Доколку е нешто навистина важно, никогаш не доцнам Но прашај те ја другарка ми колку ме чека онака кога одиме некаде А јас баш мразам да чекам
Мразам да чекам иако веќе сум навикната - сите секогаш доцнеа, а јас бев првата што доаѓаше -СЕКОГАШ! (не доаѓав порано, едноставно другите доцнеа, маана ми беше да сум точна) Е сега друга приказна. Си реков зошто јас да ги чекам а тие да се влечкаат? Сега не сакам да доцнам (знам како е да чекаш) ама не знам како ми се случува и да излезам порано 3-4 мин. повторно дури да ги облечам патиките ова-она доцнам 5 мин.
Не доцнам.Барем се обидувам да не доцнам.Не сакам кога доцнат и јас да чекам.Затоа се обидувам да дојдам една минута порано.Ни да чекам ни да ме чекаат.
Јас сум личност кој никогаш не доцни, секогаш сум на време каде треба да бидам во тој момент и никогаш не ми се случило да доцнам или да трчам за да не закаснам. Инаку не сакам да каснат и да чекам тоа ужасно ме нервира и знам да си отидам и да не чекам!
До пред една година нонстоп само мене ме чекаа сите... Откога се запишав на факултет станав одговорна личност и сега секаде стигнувам пола саат предвреме!
НИКОГАШ не доцнам, а многу се нервирам што поголемиот дел од моите другарки знаат и по пола саат да доцнат. Ужас! Многу пати им имам закажано пола саат порано само за да дојдат на време .
Морам да се пофалам.......нов рекорд на доцнење...40мин. требаше да отидам во 20:30 а стигнав во 21:10 (ама па оправдано ми еее-ми избега автобусот )
си доцнам. скоро секое излагање и тоа секогаш ќе си речам ај вечерва ќе се спремам од порано и тоа и го правам но секогаш има нешто што ме задржува без разлика кога ќе почнам да се спремам А навистина би сакала да ја сменам оваа лоша навика, па се повеќе и повеќе се трудам бидејќи им ги сје*ав живците на другарките и “господинот’’
Секогаш доцнам! Многу си ја мразам та глупава навика, знам дека ги нервирам сите, и другарките и либето, ама најмногу ми е срам кога ке влетам 10 мин откако е почнато предавањето, цел амфитеатар се буљи во мене. Луѓето веќе ме научија дека сум таква па не ми замеруваат, ама стварно ми е мноу глупо! Мислам дека тоа е некој вид болест жими се. Не ми е проблем ќе станам и во 5 сабајле, ама како и да правам секогаш доцнам. И секогаш се пцујам себеси кога трчам некаде, а веке е безнадежно да стигнам на време!
Оваа година многу доцнам на училиште. Значи на училиште тргнуваме во 8 часот а јас станувам во 6 и 30. Кога ќе станам многуу се влечкам бидејќи многу ме мрзи да се облекувам. Училиштето ми е на 15 минути од мене што е најинтересно. Кога ќе размислам незнам ни што права цело време.
Никогаш не доцнам, мислам дека во животот никаде немам задоцнето ама мн мразам кога др доцнат а јас сум готова и си чекам
Никогаш не доцнам никаде, секогаш сум спремна точно на време или пред време. И нај нај нај најмногу мразам кога некој редовно доцни, имам таква другарка, значи ниту еднаш во животов не била точна. И не можам тоа никако да го сфатам, човек да не биде способен барем еднаш во животот да се спреми на време. Па не е некоја голема филозофија мајкуму стара. Се нервирам во моментов додека пишувам, напатена сум со вакви другарки
обично не доцнам но некогаш се случува , и мразам кога некој доцни постојано , затоа со тие секогаш се договарам 10 мин порано и на време доаѓаат
Не, скоро никогаш не доцнам. Сакам секогаш да сум на време, па макар и да чекам. Подобро да чекам и да не пропуштам ништо отколку да доцнам па да пропуштам можеби некои важни работи. А и мразам кога другите доцнат па јас треба да ги чекам долго време.
СЕКОГАШ и во вечни векови. Амин ЧД мала шала... Да,мора јас секогаш да доцнам. Кога и да почнам да се спремам морам да закаснам.
Јас кога и да излезам секогаш се спремам порано за да не задоцнам, затоа што многу споро се спремам, и така секогаш стигнувам и порано, многу ретко доцнам дали два пати досега ми се има случено тоа. Секогаш другите доцнат во мој случај и секогаш јас чекаммм...смрт ми е тоа