Порано доцнев,ми кажале дека доцнам,па сум приметила дека имало нервоза од страна на другите,иако се работело за само 10-15 минути,не гледам ни место за нервоза,а притоа и самите истата грешка да ја прават кон други,па сега на мене ми се исфрлале како зошто сум каснела толку.Сакаат да остават впечаток кај другите дека се точни,па со својата точност се фалат насекаде,а во суштина не се такви какви што се претставуваат.Сепак за разлика од порано,сега гледам на време да стигнам,да сум точна,да не каснам,заради другите,а воедно и заради самата себе,меѓутоа доколку проценам дека нема да стасам на време,се јавувам да кажам кога точно ќе стасам,со цел другите да не ме чекаат многу.Сметам дека е нормално човек да закасни,немам потреба,нити чуствувам,нервоза или дека не сакам кога некој доцни,нити му замерувам на човек за такво нешто,затоа што разбирам зошто човек би задоцнил,едноставно сум личност што не прави замерка за такви работи,за кои што нема место за нервоза.
mnogu retko se slucuva da zadocnam,se trudam da sum sekogas tocna ili barem doncenjet da ne e poveke od 5 min
хехехехехехе темава е створена како за мене нон стоп ми се случува да доцнам (и најчесто по 5-10 мин) па сите се нервираат со тоа
Порано до пред 3-4 години секогаш каснев и кога излегувавме другарките секогаш ме чекаа. Ама тоа беше порано Сега не каснам, секогаш сум си навреме и саатот ми е 5 мин напред направен. Со другарки може да се случи некогаш да закаснам малку, ама пред дечко ми не каснам
Е тоа ми е доблест Ама секогаш сум спремна навреме за се. Седам пола саат пред тоа на пц, или пред тв и чекам да дојде времето за да одам. Е сега, во ред, сум се успала некогаш за на факс, ама не е тоа намерно, па нека чекаат другите, тие си одат. Ама да чекам другарки да се доправат фризури или да си ја миела пак оти не и се допаѓала, е тоа веќе нервира и тоа како. Можам јас да стасам навреме, ќе мораш и ти да се потрудиш. Сфаќам за ептен деликатни работи, и еднаш, двапати, ама нонстоп, не знам не би толерирала
Многу ретко, а дури и тогаш се извинувам, праќам порака, абер нешто, дека ќе задоцнам. Во принцип, не сакам доцначи - аналогно на тоа не сакам да чекам. Луѓе кои доцнат, ужасно ме нервираат, зошто не го почитуваат моето а некогаш и колективното време. Се случило да се договориме еден куп луѓе, и само поради еден или двајца што доцнат, да се напне цело друштво. Епа нема така, утре кога ќе идете на работа, ќе си го прашате Цацко ако ве шутнат ради неодговорност!
Браво, и јас никогаш не доцнам и многу мразам кога некој ми доцни имав една таква другарка и на два пати и заминав макар што едниот пат си заминав дома многу се налутив чекав можи 40 минути го исклучив телефонот а кога се слушнавме другиот ден извини ова она ама од тогаш се навикна и веќе не касни кога се договара со мене.
Иако знам дека онде кај што сум договорена со другарки тие СЕКОГАШ доцнат јас секогаш сум прва стигната на местото,едноставно и беспрекорно нигде не доцнам (мноооогу мноооогу ретко) и уредна сум си затоа ме фалат и од дома ... едноставно толку многу ме иритира каснењето што 30 пати ќе титнам на оној што го чекам хехехе
Секогаш ама баш секогаш доцнам! Мразам да чекам. И да, ме нервира кога сум спремна за поаѓање да ми се јават и да кажат дека ќе задоцнат. Уфф ме иритира!
Многу мразам да доцнам и да ме чека некој .. ако трчам значи се брзам но секогаш стигнувам на време .. исто така и мразам да чекам некого .. !!
Никогаш не доцнам. Барем не без причина. Не доцнам затоа што не сум стигнала да се спремам или слично. Ако се случи да задоцнам што е голема реткост, има добра причина за тоа. А кога чекам некого многу ме нервира тоа. Не е во ред да не се почитува туѓото време. Ако сум можела јас да го организирам времето и да ипланирам да дојдам на време, тоа го очекувам и од другата страна. Ничие време ни присуство не е поскапо.
Оф темава како за мене да ја праеле СЕКОГАШ доцна..секогаш ме чекаат и секогаш ми викаат поради тоа хахахаха па што да правам иначе јас лично многу мразам да чекам.. а секогаш каснам !!!
Порано на секое искачање, јас бев таа што мораше да чека, и чека, и чека. Ама сеа, јас сум таа што касни, и касни, и касни.
Ретко доцнам, ептен некогаш кога морам, до 10 минути најкасно. А за чекање, мразам да чекам А што имам една другарка, мисли дека е принцеза, па по два часа ќе ја чекам неа, како не.
Lele, jas akone zadocnam ne sum ziva non stop, abe i da sum spremna pak so nesto ke se zamtkam ipak jas docnam, a znaete i me nervira koga ke mi recat DA NE KASNIS, jas se lutam a vo pravo si se
Никогаш не доцнам секогаш сум спремна на време па дури и предвреме стигнувам каде треба мразам да чекам некој а секогаш чекам значи за тоа најпојке ме нервираат другарките еднаш требаше да се чекаме во 9 за впарк на трчање и јас во 9 и 5 ја чекам другарками вдвор кај мене,му се јавувам а таа тогаш заби миелаа значи едноставно мразам неодговорни и луѓе и неможам таква да се замислам себеси
јас секогаш сум навреме или предвреме стигната, ама сега за матурава кај што требаше на време да стигнам закаснив 30 мин и многу се изнервирав