Јас скоро секогаш задоцнувам околу 15 минути но ме нервира другите кога дочнат и кога треба да ги чекам долго време
Никогаш не доцнам, секогаш сум на време...дури и 5 мин предвреме мразам да каснам, а и да чекам некој
Ај што доцнам океј е, ама што трчам секој ден по автобуси е лошо! Морам да си го поместам саатот неколку минути порано
Се случува да доцнам и до 15 минути, кога немам време да се спремам. Инаку онака често си доцнам по барем 5 минути...
обично доцнам 10 минути и дечкоми се нервира малку глупо ми е да чекам јас сама а а ко сум со некого ми е подруго
Скоро никогаш не каснам,а ако закаснам тоа е на 5минути...Кога се рекло дека во толку и толку треба да се излезе-тогаш ќе излезам! Каснењето многу ме нервира,ај сега сите да почнеме по 1час да касниме и што ќе биде со договорениот термин? - ништо! Договорот секогаш треба да се почитува.
Напротив.Јас сум таа што стигнува на време,а другите доцнат,со исклучок на партнерот.Потврдена хемиска реакција која постои меѓу нас,па затоа и сме заедно.Убавиниииииииии
Многу ама многу ретко доцнам...секогаш сакам кога се имам договорено со некој/а да биде точен/на како швајцарски часовник. А имам другарки што многу често ги чекам,ама веке отрапнав ...
Порано доцнев и многу ме опоменуваа и сфатив колку е нефер кон другиот што чека, сепак и неговото време е исто толку важно, а се потрудил да стигне. Да не зборам па ако надвор е -10 или +40C. Ова е мала работа, но сепак остава впечаток колку си одговорен и колку го почитуваш другиот.
Мразам кога некој доцни или пак јас доцнам Секогаш пристигнувам на време, ептен ретко се случувало да задоцнам, ама ако доцнам тоа е најмногу 5 минути
СЕКОГАШ ДОЦНАМ и дечко ми стално се нервира пред излегвење.. навика ми е незнам зошто, гледам да сум на време и посоледната минута се нешто ми фали и треба да го барам
Порано почесто ми се случуваше,сега гледам да сум точна.на дечко ми часовникот секогаш е 10минути понапред греота е да чека на ова ладно време.