Секогаш доцнам каде и да треба да одат јас пак доцнам тоа е и мојата најголема мана а другарките постојано ме чекаат по 5-10 минути а некогаш можи и повеќе
Порано не доцнев воопшто, дури и доаѓав порано, со надеж дека и тој што го чекам, ќе му текне да дојде порано, а најчесто каснеле, па сум ги чекала дупло повеќе. Сега или доаѓам ептен точно на време, или малку подзакаснувам (секогаш со оправдание)
Никогаш, ама баш никогаш не доцнам!Често ми се случува да дојдам пред одреденото време,но подоцна никогаш.Понекогаш посакувам да сум од тие што доцнат зошто имам другарки кои нервите ми ги корнат секогаш кога треба да се најдеме некаде.А, јас чекам и чекам ... За моја среќа, мојот сакан го нема тој проблем.Дури, често се случува 5 минути пред договореното време да ми се јави и да ми каже- ајде, кај си... И фала му на бога што е така, мразам кога некој касни!
Па доцнам,порано секогаш другарка ми ме чекаше по 3-4 минути (што не е многу) и секогаш ми префрлаше за тоа....а сега имаме бесплатни и си се јавуваме пред да испаднеме од дома,ама и тогаш доцнам по некоја минута,со оправдание дека ме застанал некој комшија,мама не била дома да ми даде пари...
Не доцнам речиси никогаш. Ако задоцнам би имала убава причина за тоа, моето мото е , подобро јас да чекам отколку да ме чекаат. И многу, ама многу ме нервира кога некој ми доцни. Ми зоврива крвта уште во првите 5 минути. Не сум пицајзла, ама неорганизираност со времето мразам.
Не, не доцнам никогаш. Иако ми се случило неколку пати и јас да задоцнам ама секако тоа било од оправдани и разбирливи причини. Секогаш настојувам да сум на договореното место баред 5 минути пред да дојде другарка или небитно кој. Пример ако сум се договорила во 5 саат некаде, јас сум таму во 4 и 50 и нешто. Мразам луѓе кои постојано и постојано доцнат, со тоа докажуваат колку се само нестабилни.
Па глеам да не каснам ама не можам у крв ми е бе да доцнам..и у школо и коа сум договорена бар 5,10,15 па може некогаш и по пола саат ху ху...
Не. Секогаш сум точна или евентуално пред време стигнувам, ако каснам обавезно го известувам оној што ме чека дека ќе задоцнам толку и толку време. Несакам да ме чекаат, несакам ни да доцнам на предавање на факултет ни никаде. Настојувам секогаш да сум точна и ми успева тоа.
Најголемата маана што ја имам! За во училиште, за излегување, макар и за до продавница кога ќе ја викнам другарка ми да ми прави друштво она е таа што ме чека! Мајка ми се нервира по дома урла по мене, ми вика безчувствителна на ова ладно да те чека некој знаеш како е?!? И благодарение на неа, зашто неможам да ја слушам кога ќе почне со нејзините ГОВОРИ, гледам што побрзо да искочам!
Точна сум ко швајцарски саат, освен тогаш кога не сум. Кога не сум, автобусот е крив. Секогаш кажувам пола саат порано дека ќе каснам. А каснење толерирам, ептен да не испадне дека џабе картата ми отишла. Си правам Бајрам на мозокот.
Секогаш сум 5 или 10 минути пред договорениот час. После патот кој сум изминала до уговореното место, седнувам на некоја клупа, палам цигарче и одмарам...и чекам Многу мразам да ми доцнат, или уште повеќе, да не се појават...
Мразам да ме чекаат и мразам да чекам! Затоа настојувам секогаш да сум точна дури и порано доаѓам. И многу ме нервираат луѓе кои незнаат да си го испланираат времето па доцнат.
Точна сум секогаш и ме нервира кога некој касни. Го почитувам туѓото време и сакам и моето да го почитуваат. Ако се случи некогаш да знам дека ќе закаснам, ќе се јавам и ќе кажам. Кога си се договорил, биди точен, а не после да се оправдуваш дека си изгубил осет за времето или не знам што.
Каде и да одам, со кого и да одам, секогаш доцнам 2-3мин. Ама морам. Колку и да сум спремна однапред, секогаш последните минути ми се во трчање. Малку ми е страв, што повеќето ме научија, па сега тие намерно ми доцнат. А, не сакам да чекам ниту една минута! Абе збеснувам.