Многу ретко и тоа обично се случува ако се успијам. Обично сум секаде навреме. Ако ми треба повеќе време да се подготвам пред да излезам се спремам порано и така. Како и да е многу мразам кога некој доцни, особено подолго време
порано доцнев повише од сега! се имаше дешавано и другарка ми да ме чека и по еден саат!! аа некогаш и се имаше дешавано ние да се чекаме у 8..а јас во 8 да почнам да се спремам аа сега може да се каже дека повеќето пати сум на време
Сегде доцнам A особено кога е за излегување, секогаш одиме заедно јас и една другарка, и морално е да закаснеме. Ние две тоа си го викаме " Влез со стил! " Цело друштво не чека A и обично доцнам, и за станување, и за на школо
Никогаш не доцнам. Мразам да ми доцнат а па и да не се јават! Но и зависи со кого сум договорена, имам две-три другарки што доцнат дури и по еден саат, така што кога сум договорена со нив, незнам што е полошо, да си дозволам и јас доцнење (јас го гледам како закажување - еден час подоцна) или да останам да чекам.
Гледам да доаѓам на време, така што сега за сега не забушавам. А многуууууууууууу ме нервира кога некој доцни и уште се фали со тоа
Зависи. Во основно и средно имав грда навика да каснам скоро секогаш на првиот час па од тоа си имав неоправдани а сега некако се поправив во однос на доцнењето.Понекогаш ми се случува да дојдам и порано кога имам нешто закажано со некој и најмногу се нервирам кога чекам некој.
Точна сум како швајцарски саат. Грешка. Секогаш сум неколку мин. порано отколку што треба... И многу се нервирав кога некој доцни, ми се чини секундите ги броев, колку само кавги имам почнато за тие доцнења, сум знаела цела вечер да се лутам затоа што некој задоцнил, неодговорни едни А и стварно не ми е јасно зошто некои луѓе постојано доцнат? Не еднаш, двапати или петпатпати туку постојано...
Пред некој ден слушнав објаснување од другарка зашто касни и се зачудив. Девојчето касни секогаш, по 15тина минути, на факултет, договори со другарки и слично, но за работи кои и се битни, на пример вежбање, е секогаш точна. И ми рече дека касни зашто така се осеќала важна, демек ја чекаат, а кога станува збор за факултет на пример, така секогаш доаѓала кога се почнува со битното и не чека другите да се спремат за час
Мојата поранешна најдобра другарка каснеше цело е*ано време. Чекај ја пред врата, чекај ја пред зграда, чекај ја во соба, пола саат минимум. Јас ја чекам кај нејзе дома да идеме у кафана, девојката на кафе си отишла кај другар, и дур да дојде, па дур да се спреми. Баш тоа денес дискутиравме на факс. Јас никогаш не доцнам, и мразам кога ми доцнат. Дури доаѓам и порано, но тоа е мое право. Кога ќе се договорам во 9 сакам во 9 да се дојде !!! Ужасно ме нервира доцнење, и мислам дека од тие побуди погоре наведени каснат дотичните луѓе, затоа што сака некој да ги чека, да се осеќаат важни. Да, да, да, сигурно ќе ми бидат на приоритетна листа кај мене ако го прават тоа што ме збеснува.
Не можам да речам секогаш, ама најчесто сум точна, прецизно до минута, или па една -две порано. Лично претерано многу ме нервираат личности кои доцнат, ме мава на неорганизиранот и непринципиелност, а и непочитување кон другиот. Другарките мои секогаш каснат, и тие порано и сегашните. Имам една другарка до половина час ја имаме чекано, секогаш значи секогаш касни. А бре барем времето можеш да си го организираш. Ако ти треба 6 часа да се спремаш, почни пред 6 часа и спреми се. Што сум должна јас да стојам на двор на ладново и да те чекам. Јас можам да се спремам на време секогаш? Е па можеш и ти. Нормално разбирам се случува еднаш- двапати поради оправдани причина да задоцниш, најнормално е човек си, ама СЕКОГАШ, е тоа не го разбирам, ниту оправдувам. И повеќе не чекам, минута- две и си заминувам. Кога можат тие толку безобразни да бидат и да не мислат на мене, не мислам ни јас на нив, не чекам. А пак, нема да чекаш и тие ќе ти се налутат, која логика еј....
Порано многу доцнев кога одев за на училиште , и многу неоправдани добивав .. Ама сега не доцнам зошто си најдов решение Напрајте го саатот 5-10 минути подоцна (од нормалното време) за миг ќе заборавите дека сте го направиле саатот да биде подоцна и ќе се брзате . Тоа го направив и многу сум задоволна сега бидејќи не доцнам никаде
JA nikad ne kasnim... Svi ostali su jednostavno poranili...! Секогаш доцнам, во последен момент се спремам и пак не сум спремна.