Најчесто јас чекам. Доаѓам пред време, другите подоцна, така да чекам малку повеќе. Но, тоа никогаш не ми е било проблем. Не сакам мене да ме чекаат.
Мразам да ме чекаат и секогаш сум пред време. Мразам и кога чекам, па културни 10 мин. чекам и си заминувам, освен ако личноста која што ја чекам нема дебела причина за доцнење.
Секогаш доцнам но не по моја вина.Секогаш ама баш секогаш мајками мора да ми најде работа пред да излезам, де свари кафе чекај ѓубре да ти спремам значи само што ќе види дека се фаќам за чевларникот да земам патики и слично одма ај прво кафе вари
Секогаш ја ги чекам,ретко кога доцнам.Најчесто чекам околу 15 минути и одма си одам,ич немам живци да чекам некого.
Секогаш ме чекаат независно дали 5 мин или цел саат ако не е за брзање работата. Имам една другарка 5 саати се шминка и облекува за пред искачање, па мразам да ја чекам и кога и дофрлам дека многу време ја чекам, ете ти ја мајка и "а она нели те чека секогаш тебе" ? ццц. А најмногу мразам кога треба во точно определен час да сме таму пример концерт, роденден, претстава, а некој да ми касни, е тогаш ќе се изнервирам до даска.
Секогаш доцнам и кога ке стигнам сите од друштвото ми викат ..Многу ретко ке се случи јас да чекам и најмногу мразам .Значи такво било чувството
За на училиште никогаш не доцнам. За изглегување скоро секогаш доцнам, но и другарките ми се такви па секако не отидам многу касно.
Порано, секогаш бев прва и ги чекав... Еднаш се изнервирав, ми пукна филмот, и сега е обратно, они мене ме чекаат
Ми се случило мене, вам, општо секому некогаш да се случи нешто непредвидено и да задоцни таму каде што треба да биде и тоа е во ред се додека другата страна е на време известена дека ќе се доцни и секако причината за тоа е оправдана. Мојот поранешен дечко со кого се разделив скоро да речеме, а бев во врска едвај 2 месеци буквално постојано доцнеше, на секоја наша средба. Во 2 месеци дечкото едвај 2/3 дојде на време. Му речам 6 тој доаѓа во 6 и 10, му речам 8 доаѓа 8 и 15. Последниот пат му реков 8 дечкото едвај се довлечка до 08:12 минути. Мислам која неодговорност, и тоа беше една од причините за нашата разделба. И после доцнењето од неколку минути, кои во никој случај не се за потценување тој доаѓаше насмеан од уво до уво и ниту извинување ниту ништо. А да напоменам дека причините за доцнење беа тотални глупости сретнал некој на улица, го задржале во продавница незнам што, глупости. Ми се случило да задоцнам но не повеќе од 5 минути и кога веќе забележувам дека доцнам секако забрзувам за пак да бидам на време.