Сакам да сум точна на време, уште поубаво некоја минута порано. Кога ќе се организирам убаво не доцнам. Мразам кога доцнам ама се случува..се чувствувам неорганизирано, избрзано и целиот ден ги барам тие 5 10 минути. Оваа година си поставив цел, помалку доцнење..до сега успева..ке видиме понатаму.
Многу мразам да доцнам. Не сакам да ме чекаат, не сакам да доцнам на предавања- оној момент кога професорите предаваат, а јас прекинувам многу е незгоден.
Речиси секогаш Единствено на работа стигнувам на време, ама и тоа е во последната минута. Страшна сум! Ама ќе мора да се најде некое решение, колку толку да се поправам
Никогаш не доцнам никаде,добро се организирам и гледам да бидам 5м порано од договореното НЕЛИ за непланирана раб во 5 до 12 .. Доцнењето постојано од некој личности ми менува мислење за нив ....
Јас секогаш како по обичај каснам барем по 5-10 мин. Секогаш ми недостигаат тие минути за да се доспремам или ќе тргнам мобилниот ќе го заборавам па ајде врати се, па после мора да возам брзо за да не каснам многу многу ... а и мене лично тоа ми смета, баш сакам да сум точна на време, мразам да ме чекаат или јас да чекам...ама ете незнам.. лоша навика
Секогаш се трудам да не доцнам на договорени состаоци!!! Најмногу мразам кога некој доцни!!! Пет минути некако толерирам, но се над тоа ми ствара нервоза и го сметам за непочитување!!! Нормално некогаш се случува непланирано да се доцни, но нели живееме во време на голем развој на телекомуникации, па сметам дека ако веќе мора да се задоцни на договореното место треба да се извести тој што не чека!!!
Ретко ми се слудува да задоцнам. Но, само ако се заборавам со некоја работа (како сонот наутро за училиште). Понекогаш пак, од страв да не задоцнам доаѓам подоцна. Но тоа се многу ретки случаи
Порано доцнев секогаш! Ама буквално секогаш и секаде. Сега сум скоро секогаш на време или стигнувам порано. Пораснав
Јас,ама баш секогаш доцнам .Каде и да одам,се мене ме чекаат.Кога јас чекам некого тогаш најмногу се нервирам,а можам да замислам како тие се чувствуваат чекајки ме половина час
Јас од корен сум сменета,полека фаќам. Порано немаше шанси јас некаде да задоцнам,значи на време доаѓав или пак ептен порано. Сега се во последен момент,или времето убрзува или јас успорувам. Почнав да доцнам,којзнае кога сум дошла порано некаде. Нц,нц.
Скоро секогаш А мразам да чекам некој друг, и знам дека не е убаво, ама ете од пуста мрза, не ми се тргнува од дома