Паа...не баш секогаш, најчесто стигнувам меѓу првите некаде и морам да чекам, чекаам.... Се случува и јас да задоцнам, но поретко.
Секогаш ! Значи не памтам јас да не сум задоцнила.. И затоа другарките на пример кога треба да се најдеме во 11, они ми кажуваат у 10 ипол се со цел да не каснам ама џабее..
Па може да се каже. Ако треба негде да се чекаме во 19 часот јас ќе си седам на фејзбук,фемина до 18:30 и после ќе почнам брзо да се спремам,па ќе почнат да ми ѕвонат на телефон ајде каде си те чекаме,побрзај. Но брзо се спремам така да и не ме чекаат многу долго едно 5-10 мин.Но,некогаш се случува и јас да чекам.
"Ти кажав дека ќе бидам таму за 5 минути. Нема потреба да ми ѕвониш на секој пола саат!!" Е, ова како за мене да е измислено, и стварно мрзам шо најчесто доцнам ама шо да праам... ми нема лек. Буквално 5 саати унапред ќе почнам да се подготвувам и пак доцнам.. стварно чудно Прост личен пример, со другарките ќе се договориме во 22 часот, едната увек доцни 15тина мин., значи веќе е 22 и 15... а јас уште не сум подготвена..и доцнам уште толку минимуН.. и да, не е смешно..стварно работам на случајот, да се смени тоа во иднина
Во последно време, немам некое правило.Обично се погодува наизменично да дојдам, еднаш покасно, а еднаш на време.Порано имав различни фази - период кога каснев по правило, некои 5-10 минути.После тоа, сфатив дека е глупо така, па почнав да доаѓам на време, ама така секогаш јас ги чекав другите.Затоа сега, некого го чекам, а некој мене ме чека
никогаш не доцнам и страшно многу ме нервира некој да чекам ! ако мислам дека ќе задоцнам се јавувам и презакажувам...
Мразам да чекам, и да ме чекаат... ама се случува да задоцнам, не доцнам секогаш, ретко се случува тоа.
од оправдани причини знам да задоцнам, некој ме задржал во муабет, метеж во сообраќај, ама вообичаено сум си точна, а претпочитам и другите да бидат точни, и обично се (личности од најблискиот круг), иако нормално ако задоцнат не кревам паники, нормална работа е и доцнењето..