Никогаш не доцнам,така сум учена од мала...ми се има случено неколку пати,но тоа е ако некој сретнам на улица по пат и тогаш со него муабет и тогаш може да задоцнам но гледам да е тоа што помалку за да не каснам многу
Напротив. Понекогаш дури можам да тргнам 10 минути порано од времето кое ми треба да стигнам до договореното место.
Најчесто дечко ми ме критикува дека секогаш доцнам, иако навистина се трудам да стигнам на време. За излегување никогаш немам доволно време да се спремам, ама насабајле кога ќе треба да стигнам во 8 на предавање, знам и за 10 минути да се спремам.
Не доцнам никогаш, ако ми се случи некогаш да не стасам на време обавезно се јавувам да кажам, иначе мразам кога чекам некој долго време и неможам тоа да го сватам бе, како може јас нијкогаш да не каснам а некој да касни секогаш
Не доцнам скоро никогаш. Секогаш сакам да сум на време, дури некогаш сум и порано каде што треба да стигнам. Не сакам да чекам некого и им давам до знаење на тие што ми доцнат често, дека не сакам да ги чекам. Истотака не сакам ни да ме чекаат, доколку се случи од оправдани причини да закаснам се јавувам да кажам и се извинувам.
Не секогаш, ама и кога доцнам во прашање се 10 минути, еве и 15 нека бидат. Ама се е тоа избалансирано, истите тие мене што ме чекаат, каснат кога јас ги чекам, па никој нема право да се жали.
На почетокот кога одевме заедно со мм негде првите неколку месеци доцневме по 10 мин заради него. Полоше од жена за излегување. Хахахаха ама сега сме уходани и пред време сме каде и да осиме. А и сум човек кој сака да е и е на време. Почитувам точност
Многу мразам кога ми доцнат, особено кога сум тип-топ скоцкана, и треба да чекам некоја другарка, а згора на тоа и да ми се јават и да ми кажат дека ќе задоцнат 10тина минути. Еднаш се имам многу изнервирано заради другарка која откако ја чекав10 минути ми се јави и ми кажа дека ќе доцни 20 минути!! т.е. дека не излегла ни од дома, а прилично далеку е... Секако не изреагирав бурно, ама ми пукна филмот! Многу ценам луѓе кои се точни, за среќа имам такви во друштво и можам да кажам дека некако нив ги почитувам малце поише отколку другите
Гледам да не доцнам, затоа што имам другарка што СЕКОГАШ ама баш секогаш касни по 30мин некогаш и повеке, и секогаш викам дека нема да ја чекам дека ке си отидам да ја научам на памет, ама наместо тоа останувам и цела вечер сум нервозна хахаха иначе да се вратам на темата ја не каснам а ептен ако се случи да каснам не е тоа повеке од 10мин,и најчесто е заради јавниот превоз
Понапред ретко ми се случуваше да доцнам .. но сега се почесто ми се случува речиси секогаш само мене ме чекаат ...знам дека не е убаво и на пат сум да се поправам .. Инаку би чекала и јас но да имам друштво ..сама мразам да чекам
Секогаш сум на време или пак 5 мин порано. Некогаш дури и се нервирам што сум секогаш на време . И викам овој пат ќе дојдам покасно и онака сите ги чекам, ама не ми успева...како да имам вградено внатрешен часовник
Не доцнам а сигурно барем 5мин порано сум стигната.Ужасно ме нервира да чекам,ако сме се договориле 17 часот толку и нека биде а не да дремам 10 минути,15 .Како што сум стигнала јас на време можеш и ти.Секако може да биде оправдано доцнење заради некоја причина ама не тоа нон стоп да се случува.
Секогаш доцнам. Ама секогаш. И тогаш кога сум си викала дека нема, нешто ќе ми искрснело и ќе сум задоцнела. Сега практикувам саатот да ми е понапред - демек за да не каснам. Абе 5-10 минути ако не закаснам, не е тоа тоа... посилно е од мене...
Ете денес конкретно не ја чекав другарка ми воопшто, знае дека не поднесувам некого да чекам, а ако каснам тоа е само 5 минути не повеќе
Доцнам и тоа многу. Саботава бев на свадба и дечко ми ме чекаше надвор цели 20 минути, а во кола беше со мајка му и татко му
Порано (пред неколку месеци)ни еднаш немав закаснето, секогаш бев прва, секогаш чекав некој, доаѓав и 10 минути пред договореното време. Сега, се е обратно. Каснам по пола саат, иако почнувам да се спремам неколку саати пред искачање, пак на крај каснам. Се нервирам бидејќи знам како е да чекаш некој долго (иако ја се навикнав тогаш не ми беше проблем). Гледам да брзам во последно време ама тешко
Уффф колку мразам некој да чекам секогаш доагам на време па дури и неколку минути порано, а другарките постојано си каснат. Па мајка му стара ако сме се договориле во толку и толку часот тогаш и треба да бидете готови а не да касните по 10-15 минути ! но сега се изнаучив и излегувам 15 минути покасно и така неморам да ги чекам и довагаме во исто време на договореното место