Мразам кога ме чекаат, затоа не доцнам. Кога сме се договориле во толку часот, тогаш таму сум. Доколу се случи да задоцнам тогаш тоа е заради превозот, но најмногу до 5-10 мин. Имам другарка која постојано доцни, ама постојанооо. Од такт ме вади. Последниот пат кога ми доцнеше (беше прилично доста време) си фатив такси и си се вратив назад. Ми се јавува после некое време: Кај си? Кога и` кажав дека си се вратив се стаписа. Е од тогаш ниту еднаш не задоцнила, дури доаѓа и 5 минути порано.
На време си доаѓам секаде кај што сум се договорила не сакам да ме чекаат но ни јас не сакам да чекам.
не секогаш ама многу често.. и најлошо од се е што доцнам и за на училиште... имам 3-4неоправдани само заради тоа а и за излегување скоро секогаш, ретко сум таа што чека, а и мразам да чекам
Никогаш во животов немам задоцнето.ни во училиште,ни на факултет ,ни на работа.Дури и сум подранувала. И какво фајде од тоа
Се мразам за ова навистина, али секогаш, секогаш доцнам Секогаш останатите ме чекаат, и ужасно се чувствувам кога доцнам.. ама пак и мразам да чекам На време да е човек е најубаво
не бре, какво доцнење.. секогаш сум 10 мин пред закажаното време. колку и да се влечкам додека се спремам, јас пак сум порано
Значи постојано каснам,колку и да се трудам секогаш каснам минути.Ретко сум на време и мразм некого да чекам.