Скоро никогаш не доцнам, обично стигнувам 5-10 мин пред време и многу се нервирам кога некој ќе ми доцни.
Секогаш сум на време, стигнувам 10ина минути пред договореното. Мразам доцнење, се нервирам кога ми доцнат. Го сметам тоа за непочитување. На прсти можам да избројам кога сум задоцнила и тогаш тоа било со причина.
Не само што не доцнам, туку луѓето кои постојано доцнат веднаш добиваат негативни поени кај мене... Не само поради арогантноста дека нивното време и личност се поскапоцени, туку и поради неспособноста да си го организираат времето, а јас луѓе со лоши организациони карактеристики не ценам нешто посебно... Иако е друго кога едната личност очекува дома посета со ориентационо дадено време, со согласност од двете страни, пр. околу 7-8 часот навечер, а сосема е одвратна сликата на човек кој некаде на јавно место ,,виси,, чекајќи некого повеќе и од половина час... Јас после разумен период на време, не повеќе од петнаесетина минути, си заминувам искрено, ако не бидам во меѓувреме, барем телефонски известена за оправдано доцнење...
Не доцнам секогаш, секогаш гледам да сум излезена или стасана на договореното место. И мразам да чекам и да ме чекаат.
Јас не доцнам и мразам кога некој доцни. Никогаш не ја оправдувам таа човечка особина, освен кога има добра причина за тоа а таквите случаи се мнгу ретки. Најчесто луѓето тоа го прават од незнаење како да си го организираат времето или едноставно затоа што се навикнати секогаш да доцнат. Ужасно се иритирам кога доцнењето го користат да се направат попаметни, најчесто користејќи ја фразата "Ѕвездите секогаш доаѓаат последни"
мразам кога некој доцни , а јас никогаш ама баш никогаш не доцнам! секогаш или сум порано или точно на време. доцнењето е лоша особина и според мене е неодговорност и неозбилност!
Во принцип никогаш не доцнам, секогаш сум на време, а ако задоцнам, тоа не се повеќе од 5 минути. Страшно ме нервира доцнење, тоа според мене е непочитување на договор и се лутам кога некој многу доцни.
Не. Јас ако сум се договорила да излезам во 8:30, јас обично во 8-8:15 сум спремна и чекам. Добро како секој човек имам и јас задоцнето, но не повеќе од 5 пати. И доцнењето било 5-10 мин. А сега, мразам и некој да ми дојде порано 10-15 мин, а јас не сум спремна и тогаш се правам набрзина, неможам да се исчешлам убаво на раат.
Не, никогаш не доцнам. Секогаш сум дури 10тина минути пред договореното. Доцнењето го сметам за многу лоша карактеристика и за не почитување на мене и моето време.
Скоро секогаш каснам или пак доаѓам 15 мин порано а вака точно на време ама баш никогаш не ми се погодило хаха
СЕКОГАШ, ама баш секогаш каснам..и то по многу, ако сум договорена во 9 и пол во 10 без 20 излегвам од дома ) иако сметам дека не треба да ми стане навика, секогаш го правам тоа. ама без мене не тргнуват
Никогаш не каснам.Тоа е една од работите што најмногу ги мразам,а и самото каснење одма ми оддава некаков впечаток за личноста.Секогаш сум спремна 5-10 мин пред да излезам и постојано јас сум таа што ги чека другите
Не, скоро никогаш. Мразам кога каснам или пак кога каснат. Секогаш сум на време. Обично 5 мин. пред договореното.
Секогаш сум точна. Сакам и другите да се точни. Нека касни некој па ќе види тој. Јас не можам да дремам како будала и да чекам.
Гледам да стигнам на време, но се случува да задоцнам... Се разбира со причина. И многу се нервирам кога доцнам или кога чекам некого.
јас секогаш скоро сум на време или кога доцнам, доцнам некои 5 минути..мање више а многу мразам кога чекам пошо како што сум знаела јас на време да се скоцкам и они треба да знаат а не сме се договориле во 8, нејзе до 8 ипол ни трага ни глас и нема..