Море скоро секогаш пред време си доаѓам јас, ама тоа многу го мразам, дека многу се фрустрирам пред да излезам ако закаснам а нешто, многу чудно!
Ја па, гревче, све сум точно на време. Ако се случи да задоцнам, значи автобусот ми заглавил во сообраќај Толерирам доцнење до одреден степен, 15, 20мин. Во средно се има случувано другарка да чекам 1 саат, ама повеќе луѓе сме ја чекале, па не било страшно. Не ме нервираат луѓе што доцнат, само не ми се јасни. Си имаш период за спремање, тргнување, па дојди си ко човек, да се дружиме повеќе време. Ми се има случено и дечко да ми доцни повеќе од пола час. Кога требаше да се најдеме тој тогаш беше се разбудил (беше 7 попладне иначе). Чекав околу 45мин и си отидов. Се налути, ама кој му е крив.
Гледам да не доцнам, но најмногу од се што мразам е некој друг да доцни, а веќе сме се договориле во толку и толку.
Порано не доцнев ни малку, дури доаѓав и пред време, со мисла дека и тие што ме чекаат го прават истото. Меѓутоа, откако сфатив колку другите НЕ го почитуваат времето, сега не обрнувам многу внимание на минутите
кога доцнам, културно доцнам да речеме 5-10 мин амааааааа затоа другарките не се вака културни, па имам обичај да ги чекам подолго...
Порано скоро секогаш тоцнев, но сега многу поретко скоро ич. А кога некој ми доцни ууу многу се нервирам
Се сеќавам дури бев средно, се договарав со школска за да одиме заедно на училиште. Немаше ден, а да не задоцнам најмалку 10 минути. Срамота. Сега не доцнам повеќе, некогаш се случува да подранам 2-3 минути, па јас да чекам. Веројатно си мислат дека ќе доцнам, па си оставаат простор 10ина минути. Како и да е, не сакам луѓе кои доцнат. Сакам одговорност, затоа и јас самата ја сменив таа одвратна навика.
Епа никогаш не доцнам, спротивно секогаш сум прва кога треба да одиме со другарките негде рано морам да им се јавувам на телефон за да ги будам