Хахах секогаш ама баш секогаш доцнам единствено го фаќав автобусот само кога имаме родителска со мамичка или тато на време ама другарките ми велат дека сум професионалка за каснење нај малку доцнам по 10тина минути па тоа не е ништо некогаш и по час :\
Секогаш сум спремна на време. Ретко се случува да доцнам. Мразам да чекам и не сакам да ме чекаат. Доцнев само кога одев на школо
Многу ретко доцнам,скоро секогаш станувам и на време се спремам некогаш може и порано 5 минути да стасам,ама неможам да чекам некого,ме иритира тоа многу! и секогаш сум им рекла на другарки,немојте да касните,па ако треба во 7ипол да се чекаме јас им кажувам 7 и 20 и пак доаѓаат 7 и 40-45 и еднаш и се јавив и ја отерав упм и си отидов,па они господ ли се да ги чекам?
па, ми се случило некогаш да закаснам најмногу 10минути, инаку секогаш се трудам да стигнам на време бидејќи многу мразам кога луѓето каснат .
Па кога-како Некогаш доцнам ама најмногу 10-15 минути, а некогаш па сум предвреме таму и ќе си чекам 20-тина минути зашто и моите другарки секогаш си каснат
Никогаш не доцнам не да се фалам, ама секогаш стигам на време, и најмногу се нервирам кога чекам некој, ок луѓе сме секој еднаш може да задоцни од икс причини ама има луѓе кои се влечат ко желки и без потреба доцнат
Па, секогаш ама баш секогаш јас сум таа која последна стигнува со најмалку 10-15 минутки задоцнување... Имало и лутење, не дека не, ама што да правам.. не е до мене Ама за на работа, морам да се пофалам, никогаш не сум задоцнила, барем не досега, не смеам!
уф да и тоа ми е најголема маана ама секој пат пред да идеме негде дечкоми е кај мене и само вика по мене ајдеее не чекаат веке побрзај и се уше малце,уште малце коа ке видиш касниш саат време и он се напна што е и нормално и си почна една тактика ке се договори на пример во 9 а мене ми кажува душо во 8 мора таму да бидеме и да ви кажам право успева некако
Кога одам на училиште,на германски или англиски или на тренинг никогаш не доцнам.Ама кога излегуваме со друштвото знам да задоцнам ама тоа се 5-10 минути.Обично не сакам да доцнам никаде.