се договориме на пример во __:00, сите знаеме дека ќе дојдеме во __:10 така да немаме проблеми
Ретко, многу ретко каснам, секогаш гледам да сум на време. Најмногу мразам да чекам некој Ајде да касни 5 мин, ама па фазла од 15 мин збеснувам.
порано никогаш речиси не доцнев но поледниве две години доцнам и тоа мн речиси секогаш се случува да се јавам и да им презакажам да излезат подоцна бидејќи нема да стигнам незнам едноставно сум перфекционист сакам се на мене да е средено и секогаш има нешто што треба да го направам или поправам па секогаш се задржувам повеќе и поради тоа ме чекаат но дефинитивно рекордот ми е 40 мин доцнење секоја караница со дечко ми е токму поради доцнењето, знам знам дека не е ок ама не можам да се сменам
Секогаш сум тоЧна на време. Мразам коа се договарам со другарките и тие секогаш доцнат . Ако јас мозам на време да бидам спремна така и другите нели !!!
Многу ретко ми се случува да доцнам бидејќи моите другарки доцнат почесто и знам како е некој да те чека па подобро ќе почекам отколку да доцнам или да ме чекаат...
Ретко доцнам, а и ретко доцнат , не се сеќавам повеќе да сум чекала од 10 минути или и толку максимум да ме чекале
Порано си бев точна до минутата но сега убавезно каснам 5 мин најмалку А мразам да чекам нарочито сама ај ако е со дружтво се трпи некако ама сама ако сум на тој што касни 8984 пати ке му се јавам дур не се нацрта пред мене
Не никогаш не доцнам што се однесува до мене не земајки ги временските неприлики гледам да стигнам на време. Секогаш на работа сум 10 мин. порано а и кога се чекам со некого стигам 5 минути порано, и се разбира оставам 8 мин. по бон тон да закасни некој после тие 8 мин. поминати многу се лутам ако не дојде тој што го чекам. Не доцнам и не сакам да ми доцнат тоа ми е прво правило