Колку и да гледам да стигнам на време, и да се спремам 15 мин. порано, јас ColoursOfTheRainbow да не се викам ако не задоцнам 5 мин. Секогаааш доцнам по 5 мин.
Буквално секогаш доцнам, оваа навика воопшто не ми се допаѓа... Ама што да правам, колку и порано да почнам со спремање секогаш заглавувам.. Малер бе .. малер !
It's better to arrive late than to arrive ugly! животно мото ми е хаха обавезно ама обавезно доцнам нема ден место време средба настан на кој што сум била точна. А тоа што мрзам да чекам други, друга приказна....
Доцнам доволно за да ми избега автобусот или доволно за да трчам по него. Најчесто доцнам по 2-3 минути ама тоа не е ништо, освен во случајов со автобусов.
Речиси никогаш не доцнам. Многу мразам доцнење. На пример, порано имав една другарка. Секогаш кога требаше да излегуваме (бидејќи таа живее поблиску до паркот) јас ја чекав. И тоа по пола час. Многу, многу досада работа. А кога ќе стигнеше, јас ќе и кажев дека доцни пола час, а таа или ќе кажеше дека задоцнила само 3 минути или пак ќе кажа „голема работа“. Понекогаш мислам дека намерно така правеше. Но тоа не може да биде докажано. Добро, малку побегнав од темата. Велам, ако сте се договориле да се сретнете во одредено време, тогаш треба да сте таму во тоа време. Не е во ред некој да ве чека а вие да се влечкате. Мене многу, многу ретко ми се случува да задоцнам некаде и тоа најмногу 5 минути. И тоа само ако настане некоја збрка.
Обично не доцнам повеќе од 5 мин.(а не секогаш,некогаш дури и порано сум) и тоа е поради што ме мрзи да тргнам од дома,си викам ај уште малце,а спремна сум
Може да се каже дека секогаш доцнам но не по многу само 5 - 10 мин. но некогаш сум и меѓу последните што дошле но тоа ретко се случува и е мој успех . Единствено за што не доцнам се тренинзите затоа што ја сакам кошарката и само поради неа и правам исклучоци .
Никогаш не доцнам, дури некогаш сум пола саат може и во некои случаеви и повеќе од пола саат предвреме дојдена
Секогаш мислам дека ќе задоцнам и кога ќе излезам гледам дека тој со кого што треба да се чекам задоцнил. И секогаш така... за џабе брзање ко коњ и после испаѓа ја да си чекам како будала. Инаку ми се случило и мене да ме чекаат ама ретко и тоа 2-3 мин.