Прилично каснам,али не нешто многу 10 минути максимум.Не сум ко некои саат време да ги чекаш..И имам другарка никогаш не е точна,се договараш у 7 и намерно каснам 15 мин неа ја чекам уше пола саат,и нормално одма нервоза ти ствара
Хаааа темата како за мене. Порано но бев ваква но со текот на времето многу почнав да доцнам. Значи кај и да одам мора да задоцнам и секогаш ме чекаат и викаат по мене хаха. Инаку и јас мразам да чекам
Никогаш! Секогаш сум на време, па некогаш и порано и многу мразам да чекам. Поради таа причина и стигнувам секаде на време. Мислам дека не е фер и е целосно непочитување некој да не го испочитува договорот и јас да чекам цела вечност.
Јас речиси никогаш не доцнам освен под special circumstances. Ама тоа што најмногу ме нервира е кога ќе се договорам со другарките да одиме некаде и доцнат. Тоа од такт ме вади. Значи не станува збор за доцнење од 1-2 или 5 минути. Туку доцнат и по 15-20 минути, ама тоа кога ги чекаш за некаде. А сами кога треба да дојдат, доаѓаат најрано еден час по закажаното време. На што личи тоа? Тоа е неодговорност. Влечковци. Мене срам ми е некој да ме чека кога убаво, човечки сум се договорила за време. Брат ми е еден од тие вечни влечковци и ме полудува. Не дека не може да стигне некаде, туку си дреме тој до последната минута, па после се спрема. Значи толку ми се преку глава што едвај ги толерирам ваквите луѓе.
. ..секогаш сум точна...на левата рака носам часовник кој не го вадам ни под разно и целото мое секојдневие си го планирам према времето и така функционирам,не знаам ни умеам на друг начин...исто и мразам доцнење посебно да чекам некого....на пр сопругот секогаш доцни....ако треба негде да одиме во толку и толку тој во тоа време иди дома се спрема така да се караме и дури љути излегваме....некогаш дури помислувам дека ги сменваме улогите,јас како жена наместо да одоговлечувам а тој да ме чека кај нас е обратно....маки мачам ама тоа ми е....во последно време му се заканив дека ќе почнам сама да одам секаде,кога јас како мајка и домакинка се на време завршвам е па и тој нека се потруди,единствена обврска му само работното место.......а имам приметено ако има некој спорт на тв шо го интересира на време се нацртва дома пред тв...значи кога сака се можи се... ...исто на работа...секогаш сум точна,ако треба порано ке дојдам ама да доцнам ни под разно...
Ако мразам нешто најмногу, тоа е доцнењето. Па кога сме се договориле во толку и толку и готово де. Ако треба повеќе време за спремање, едноставно е: почни порано. Јас секогаш сум 5 мин. порано каде што сме се договориле, и секогаш чекам Па ова не е работа веќе.. и често предупредувам: дојди навреме, нема да чекам. И некогаш кога ќе ме фати инает си заминувам. И често се случило по 1 саат од договореното да ме бараат
Јас никогаш не доцнам, но другарка ми што излегував со неа доцнеше по 20 минути, и ја откачив, не излегувам веке со неа.
не доцнам секогаш, но не можам да се пофалам и дека никогаш не доцнам ..ми се слушува 2-3 пати во неделата
Секогаш доцнам и секогаш јас сум таа што другарките ја чекаат со саати,а јас немам живци да чекам некој
Секогаш сум точна или можеби ќе дојдам 5 минути пред договореното време, несакам да ме чека некој, а исто така и јас да чекам некого х)
Никогаш не доцнам,неможам да ме чека некој....неодговорно ми е,сме се договориле пример во 9 а да одам во 9.30. Ако треба ќе почнам еден саат порано да се спремам,ама нема да задоцнам. А за чекање,стално си ги чекам другарките,ниту една не е точна и тоа страшно ме нервира
нее не секогаш.. само 9 пати од 10 на училиште лани доцнев многу (читај секој втор ден) а оваа година добро ми почна.. за излегување скоро секогаш доцнам барем 5-10 мин. а за чекање, мразам да чекам..
Порано бев ептен до минутка точна значи, дури и 2-3 минутки порано стигнував. А сега, нели искуството си го прави своето, како што беше со бившиот кој што го чекав како будала, и јас се научив да каснам по 5 до 10 минути. И да, секогаш кога чекам некој ептен се нервирам!