Иако се обидувам да не е така,јас секогаш мора да доцнам 5-10 мин,колку и да брзам да излезам или да дојдам порано.Секогаш во последен момент нешто ми текнува... А мразам кога јас чекам некого,иако знам дека мене стално некој ме чека
Колку и да сакам да не задоцнам неможам...се нешто се случува во последен во момент за јас да задоцнам Ама веќе сите ме научија и почнаа порано 10мин да ми кажуваат за да стигнам на време
Најмногу мразам кога доцни некој,така да и јас не го практикувам тоа. Разбирам да се доцни од икс причина, два-три пати, но тоа да стане во навика ме асоцира на незрела личност.
Па не доцнам..Јас сум човек од збор..Меѓутоа кога некого чекам еднаш,два пати,три пати..другпат намерно јас каснам.. И да како што знам колку е глупо да чекаш,затоа и не доцнам.и мрзам некој кога доцни...тоа за мене е НЕПОЧИТ...
Речиси секогаш сум на време, ретко да закаснам и тоа 5-10 минути. Имам другарка пола час ја имам чекано, еднаш закасни само 5 мин. и искрено ме зачуди. Многу мразам да чекам
Исрекно, јас никогаш не доцнам, секогаш сум на време. Ако сме договорени во 9, јас си го испланирам времето претходно и точно во 9 сум спремна бидејки несакам некој да ме чека.А многу се нервирам кога се спремам и кога некој доцни и го чекам пола саат, спремна седам у тупкам
ќе земам и да се спремам предвреме а кога ќе треба да искачам ќе ми текне нешто ... а да чекам некого немам живци
Секогаш сакам да сум на време стигната без разлика каде одам. Посебно кога се брзам за на факултет, и морам да чекам такси .... подобро јас да чекам отколку мене да ме чекаат.... ПС: Не сакам луге кои каснат затоа ако доцнат повеке од пола саат си одам од закажаното место .... кога јас можам да отидам на време може и некој друг .