Секогаш на време па дури и 5 минути порано И сегогаш јас сум прва и ги чекам другите и не ми е досадно си го земам телефонот и си играм игрички
Во последно време СЕКОГАШ, ама буквално. Абе тоа чудо некое! И да тргнам на време, секогаш испаѓа дека сум заборавила нешто, како да си шприцнам парфем, да си ставам лабело, слушалките од мобилниот, клучот , па некој од моите на излегување секогаш има инспирација за долгометражни муабети.... лоша навика, лошаа... арно порано сегде навреме си одев.
Никогаш не доцнам, НИКОГАШ!!!!!!!! Го мразам она чувство кога некој доцни и кога ти доаѓа да трескаш наваму-натаму секоја канта што ќе ти се најде пред очи.. па нејќам и други да го осеќаат тоа!
Кога зависи од мене никогаш, ама баш никогаш, ама кога зависи од мажето мое кој и да не чека чека обавезно по минимум 15 минути.
Не! И ужасно се нервирам кога треба да чекам некој, значи и да разберам 5 мин. доцнење ама веќе повеќе ме откачува.
Порано секогаш доцнев и предизвикував нервоза, но кога мене ми доцнеше некој жив не остануваше, па така некако се поправив, па се случува и порано да стигнам
Порано воопшто не каснев, ама мојата најдобра другарка секогаш касне па и јас почнав Не многу де, 5-6 минутки.
Никогаш не доцнам и кога некој чекам ако постојано доцни после 5. мин си одам,ама ако некој што ретко му се случувало би го почекала.Секако на секој може да му се случи да задоцни,но тие што секогаш доцнат по пола саат е за нив наавистина незнам што да кажам.
Порано бев точен,но сега кога видов дека стално ми касни и јас доаѓам покасно,тоа е за девојка ми,но за другарите сум и пред време.
Јас не сум таа што доцни, другите не разбрале во кое време е договорот, и се пред време стигнати секогаш!
Секогаш во минутка сум прецизна. А се трудам и другите да ги воведам во ред. Најмногу од се мразам да чекам.
Ахх најголема маана ми е доцнењето Секогаш, било каде да одам доцнам 10 минути обавезно, а некогаш ми се случува и половина час да доцнам Многу ми е непријатно кога доцнам ама вродена маана ми е што да правам
епа зависит за каде одам.. за нашколо појќепати доцнам а за излагање за другде ретко ми се дешава да доцнам,само кога нема тахи или слично .