Обично секогаш сум готова 15 мин пред договореното време Ама се случува и да задоцнам ама кога доцнам тоа е 10-15мин најмногу..
Секогаш на време или некој минута порано. Ретко каснам - ако не ме застане некој комшија да ме пегла пола саат
за каснење и да не зборам,веќе другарките почнаа да ми кажуваат пола саат порано,па таква сум си,што да праам... А инаку мразам кога чекам
кога како зависи од тоа како сум расположена хаха некоаш може да каснам и пола саат а може и да дојдам 15 мин порано
Па не можам да се пофалам дека секогаш сум точна Ако завршам на време (се спремам целосно) и ако ми останат 10 минути вишок - е тогаш ќе се зафатам со некоја ситница и ќе закаснам! Како и да е двете другарки живеат поблиску до центарот, па така тие ме чекаат мене дури стигнам кај нив. Битно не чекаат надвор
Ретко кога доцнам и кога доцнам тоа се обично 5 минути максимум. Мразам некого да чекам и затоа не сакам мене да ме чекаат. Многу се нервирам кога некој доцни по 15 минути... Договор си е договор и мразам кога го менуваат во последен момент.
Секогаш порано стигам и секад чекам :geek: дури и со дечковците така хаха што да правам...навика...едноставно не сакам да каснам
Се трудам да не доцнам, ама некогаш буквално се борам со времето! 24 часа ми се малку во денот. Или доцнам или стигнувам ептен порано
Ама скоро секогаш доцнам, а многу е трагично што доцнам баш во битни моменти. Затоа пред полагање се договараме со другарките да се најдеме околу саат време порано, као да повториме нешто, ама јас и тогаш мора да задоцнам, за среќа, без последици. А инаку, ретко се случува да дојдам на време или пред време и тогаш ме тера некоја несреќа. Многу лоша особина ми е тоа, ама не можам да ја искоренам... ПОМОШ!
Не сакам да доцнат и често со другарките се расправам заради тоа така да и јас преферирам да се држам до истото да не доцна
Порано речеси секогаш бев 10 мин. порано. Ама навиките се сменија . Сега и да имам време за да бидам точна, ај серијата, ај компјутерот и кога ќе видиш стрелките се вртеле многу брзо и пак каснам . За да не испаднам безобразна ќе се јавам и ќе кажам дека ми испаднала некој работа и ќе задоцнам, а потоа ја кажувам вистината
хахахахаха се пронајдов во темава јас незнам зашто али колку и да почнам да се спремам порано пак на крај каснам, се ми искрснува во последен момент де заборавам нешто, ќе ми заѕвони некој... и секогаш си викам сега нема да каснам немај гајле и истата песна пак
Значи зборот "Доцнење" во мојот речник не постои! Барем од моја страна Секогаш сум спремна ЕДЕН саат пред договореното време. И одам 15 минути порано на договореното место Можам да почекам 5-10 мин. не ми смета... али доцнење пола саат од страна на тие што ги чекам не толерирам
Во друштвото сум позната како таа што секогаш доцни .Но што да правам колку и да се спремам порано секогаш доцнам
Многу ретко доцнам, а и во тие ретки случаи најмногу 5-10 мин. Мразам да чекам, но и не сакам да ме чекаат. Како што го почитувам времето на другите, така сакам и другите да стијат на договореното и да не доцнат.