Често ми се случува да закаснам или нешто не сум направила на време или поради моите другарки кои се наоѓаат во моето маоло заради нив ми се случува да закаснам 15 - 20 минути , но ме нервираат луѓе кои постојано каснат
Мајка ми уште од мала ме учеше да не доцнам и од тогаш се навикнав така и до ден денес не каснам никаде. Нормално дека имам закаснато, ама многу ретко, а мразам кога некој секогаш ама баш СЕКОГАШ и каде и да оди мора да доцни. Па не е тој/таа ѕвезда на вечерта или на случувањето. Па нели можат да се подготват порано за да не доцнат? И какво е тоа спремање со часови? Разбирам дека некогаш за свадба или нешто сл. ти треба повеќе време да се подготвиш, ама да доцниш секогаш не е во ред. И јас самата се нервирам кога некаде доцнам. И мразам да чекам некого.
Не сум доцнела никогаш до сега, имам добра организација. Ако знам дека треба да одам некаде однапред ќе се подготвам. Сакам работите да ми се на место и мислам дека една од причините зошто се доцни е поради барањето на ташната во купишта алишта кои седат на фотељата со денови...
Добро си го организирам времето и скоро секогаш сум готова на време и не доцнам. Но има и ситуации кога од оправдени причини можам да задоцнам малку, или пак ако ме фати инаетот.
јас доцнам најмалку 15 минути ќе брзам,брзам....ама нее бе брат! Ле јас мора да задоцнам..хах!А да чекам некого-ноу веј! Ќе чекам,ама мразам да чекам.Ако некогаш порано стигнам некаде то ти е некаде 1 или 5 минути порано.. Кога ќе доцнам ме бараат на мобилен одма иди-јас:Еве само шо не ги облеков патиките(а јас ни фармерките или нешто друго не ги облеков патиките велам) ~И ондак то~Миле Паника
Не,најмногу што сум задоцнила е можеби 5 минути или помалку,секогаш излегувам пред време и јас на крај чекам,ретко некој мене да ме чека
Мразам доцнење и мразам чекање Никогаш не доцнам,ми се случува и пред време да стигнам..доколку некој задоцни повеќе од 10 минути доволно е да ми го расипе расположението