Секогаш доцнам по 10 минути, ретко кога ќе дојдам на време а па да не збориме да предвреме И да истакнам дека кога сум на училиште редовно доаѓам 2-3 минутки после професорите, веќе ме научиашто сорта сум.
Буквално доцнам секогаш а на училиште сите неоправдани ми се од каснење иако на училиште одиме само 2ра смена и кога некогаш ке мми се згреши да отидам порано на училиште на професорите им е чудно и секогаш велат ***** денес ке врне а кога доцни некој првите 5 мин сум стрплива после си ги кинам живците
Не доцнам ако стварно сакам да одам на тоа место, а ако не ми се допаѓа можам да подзадоцнам Во суштина не доцнам се трудам да бидам на време каде што треба да одам.
Уф како помала секогаш доцнев,незгодно ми стана после некое време секогаш мене да ме чекаат,ама сега сум си на време,а јас да чекам многу мразам..
Јас не доцнам другите доаѓаат порано. Се шегувам секако. Немам таков обичај да доцнам обично кога треба да одам некаде си станувам многу порано јадам, си ја средам собата, се мијам облекувам и одам. Ме нервира кога некој ми рече таму сум за 5 минути а го нема цел саат.
Не секогаш ама во 95% од случаите доцнам, другите 5% стигнувам во последен момент, никогаш не чекам. Воопшто не се гордеам со таа навика и се трудам да стигам навреме, но секогаш нешто ме попречува. Во последно време почесто стигнувам навреме, па се надевам доцнењето пополека ќе замине во минатото